Силата на магнетното поле на Земјата е константно цикличен процес на опаѓање и растење. Магнетните карпи на Земјата недвосмислено покажуваат траги од овие промени.
Дното на Атланскиот океан, создадено со бавното разделување на континентните плочи на Америка од една страна и Европа и Африка од друга страна, содржи линија на која се гледаат циклусите на промена на правецот на магнетното поле низ историјата. Немајќи објаснување за вака глобален доказ, креационистите тврдат дека некои други, непознати процеси се одговорни за овие траги; меѓутоа, ниту еден креационист до денес не успеал да смисли некој процес кој би можел да произведе промена на ориентација на кристалите во карпите истовремено на целата планета.
Во својата теорија за опаѓање на магнетното поле на Земјата, креационистите прават уште една значајна грешка тврдејќи дека опаѓањето е експоненцијално. Меѓутоа, трагите во карпите покажуваат линеарни промени во силата на магнетното поле, а директното мерење во текот на изминативе 150 години потврдува дека станува збор за линеарно распаѓање. Дури и ако ги игнорираме доказите за циклусите на магнетното поле, линеарното распаѓање ја дава староста на Земјата која е значително поголема од онаа која креационистите ја предлагаат.