Не постои „меѓу вид“. СЕКОЈА ЕБАНА ЕДИНКА НА ОВОЈ СВЕТ СПАЃА ВО НЕКОЈ ВИД. Провери по интернет. Најди едено единствено животно за кое биологијата вели дека е меѓу вид.
Секој вид кој во моментов постои на планетава е ВО МОМЕНТОВ најприлагоден на хабитатот во кој живее. Затоа и постои во таа форма во која во моментов е.
Јас стварно не разбирам зошто ова повторно го потегнуваш после платипусот. Мислам дека објаснувањето беше соволно. Не добив реакција, па сметав дека е затворен муабет.
Имам едно директно прашање. Ако дозволиш, се разира:
кое е твоето толкување за диверзитетот на животот на Земјата?
Љубовта го има исполнето секое катче, секоја животна средина од оваа планета со ЖИВОТ.
Сите животни се створени такви какви што се и прилагодени на условите во кои што живеат.
Проблемот со “меѓувидовите“ (како платипусот) ги има дарвиновата теорија.
Дарвин е тој што тврди дека животот настанал во водата па потоа преоѓал на копно и во воздух.
Според оваа теорија водоземците се меѓу вид на живот односно преносители на животот од вода на копно.
Според оваа теорија влекачите се меѓу вид на живот, преодна алка кон птиците и цицачите.
Според оваа теорија фоките и моржевите се меѓу вид на живот на цицачите со голема желба да се вратат на животот во водата...
Целата теорија и сам како што викаш не е за видови туку за меѓувидови. Секоја единка според тебе е меѓу вид.
Ниедно твое објаснување нема да биде доволно за да го промени моето мислење и верување. Не доби одговор бидејки нема поента.
Јас не пробувам никого овде да разубедам и да наметнам мое мислење. Јас едноставно си искажувам мои мислења и каде мене ми шкрипи логиката при поедноставувањето на работите околу настанокот на видовите.
Секој со свој памет и логика.