Не го повикувајте Бог, бидејќи го нема
09.11.2010
Бог, повеќе не ни е потребен во теориите за настанокот и еволуцијата на вселената, но и на нас самите, краток е заклучокот на најновата книга од Британскиот научник, Стивен Хокинг, со наслов “Големиот дизајн” (The Grand Design).
Стивен Хокинг
Тешко болниот научник, веќе со децении се наоѓа во страшни болки и речиси целосно е парализиран, но неговиот недопрен ум од болеста, досега изнел повеќе брилијантни научни постулати. Неговата нова книга “Големиот дизајн”, е претставена, а самиот автор, во неа ги коригира своите поранешни размислувања, претставени во научните трудови, а во јавноста познати во книгата “Кратка историја на времето”. Хокинг, тогаш ја приближил верата и науката, сугерирајќи како постоењето на Бог не е неспоиво со научните размислувања. Сега, се одлучил на сосема нова претпоставка, а сè втемелено на научни истражувања во изминатите десет години.
Крајно е време.
Не е потребно да се повикува Бог таму каде го нема, вели Хокинг. Големиот Биг Бенг е само последица на гравитациските делувања. Вселената “Нешто”, спонтано ќе се роди од “Ништо”. На новите ставови, го поттикнале истражувањата и откритијата на планетите и планетарните состави околу другите ѕвезди. Јасно е дека нашата планета не е сама во вселената, како и фактот дека постојат и други планетарни состави, а некои од планетите се наоѓаат во т.н. хабитабилни зони, кои овозможуваат создавање на живот, кој го познаваме и на Земјата. Вселената не е хаос, туку е простор – време – материја, создадена според законите на физиката. Постоењето на слични услови и облици на создавање, било каде во вселената, е јасен знак дека Земјата повторно мораме да ја оддалечиме” уште еден чекор” од своевидниот центар на вселената. Секој пат, кога во текот на историјата, сме имале потреба од факти, истражувања и теории, сме морале да го направиме тоа со доста мачнини. Сега, нас нè очекува ново мачно поглавје, во кое е јасно, дека Бог немал вмешано прсти во создавањето. Бог, не бил потребен за да се создаде нашата вселена и да еволуира во ваква каква што е сега!
Сигурно во вселената постојат многубројни цивилизации, но во овој момент, ние мораме да внимаваме да Не оствариме контакт со нив, заради нашата сигурност и заштита. Човештвото мора да се развива технолошки и социјално, за да биде подготвено за колонизирање на други светови. Едно од фазите на социјалните односи и однесување е илјада години на егзистирање и верување во Бог (какво и да има име во светските религии). , Според Хокинг, ние тоа ќе мора да го промениме за многу кратко време.
Без потреба од Бог, нашето општество ќе изгледа сосема поинаку, можеби најпосле ќе се спознаеме самите себе и ќе почнеме да се цениме повеќе, како и реалноста и вистината од (боговите), имагинациите и заблудите.
Извор