Креационизам наспроти еволуционизам

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе кој ја оспоруе еволуцијата , повеке од очигледна е кај микроорганизмите на пр.
Проблем е настанокот на животот , човекот и квантните скокови во еволуцијата

--- надополнето ---


Многу наивно објаснување.
Кажав кој ја оспорува, - оние кој веруваат во Адам и Ева! :pos2: А ако ти мислиш дека ова е наивно објаснување, тогаш како да го дефинирам објаснувањето дека нафтата била минерал?!
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Тоа си е ваша работа , јас не сум ни креационист ни еволуционист.
Со тоа што креаторот(креаторите) би рекол дека се многу напредна цивилизација или пак ние вратени од иднината(хахах се шалам) .
Јас би рекол дека сум двете(или помегу двете).
Мене лично ме интересира вистината ,од кој извор не е важно.

Потопот постои запишан и кај маите , така да не се само обични митови-легенди..
Не се само Евреите, Маите и Кинезите. И во античка Грција е спомнат потоп и кај германските племиња... Интересно е што периодот на неговото случување не се поклопува насекаде. Ако одиме со шпекулации, тоа можело да биде и некоја огромна бура со катастрофални последици (нешто слично со тоа што им се случи на Палестинците). Ако пак потопот се гледа како некоја метафора, тогаш дефинитивно е чистење од нешто лошо. Мислам дека и оригиналната идеја за потопот во Библијата е токму тоа иако некои ја сфаќаат здраво за готово и тврдат дека навистина се случило. :toe:

Во тој случај не би имало конфликт со еволуцијата, обично само монотеистичките религии ја негираат еволуцијата! Од друга страна еволуцијата не тврди како настанал животот како појава (првиот жив организам), туку како од него еволуирале останатите!
Токму така, еволуцијата нема никаква врска со прапочетокот. Со тоа се занимава абиогенезата и теоријата за светот на RNA. Не ми е јасно зошто уште се настојува со тоа еволуцијата и абиогенезата да се гледаат како една целина...
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Кажав кој ја оспорува, - оние кој веруваат во Адам и Ева! :pos2: А ако ти мислиш дека ова е наивно објаснување, тогаш како да го дефинирам објаснувањето дека нафтата била минерал?!
За беља немам појма од органска хемија , не тврдам ништо пред време ама .... ке правиме муабет
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Јас лично мислам дека и глобалното затоплување е дел од цикличен процес. По него ќе следува глобално заладување, па повторно затоплување итн. Денешните верзии за тоа како настанува глобалното затоплување што ги има по медиумите не се баш за верување оти некои поединци се обидуваат да направат глобална паника за да можат да профитираат...
Абре какво глобално затоплување какви макрачи.Остај шо профитираат туку и ја плашат рајата и ја држат во константен страв ...:ija:
И да има затоплување или замрзнување тоа ке биде мнооогу подоцна а ние нема да го видиме тоа сигурно.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ако пак потопот се гледа како некоја метафора, тогаш дефинитивно е чистење од нешто лошо. Мислам дека и оригиналната идеја за потопот во Библијата е токму тоа иако некои ја сфаќаат здраво за готово и тврдат дека навистина се случило. :toe:
Тогаш во интерес на вистината да пишуваме а не во интерес на теоријата на еволуцијата ил пак креационизмот.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
А како ги објаснуваш помрачувањето на Сонцето и на Месечината? Или само Месечината се врти околу Земјата?
Остај :) , не си у тек со муабетот што беше со добро познатиот.
Муабетот ми беше да му докажам дека нема апсолутна вистина.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Здраво на сите.
Бидејќи се појавија многу прашања, а некои од нас (најмногу за себе зборам) немаат време подробно да ги објаснуваат одговорите, предлагам да направиме една јавна дебата во живо, на тема Креационизам vs. Еволуција (или пак нешто околу потопот ако сакате). Јас се пријавувам како претставник на креационистите, а некој од еволуционистите (Filmakedon?, Ipsissimus?) може да се пријави како претставник од еволуционистите.

Првите 50тина мунити би дебатирале само претставниците (13мин вовед, 7мин прва реплика, 4мин втора реплика и 2мин завршен збор). Потоа би следела 10мин пауза. По паузата би следела групна дебата (од 50мин) каде што секој од учесниците може да добие збор од 2мин, да даде коментар или да постави прашање до некој од претставниците.
Ова веќе сме го правеле (30 христијани и 20-30 атеисти) во Христијанскиот центар во Скопје (Дебар Маало) и супер си поминавме. Имавме прекрасна дискусија и добро дружење. Дебатата беше навистина на ниво и професионално изведена. Еве линк од фејсбук настанот на дебатата: ДЕБАТА: Дали постои Бог?

Ако се нафати некој од еволуционистите да биде претставник и да учествува во дебатата, истата ќе се случи. Тоа ќе биде и супер прилика да се запознаеме лично. Можеме да направиме и фејсбук настан. Јас не можам следниве два викенди и најдобро ми одговара на 17 септември (петок) околу 20:00. Но секако дека сум флексибилен.
Има ли заинтересирани?

Модераторе, прости за оф-топиков, но го пишав ова овде, затоа што и овде се разврза дискусијава и затоа овде сакав да ја пишам оваа понуда, затоа што предлог дебатата е на соодветната тема (креационизам vs. еволуција). Но доколку сметаш дека сум оф-топик со ова, тогаш слободно префрли го коментаров во соодветна тема, или пак отвори нова тема (Дебата во живо) и стави го таму. Благодарам.
Поздрав!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јас со задоволство би ја следел дебатата. Може и да улетам со прашање.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Модераторе, прости за оф-топиков, но го пишав ова овде, затоа што и овде се разврза дискусијава и затоа овде сакав да ја пишам оваа понуда, затоа што предлог дебатата е на соодветната тема (креационизам vs. еволуција). Но доколку сметаш дека сум оф-топик со ова, тогаш слободно префрли го коментаров во соодветна тема, или пак отвори нова тема (Дебата во живо) и стави го таму. Благодарам.
Поздрав!
A зошто му се обраќаш на модераторот а не му се помолиш на господа темата да не ти е оф топик?
Зарем модераторот е над бога?
Ако бог смета дека темата која ја пишеш за Него е во ред тој во својата милост ќе прати ангел да ја чува од бришење.
Се тврдите Бог семоќен бог ова може бог она може ... а ко ќе се разболи верник трча кај доктор не седи дома да со библија и молитви помине слепо црево или загноено грло, ако некој му влегува со сила дома вика полиција не клелкнува и го моли бога да го усмрти натрапникот со гром, ако му бришат тема му се обраќа на модератор не го вика бог да му ја чува и брани темата, ако нема притисок во чешмата му се обраќа на водовод, ако му се ладни радијаторите му се жали на топлификација, ако почне да му се расипува и боли заб не бара од бога да му го поправи и пломбира туку оди на забар........

За сите свои маки и проблеми си наоѓа овде на земјата луѓе и институции кои может да му помогнат повеќе и побрзо од дедо Боже
 
Член од
22 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
5
Мало надоврзување на OffTopic-от на Чорбаџија: Тоа би било интересен настан, за мене конкретно најмногу од гледна точка на дружење и запознавање, а и размена на идеи (секогаш се чувствувам попаметен после дружење и дебатирање со интелектуалци, и така се чувствувам се додека првиот сериозен логички предизвик не ме врати во реалноста! :icon_mrgr )
Од гледна точка на докажување нешто на некого... џабе би се собирале. :) Колку што нешто докажавме овде - толку ќе докажеме и таму.
Толку со OffTopic-от, и истата молба до модераторот што ја изнесе Чорбаџи.

Во детална расправа на оваа тема нема да се вклучам, пред се затоа што не сум нити креационист, ниту еволуционист. Стојам на ставот кој го изнесов на една друга слична тема дека оваа расправа е во добар дел мешање на „баби и жаби“. Смислата на Верата не е во докажување на научни факти. Смислата на Науката не е во склоност кон верување во една или друга теорија.
Како што веќе некој напиша, ниту побивањето на еволуционистичките теории го докажува постоењето на Бог, ниту нивното докажување го негира. И сметам дека претерувате, и едните и другите со навлегување во детали (брзината на Земјиното ротирање, ситните промени во магнетното поле, бројки и датуми од пред 2-3000 години пренесени преку митови). Немам намера никого да навредам, напротив... самиот факт што на темата дебатираат само неколку луѓе е доказ (еден од доказите) дека дебатата се одвива на интелектуално ниво кое го обесхрабрува мнозинството да се вклучи, колку и да е заинтересирано.
Но сетоа ова навлегување во детали ми личи на расправата на тема „Колку Ангели можат да застанат на врв од игла“ која ја воделе црковните великодостојници во Цариград... баш во времето кога Турците ги пробивале портите на градот. :)

Динамичен форумов, морам едит да правам и да се надоврзувам... :)

A зошто му се обраќаш на модераторот а не му се помолиш на господа темата да не ти е оф топик?
Зарем модераторот е над бога?
Ако бог смета дека темата која ја пишеш за Него е во ред тој во својата милост ќе прати ангел да ја чува од бришење.
Се тврдите Бог семоќен бог ова може бог она може ... а ко ќе се разболи верник трча кај доктор не седи дома да со библија и молитви помине слепо црево или загноено грло, ако некој му влегува со сила дома вика полиција не клелкнува и го моли бога да го усмрти натрапникот со гром, ако му бришат тема му се обраќа на модератор не го вика бог да му ја чува и брани темата, ако нема притисок во чешмата му се обраќа на водовод, ако му се ладни радијаторите му се жали на топлификација, ако почне да му се расипува и боли заб не бара од бога да му го поправи и пломбира туку оди на забар........

