Крвникот Бреивик: Моите постапки се монструозни, но потребни

Статус
Затворена за нови мислења.

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674

Норвешкиот монструм Андерс бехрин Бреивик ја даде и првата изјава за јавноста преку својот адвокат. Кажал како верува дека неговите постапки се монструозни, но во неговата глава тие биле потреба, пренесува неговиот бранител Гир Липештад за норвешката телевизија ТВ2.

Липештад сепак не открил многу што се однесува на мотивите кои го натераа Бреивик да го стори масакрот на островот Утоја.

Бреивик ги мрази културолошките марксисти, сакал да покрене крстоносна војна против ширењето на исламот, го сакал оружјето и дигањето тегови, изјавиле неговите пријатели, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Бреивик дури и на Youtube поставил видео под називот „Knights Templar 2083“, но видеото е вчера тргнато. Во него се прикажани негови фотографии во нуркачко одело со автоматска пушка во раката како и со морнарско одело и пораки преку кои ја објаснува својата мисија.

„ Пред да почнеме со нашата крстоносна војна, мораме да го уништиме културолошкиот марксизам“, објаснува тој во видеото.

Овој екстремист напишал и манифест на 1.500 страници, а еден норвешки портал објави и линк од манифестот. Ројтерс објавува дека не било можно да се утврди кој е автор на видео снимката и на манифестот.

„Еднаш кога ќе одлучите да нападнете, подобро е да убиете премногу, отколку недоволно, бидејќи ризикувате намалување на саканиот идеолошки ефект на нападот“, пишува во манифестот на Бреивик. Преку видео снимка Бреивик упатил и повик кон сите конзервативци да го приграбат мачеништвото. „ Не нудете оправдувања, не нудете извинувања и не изразувајте сожалувања бидејќи делувате во самоодбарана или превентивно“, додава авторот на споменатото 12-минутно видео.

Авторот на манифестот, кој се потпишал како Андре Бреивик истакнал дека за пишување на манифестот под името „Европска декларација за независноста“ му биле потребни 9 години и 300.000 евра.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.190
Поени од реакции
14.468
1. Што бара темава во мистерии?
2. Зашто има нова тема за случајов кога веќе има постоечка?
 
Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
1 - Нека ја преместат.
2 - Не сум видел дека има постоечка! На пребарувај ништо не ми излезе па решив да отворам.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Авторот на манифестот, кој се потпишал како Андре Бреивик истакнал дека за пишување на манифестот под името „Европска декларација за независноста“ му биле потребни 9 години и 300.000 евра.
...некој што потрошил 9 години и 300000 евра....не е доволно глуп....сам да направи нешто за кое ќе отиде во затвор и ќе биде спречен во остварување на својата идеологија....идеолозите никогаш не се изложуваат себе си.....
 
F

FilipMacedon

Гостин
Многу му е силна онаа порака дека еден човек со вера е многу посилен од 100 со интереси,но средствата за постигнување на верата му е многу лоша,и наликува на онаа ултра-агресивната на Хитлер(веќе докажано нефункционална)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.168
Поени од реакции
25.748

Или можеби тоа му е целта, бидејќи гледа дека сите на кои им ја изложил идеологијата ја сметаат за глупост, па сега привлекува медиумско внимание, го живее сонот.:)
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Е не кај нас во парламент ни седнаа муслиманските терористите што ни ги намести америка и никому ништо... е вака се прави...
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Многу му е силна онаа порака дека еден човек со вера е многу посилен од 100 со интереси,но средствата за постигнување на верата му е многу лоша,и наликува на онаа ултра-агресивната на Хитлер(веќе докажано нефункционална)
па то е де во стварнос не е сам сигурно постои група зад него што ќе се бори против исламот од 2 причини
едната е за 20 години исламот ќе биде околу 20 % од населението во европа а другата е ако сега не се реагира на овој начин до сукоб борба ќе дојде покасно со таа разлика што тогаш пола пола ќе е населението затоа сега реагираат
--- надополнето: Jul 24, 2011 8:32 PM ---
Или можеби тоа му е целта, бидејќи гледа дека сите на кои им ја изложил идеологијата ја сметаат за глупост, па сега привлекува медиумско внимание, го живее сонот.:)
абе тоа е слично не чини да ја правам оваа споредба ама колку за пример со солунските атентатори целта која ја имаа тие беше да го алармираат светот исто и во овој случај со таа разлика што и кај овај има тајна организација најверојатно масони целта им е да ја ослободат европа од ислам
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.168
Поени од реакции
25.748
абе тоа е слично не чини да ја правам оваа споредба ама колку за пример со солунските атентатори целта која ја имаа тие беше да го алармираат светот исто и во овој случај со таа разлика што и кај овај има тајна организација најверојатно масони целта им е да ја ослободат европа од ислам
Масоните имаат многу поелегантен начин на дејствување, тие ги поседуваат најголемиот дел од меинстрим медиумите, па ако сакаат да создадат исламофобија, ќе ја создадат преку нив. Овој напад го постигна тотално спротивното за муслиманите, покажа дека има екстремисти и на другата страна, не се само тие лошите. Со овој напад се зацврстија исламските позиции во Европа, не ослабнаа.
 
ѓаволот своите намери не ги открива така лесно се додека не те довлечка до пеколот
од каде си сигурен дека е така како прво јасно се прочита неговиот манифест против кого е насочен јасно и гласно друго од каде му толку експлозив без да приметат органите на прогонот полицијата оружјето и сл поготово норвешка е пацифистичка држава борба против исламот ќе има дали сега или покасно времето ќе кажи бидеќи следните напади од ал каида би биле исклучиво со иселениците односно веќе граѓани на еу со исламска вероисповед
друго самиот е сликан во масонска униформа а самите масони не го порекнаа тој факт значи нешто има
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Темава не е за тука - ама не ја ни бришам туку ќе ја оставам затворена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom