Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.376
- Поени од реакции
- 5.011
Се мислам дали да ти реплицирам или не.Значи откако верувам се уверивме дека бројот на животни бил драстично помал од 2 милиони, да продолжиме со математиката.
Димензиите на бродот изнесувале 300х50х30 лакти (Битие 6:15) што приближно изнесува 137х23х13.7 метри, така што волуменот изнесувал приближно 43.200 метри кубни. За споредба, ова е еквивалентно на волуменот на 522 стандардни друмски возила за превоз на стока, од кои секое може да собере 240 овци.
Ако животните биле чувани во кафези со средна големина од 50х50х30 см (некои биле многу поголеми, некои помали), односно 75.000 см кубни, 16.000 животни би пополниле само 1.200 метри кубни, или 14.4 од споменатите возила. Дури и ако милиони видови инсекти биле во бродот, тоа не би претставувало проблем, бидејќи тие бараат мал простор. Ако секој пар се чувал во кафез во форма на коцка со страни од 10 см, односно со волумен од 1.000 см кубни, сите тие видови инсекти би зазеле простор со вкупен волумен од само 1.000 метри кубни, или дополнителни 12 возила. Ова би оставило слободен простор за пет композиции со по 99 возила за храна, за семејството на Ное и за движење на животните, како и простор за слободен воздух (што не значи дека Ное не направил некој систем за вентилација).
Меѓутоа инсектите не се опфатени со хебрејското значење на зборот "бехемах" (животно, добиток) или "ремес" (влечуги), така што Ное веројатно воопшто и не ги внел на бродот како патници.
Списокот на вкупниот волумен е сосема доволен, бидејќи покажува дека имало доволно простор на бродот за животни, како и за храна и за движење. Би било можно врз кафезите со животни (или до нив) да се постават кафезите со храна )за да се редуцира растојанието на кое требало да се разнесува храната од страна на луѓето), со што дополнително би се зголемил расположливиот простор на бродот и би се добил голем меѓупростор за циркулација на воздухот. Сепак станува збор за ситуација за спасување, а не за луксузно сместување.
Ај...
Како прво, не можам да поверувам (си мислам дека се зафркаваш со текстов) дека некој се уште верува во таа прикаска.
Како второ, да почниме со твојата прикаска, да ја дебанкираме по незнам кој пат.
Самото собирање на сите животни на едно место е неверојатно тешко, ако не и невозможно.
Уште поневозможно е нивното заедничко престојување на еден брод. Едноставно ќе се изедат меѓу себе.
Потоа, ептен невозможно е сите тие животни да останат на едно исто место во затворен простор.
Потоа, за да преживеат треба да се хранат. Фрижидери, конзерви и остали глупости во тоа време немало. Како ги прехраниле?
Понатаму, да се направи толку голем брод од дрво е невозможно.
Уште поневозможно е структурата на бродот да ја издржи сета таа тежина.
Одиме понатаму, управувањето на бродот е со помош на што? Бродот имал каков погон?
И безброј други неможни работи, нелогични и што е најважно непотврдени работи, нешта за кои не постои никаков доказ.