За сите свои маки и проблеми си наоѓа овде на земјата луѓе и институции кои может да му помогнат повеќе и побрзо од дедо Боже
Ммммда... иронијата е силно оружје, ги импресионира медиокритетите.
Let 3, не знам дали си чул, ама ние верниците не тврдиме дека сме во Рајот во моментов. Напротив. Се наоѓаме на место каде што мораме да го испотиме г*зот за да добиеме нешто. И не тврдиме дека семоќноста на Бог значи дека тој е наш слуга, спремен да го задоволи секој наш хир. Како го замислуваш ти нашето обраќање кон Бога? „Боже, ај ако сакаш те молам подај ми го кафето...“ ???
Пак тежок OffTopic, ама морав да одговорам, ќе проштевате.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Ммммда... иронијата е силно оружје, ги импресионира медиокритетите.
Let 3, не знам дали си чул, ама ние верниците не тврдиме дека сме во Рајот во моментов. Напротив. Се наоѓаме на место каде што мораме да го испотиме г*зот за да добиеме нешто. И не тврдиме дека семоќноста на Бог значи дека тој е наш слуга, спремен да го задоволи секој наш хир. Како го замислуваш ти нашето обраќање кон Бога? „Боже, ај ако сакаш те молам подај ми го кафето...“ ???
Пак тежок OffTopic, ама морав да одговорам, ќе проштевате.
Кога некој ќе ви постави прашање на кое не можете да одговорите тогаш е иронија, кога Исус рекол нешто а вие тоа свесно НЕ го исполнувате тогаш то е парабол (не било то кажано така како што кажал туку поинакво значење)
Јас не споменав кафе, споменав болести, опасности.
Верник кога скока од аввион отвара падобран или дур паѓа го моли бога да му пораснат криља или да не се повреди при пад?, верник болен од рак се подвргнуввва на науката и модерната медицина или се мије со света вода и пали свеќи? верник нападнат дома или на улица врти на телефон полиција или клекнува и моли бога да го одмине опасноста, верник чија куќа е во пламен моли бога за пороен дожд или се јавува во пожарна......
Значи пред бога си има секој верник многу поопиливи и посигурни средства да си помогне или се спаси. И попрво ја користи науката и нејзините достигнувања отколку млитвите и цитати од библијата.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
5
На кои прашања не можеме да одговориме? На твоиве е веќе одговорено, многу пати. Индиректно ти одговорив и јас, само што „индиректното“ очигледно не беше доволно.
Напишав: „Let 3, не знам дали си чул, ама ние верниците не тврдиме дека сме во Рајот во моментов. Напротив. Се наоѓаме на место каде што мораме да го испотиме г*зот за да добиеме нешто.“
Не тврдиме дека Бог ќе ни ги врши работите наместо нас, туку дека ќе помогне. Тоа се вика „сотрудништво“, или синергија. Не знам што си по професија, но да претпоставиме дека си инженер кој добил за задача да изработи некаков елаборат. Елаборатот си го работиш сам, но можеш од време на време за некои сегменти да побараш консултација и помош од претпоставениот. Кога елаборатот ќе биде завршен претпоставениот ќе го одобри и ќе го потврди со печат. Значи, ако не го одобри - џабе работата. Ако не си ја завршил работата - на што ќе стави печат?
Ако претпоставениот наместо тебе го заврши елаборатот и го одобри, а ти сепак ги задржиш заслугите, тогаш значи живееш во Рајот. :)

Ако сум болен секако дека ќе побарам медицинска помош И ќе се молам на Бога, и ќе се мијам со Света Вода, и ќе палам свеќи.
Ако скокнам од авион без падобран тогаш сум самоубиец. Ако скокнам и се молам да ми пораснат крила тогаш сум луд самоубиец. Искушувањето на Бога во Библијата е окарактеризирано како нешто што не треба да се прави, и за што обично следува казна.

Мислам дека се разбираме.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Креационисто, зошто имаат мажите гради со брадавици?
Ете бог му дал на мажот женски нефункционални органи.
го КРЕИРАЛ така.
Зошто? Што е поентата на маж да има женски органи кои немаат никаква функција. Кој е симболизмот на тоа? (освен да ставаат пирсинг)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom