Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Имаш чувство дека некогаш треба да прекинеш?
Зошто беспотребно се бламираш?
Информацијата може да биде пренесена на милиони начини, во милиони облици.
Се обложувам и дека појма немап што е тоа 256 битна енкрипција.



Само еден пример како информацијата може да биде пренесена.

Без бламирање со бинарни системи или сл.
Да до тука и крај, очигледно си тврдоглав бајаѓи така да нема потреба веќе.
Штом не сваќаш една ваква проста работа нема што да се замарам веќе.

--- надополнето ---

Па мислам дека никој нема појма за што зборуваш, нафрлаш секвенци, суперкопјутери, бинарни кодови, господ..... Се е каша попара.
Анализата на ДНК покажа дека разликата помеѓу луѓето и шимпанзите е 0,4% а сличноста 99,6% ако се споредат низа по низа нуклеотидите се разликуваат од човек до горила 1,7% од човек до орангутан 3,3% од човек до гибон 4,3%... а до лемурите 22%. Колку повеќе се разликува толку ни е подалечна сродноста. За да стани појасен процентот, ДНК разликата на човек и шимпанзо е помала од ДНК разлика Коњ - Магаре или глушец - стаорец или кокошка - мисирка. Значи поблиски сме сродствено со шимпанзите отколку тие толку слични животни меѓусебе.
Прегледај го ова.

http://www.signatureinthecell.com/
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
DBACK и nikola.b, ако поседувате икакви книги со содржини од геологија, прочитајте што значи "камбриска експлозија", па потоа навратете да ја продолжиме дискусијата.
Каква дискусија ќе има ако јас/ние зборуваме за Камбриска експлозија за која сме читале од научна книга, а ти си ја читал прераскажаната верзија од некоја креационистичка книга?
Можеби ќе сакаш да збориме за филогенетски техники или можеби за трилобит?

Очигледно суштинскиот недоглед на непознавањето е учењето од клипови. Што има да се замара човек да сфати нешто со денови, кога може да е сервира во клип од 3-4 минути.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Науката оди напред секој ден, од времето на Ѓордано Буно кого црквата го спали жив па до денес кога објаснува како настана живот и вселена.
Црквата се уште си остана на времето кога палеше затвараше и протеруваше секој кој мисли и зборува поинаку. Само што сега нема законски начин за легална ликвидација на “непослушните“
Инаку не видов како тоа христијанството го докажува тврдењето дека Бог е креатор на се??
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Библијата никаде не спомнува дека Ное сместил милиони единки во арката. Тоа се твои зборови, а не зборови на Библијата. Затоа апсурдно е да бараш христијаните да ти одговорат на тоа прашање.

Библијата вели дека сиот жив свет освен оној во арката бил уништен - збришан од потопот! А денес постојат околу два милиони видови на животни! (познати, инаку најверојатно има и видови кој не се ни одкриени уште):toe: Што значи дека сите тие потекнуваат од паровите кој биле во арката. Кога ќе се прсмета волуменот на арката, со бројот на единки, излегува дека секое животно добива просечно по 1,9 цм кубни простор.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Библијата вели дека сиот жив свет освен оној во арката бил уништен - збришан од потопот! А денес постојат околу два милиони видови на животни! (познати, инаку најверојатно има и видови кој не се ни одкриени уште):toe: Што значи дека сите тие потекнуваат од паровите кој биле во арката. Кога ќе се прсмета волуменот на арката, со бројот на единки, излегува дека секое животно добива просечно по 1,9 цм кубни простор.
Можеби арката бла како мини морис, од надвор изгледала мала и тесна а внатре ко ќе влезиш пространа и комотна?
А кој е доказот дека Бог го создал светот?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Очигледно суштинскиот недоглед на непознавањето е учењето од клипови. Што има да се замара човек да сфати нешто со денови, кога може да е сервира во клип од 3-4 минути.
хахахх колку ми треба толку знам, да ми требаше повеќе повеќе ќе знаев,
Биди сигурен у тоа, иначе ставам клипови за да не се замарам цел ден да објаснувам проста работа која испаѓа дека јас ја измислив.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Геолошкиот наод, како и фосилите, е катастрофален за хипотезата на Дарвин. Геолошките слоеви на земјата потврдија дека животот настанал симултано наеднаш, а не како што тврдеа измислените "геолошки таблици" на еволуционистите. Имено, и во најплитките и во најдлабоките геолошки слоеви се наоѓаа фосили од сите организми, и од најпростите, и од најсложените, а не како што еволуционистите очекуваа дека е најдат во подлабоките слоеви попрости организми, а во поплитките посложени!Дали си чул за Камбриската експлозија?
Земјината кора е тектонски активна, токму затоа на некои врвови од планините има фосили на морски животни! Тектонските плочи постојано се движат, спуштаат и подигаат!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Можеби арката бла како мини морис, од надвор изгледала мала и тесна а внатре ко ќе влезиш пространа и комотна?
А кој е доказот дека Бог го создал светот?
Освен ако некој не го видел како го ствара директен доказ нема.
Ако сакаш индиректни докази тогаш може да се прави муабет.
Само кој е Бог прво треба да се образложи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Освен ако некој не го видел како го ствара директен доказ нема.
Ако сакаш индиректни докази тогаш може да се прави муабет.
Само кој е Бог прво треба да се образложи.
Дај индиректни.
Дај доказ па макар и индиректен дека некоја свесна сила во некој момент го создала вселената, светот и животот
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дај индиректни.
Дај доказ па макар и индиректен дека некоја свесна сила во некој момент го создала вселената, светот и животот
Ако не те мрзи, ислушај ги овие 45 минути, ова е најочигледниот индиректен доказ:
1.2.3.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библијата вели дека сиот жив свет освен оној во арката бил уништен - збришан од потопот!
Сакаш да кажеш дека и рибите биле уништени со потопот? :) Прв пат слушам некој да удави риба во вода.

А денес постојат околу два милиони видови на животни! (познати, инаку најверојатно има и видови кој не се ни одкриени уште):toe: Што значи дека сите тие потекнуваат од паровите кој биле во арката.
Поделбата на животните на видови е различна кај различни биолози порано и сега. Кучињата, волците, којотите и чакалите денес се сметаат за различни видови, но не знаеме со сигурност дали и во Ноевото време тие биле сметани за различен вид. Бидејќи тие можат да се вкрстуваат, можно е да поттекнуваат од еден заеднички вид куче. Сите различни видови домашни говеда поттекнуваат од европскиот бизон. Да појаснам, тука не збориме за еволуција, туку за варијации во рамките на видовите.
Современите зоолози имаат тенденција да ги делат животните на што е можно повеќе видови и подвидови со цел да ги полнат животинските атласи и зоолошки градини. Но порано не биле до толку "деталисти". Тоа што денес со вкрстување на животните од ист вид може да се добие еден широк вариетет на животни, не значи дека секој од нив е различен вид според библиската терминологија на зборот "вид".
Значи бројот на видовите бил далеку помал од 2 милиони согласно денешната поделба на животните.
Понатаму, ако од редуцираниот број се одземат илјадниците водни животни кои не морале да влезат во бродот, се добива уште помал број. (Растенијата исто така немало потреба да влегуваат, затоа што тие можеле да преживеат, било како растенија, било како семиња)
Бактериите и инсектите исто така не спаѓаат во библиската дефиниција на животни (на хебрејски "бехемах") кои Ное морал да ги земе во бродот. Едноставно дел од нив го преживеале потопот заробени во мршата, во растенијата, во самите животни кои Ное ги земал внатре и сл. Со ова бројот на видови што Ное морал да ги прибере во бродот уште подрастично се намалува.

Кога ќе се прсмета волуменот на арката, со бројот на единки, излегува дека секое животно добива просечно по 1,9 цм кубни простор.
Значи откако верувам се уверивме дека бројот на животни бил драстично помал од 2 милиони, да продолжиме со математиката.
Димензиите на бродот изнесувале 300х50х30 лакти (Битие 6:15) што приближно изнесува 137х23х13.7 метри, така што волуменот изнесувал приближно 43.200 метри кубни. За споредба, ова е еквивалентно на волуменот на 522 стандардни друмски возила за превоз на стока, од кои секое може да собере 240 овци.
Ако животните биле чувани во кафези со средна големина од 50х50х30 см (некои биле многу поголеми, некои помали), односно 75.000 см кубни, 16.000 животни би пополниле само 1.200 метри кубни, или 14.4 од споменатите возила. Дури и ако милиони видови инсекти биле во бродот, тоа не би претставувало проблем, бидејќи тие бараат мал простор. Ако секој пар се чувал во кафез во форма на коцка со страни од 10 см, односно со волумен од 1.000 см кубни, сите тие видови инсекти би зазеле простор со вкупен волумен од само 1.000 метри кубни, или дополнителни 12 возила. Ова би оставило слободен простор за пет композиции со по 99 возила за храна, за семејството на Ное и за движење на животните, како и простор за слободен воздух (што не значи дека Ное не направил некој систем за вентилација).
Меѓутоа инсектите не се опфатени со хебрејското значење на зборот "бехемах" (животно, добиток) или "ремес" (влечуги), така што Ное веројатно воопшто и не ги внел на бродот како патници.

Списокот на вкупниот волумен е сосема доволен, бидејќи покажува дека имало доволно простор на бродот за животни, како и за храна и за движење. Би било можно врз кафезите со животни (или до нив) да се постават кафезите со храна )за да се редуцира растојанието на кое требало да се разнесува храната од страна на луѓето), со што дополнително би се зголемил расположливиот простор на бродот и би се добил голем меѓупростор за циркулација на воздухот. Сепак станува збор за ситуација за спасување, а не за луксузно сместување.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
^
Хахаха.. А изметот каде одел? Или животните се воздржувале за време на Потопот?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ако не те мрзи, ислушај ги овие 45 минути, ова е најочигледниот индиректен доказ:
1.2.3.
Kvantnata mehanika ima mnogu sto da kaze :)
“All matter originates and exists only by virtue of a force... We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind. This Mind is the matrix of all matter.” - Max Planck
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Да до тука и крај, очигледно си тврдоглав бајаѓи така да нема потреба веќе.
Штом не сваќаш една ваква проста работа нема што да се замарам веќе.
Ти брат, си скроз заминат.
Којзнае што ти се врти во тоа главата.
Еднаш почна да викаш дека човекот го нема откриено генетскиот код, потоа почна да спомнуваш бинарен систем, (кој знае што си мислил ако воопшто си мислел), па дека за откривање на кодот биле потребни суперкомпјутери, а сега не те ни сфатив што сакаш да кажеш.
Еднаш ја негираш науката, еднаш ја поддржуваш, а бе кој знае што ти се случува.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ти брат, си скроз заминат.
Којзнае што ти се врти во тоа главата.
Еднаш почна да викаш дека човекот го нема откриено генетскиот код, потоа почна да спомнуваш бинарен систем, (кој знае што си мислил ако воопшто си мислел), па дека за откривање на кодот биле потребни суперкомпјутери, а сега не те ни сфатив што сакаш да кажеш.
Еднаш ја негираш науката, еднаш ја поддржуваш, а бе кој знае што ти се случува.
Хахахах добар си, скроз заминат.
Ете тоа е проблемот, тука ти е ограничувањето.
И на коњ да му кажеш дека има и лево и десно од него нешто он нема да верува.
Кога ќе се видиш од сите можни страни тогаш ќе знаеш.
Сепак птичја перспектива ти препоручуем.
И не Планк, шамани од Амазон ако треба и се што постои на овој свет ќе искористам за да дојдам до вистината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom