Мало надоврзување на OffTopic-от на Чорбаџија: Тоа би било интересен настан, за мене конкретно најмногу од гледна точка на дружење и запознавање, а и размена на идеи (секогаш се чувствувам попаметен после дружење и дебатирање со интелектуалци, и така се чувствувам се додека првиот сериозен логички предизвик не ме врати во реалноста! :icon_mrgr )
Од гледна точка на докажување нешто на некого... џабе би се собирале.
Колку што нешто докажавме овде - толку ќе докажеме и таму.
Толку со OffTopic-от, и истата молба до модераторот што ја изнесе Чорбаџи.
Во детална расправа на оваа тема нема да се вклучам, пред се затоа што не сум нити креационист, ниту еволуционист. Стојам на ставот кој го изнесов на една друга слична тема дека оваа расправа е во добар дел мешање на „баби и жаби“. Смислата на Верата не е во докажување на научни факти. Смислата на Науката не е во склоност кон верување во една или друга теорија.
Како што веќе некој напиша, ниту побивањето на еволуционистичките теории го докажува постоењето на Бог, ниту нивното докажување го негира. И сметам дека претерувате, и едните и другите со навлегување во детали (брзината на Земјиното ротирање, ситните промени во магнетното поле, бројки и датуми од пред 2-3000 години пренесени преку митови). Немам намера никого да навредам, напротив... самиот факт што на темата дебатираат само неколку луѓе е доказ (еден од доказите) дека дебатата се одвива на интелектуално ниво кое го обесхрабрува мнозинството да се вклучи, колку и да е заинтересирано.
Но сетоа ова навлегување во детали ми личи на расправата на тема „Колку Ангели можат да застанат на врв од игла“ која ја воделе црковните великодостојници во Цариград... баш во времето кога Турците ги пробивале портите на градот.
Динамичен форумов, морам едит да правам и да се надоврзувам...
A зошто му се обраќаш на модераторот а не му се помолиш на господа темата да не ти е оф топик?
Зарем модераторот е над бога?
Ако бог смета дека темата која ја пишеш за Него е во ред тој во својата милост ќе прати ангел да ја чува од бришење.
Се тврдите Бог семоќен бог ова може бог она може ... а ко ќе се разболи верник трча кај доктор не седи дома да со библија и молитви помине слепо црево или загноено грло, ако некој му влегува со сила дома вика полиција не клелкнува и го моли бога да го усмрти натрапникот со гром, ако му бришат тема му се обраќа на модератор не го вика бог да му ја чува и брани темата, ако нема притисок во чешмата му се обраќа на водовод, ако му се ладни радијаторите му се жали на топлификација, ако почне да му се расипува и боли заб не бара од бога да му го поправи и пломбира туку оди на забар........
За сите свои маки и проблеми си наоѓа овде на земјата луѓе и институции кои может да му помогнат повеќе и побрзо од дедо Боже
Ммммда... иронијата е силно оружје, ги импресионира медиокритетите.
Let 3, не знам дали си чул, ама ние верниците не тврдиме дека сме во Рајот во моментов. Напротив. Се наоѓаме на место каде што мораме да го испотиме г*зот за да добиеме нешто. И не тврдиме дека семоќноста на Бог значи дека тој е наш слуга, спремен да го задоволи секој наш хир. Како го замислуваш ти нашето обраќање кон Бога? „Боже, ај ако сакаш те молам подај ми го кафето...“ ???
Пак тежок OffTopic, ама морав да одговорам, ќе проштевате.