Крвав петок во Турција

W

Werther

Гостин
Се плашам дека школото ќе ме направи горд, безобразен и ќор како тебе!;)

Каде виде жити мајка споредба од моја страна помеѓу Ататурк и Ердоган, за да го напишиш ова?:tapp: Јас го спомнав составот на протестантите " професоре", и не направив никаква споредба на Ататурк и Ердоган, или на секуларниот и незнам кој свирипичински систем " професоре"!

Затоа "професоре", мислам дека тебе ќе ти се смеат форумџиите.;) И во иднина " професоре" да знаеш дека од мене си на игнор. " Професоре"......:icon_lol:
Не направив споредба, но тие Ататурковците, кои ги презираш се заслужни за стабилна Турција. Не Ердоган.

Тој ако ја укине секуларноста, може да замислам со вакви, како тебе, полуписмени игноранти до каде ќе стигне.


Каде бе Омере, зошто игнор, зар се предаваш моќен Омере ?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
као не се родил у некоја земја кај што ќе биде он дел од тие мрсулковци па да го обесат за јајца на плоштад ко што прават во Иран и остативе арапски вукојебини.А не ние едини будали што фураме секуларизам,испозатвори се тоа бар да ја осетат идеологијата која ја бранат.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
20
Поени од реакции
14
24 Анализа: Арапска или Турска пролет? Што се случува на улиците во Турција? Гости, новинарот Љупчо Поповски и Џабир Дерала од ЦИВИЛ http://www.maktel.mk/ajax.php?vid=3844
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
29 страни се отепавте глупости кажување... ЦИА е, Мосад е, Америка е, НАТО е, ЕУ е, Израел е, ЏХП е, Башар е, Бранко е, Грујо е... нарачател на ова што се случува во Турција!

А сте слушнале воопшто за Ергенекон?
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Toлку ти фаќа таа лејката.

Да не беше Кемал Мустафа Ататурк, сега Турција ќе се давеше во истите глупости како и теократските земји. Не е важна економијата воопшто, секуларноста е нешто најдобро што му се случило на опшеството, квантен скок напред.


Само на кој му кажувам... Без два дена школо си бе Омере, земи артикулирај се малце, ти се смее цел форум.

Точно така, и да не беше таа секуларност на Ататурк сега економијата на Турција ќе беше на ниво на Албанија,тој треба да го целива портретот на Кемал секое утро
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 11:41 ---
29 страни се отепавте глупости кажување... ЦИА е, Мосад е, Америка е, НАТО е, ЕУ е, Израел е, ЏХП е, Башар е, Бранко е, Грујо е... нарачател на ова што се случува во Турција!

А сте слушнале воопшто за Ергенекон?
http://en.wikipedia.org/wiki/Ergenekon_(organization)



Chomsky: "Represija protiv prosvjednika podsjeća na najsramotnije trenutke turske povijesti"


http://www.advance.hr/vijesti/chomsky-represija-protiv-prosvjednika-podsjeca-na-najsramotnije-trenutke-turske-povijesti/


Turkish PM receives honorary doctorate in Algeria for ‘contributions to humanity’

To receive an honorary award for Contribution to Humanity from.....Algeria, it's like receiving a Women Freedom Award from the Talibans. Brilliant



:facepalm::facepalm::facepalm:

http://www.hurriyetdailynews.com/turkish-pm-receives-honorary-doctorate-in-algeria-for-contributions-to-humanity.aspx?pageID=238&nID=48294&NewsCatID=338
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Деновиве оваа статија (од 2011) се врти на FB, па неупатените не би било лошо да ја прочитаат!


Прашање што ја дели Турција: Што е Ергенекон?

Ергенекон, сега, во својата четврта година, се прошири надвор од судската и политичката арена и се пренесе и на улица, каде што ги подели луѓето во табори. Илјадниците страници обвиненија, конфискуваното оружје и муниција на тајни локации заедно со бескрајните бранови на апсења - вклучувајќи и воени офицери, политичари, новинари, академици - создадоа идеално бојно поле за војна на теории на заговор.

Поддржувачите на процесот посочуваат на историската традиција на Турција на воени удари и веруваат дека Партијата на правдата и развојот (АКП) требаше да биде соборена, соборувајќи ја турската демократија со уште една воена интервенција. Во оваа верзија, ако организацијата наречена Ергенекон не беше откриена, ќе се случеше еден бран на политички убиства и тероризам, како дел од незаконски заговор кој би го создал потребниот изговор за воена интервенција.

Критичарите на Ергенекон тврдат дека војската не планирала да спроведе воен удар и дека Ергенекон не е ништо друго туку измислен заговор од страна на АКП за да ја угнетува и замолчи опозицијата. Ова гледиште е поткрепено од еден општ страв во кемалистичките кругови дека конзервативната АКП има тајна агенда користејќи такије (исламистичка измама) за да ја претвори Турција во исламистичка држава.

Ергенекон: заговор за државен удар или странски заговор?

Сепак, размислувањето за Ергенекон, како што секоја страна го прави преку црна и бела призма ги занемарува сивите зони кои се релевантни за поцелосно разбирање на случајот. Одговорите на прашањето за тоа што е точно Ергенекон потполно се разликуваат во зависност од тоа кого ќе го прашате.

„Ергенекон е ударното крило на една организација организирана меѓу секуларната заедница, предводена од страна на војниците и судството, кое сака да продолжи со туторскиот режим [и] да изврши државен удар со создавање на социјален хаос преку манипулација ", изјави за SETimes, Етјен Махчупјан, колумнист на весникот Заман кој често пишува за "Ергенекон", додавајќи дека верува дека тековниот случај е од клучно значење за турската демократија.


Жандари го чуваат затворот во кој се чуваат многу осомничени од Ергенекон, додека демонстранти протестираат поради апсењата. [Ројтерс]​









„Меѓутоа, кога SETimes го запраша Толга Акалин, адвокат на уапсениот Кемал Керинчиз, осомничен од Ергенекон, тој рече дека „Ергенекон значи Турција да биде усогласена со новиот светски поредок преку законот“. Според Акалин, традициите на Турција пред АКП не беа во склад со актуелниот глобален поредок, кој смета дека поддржувачите на претходниот поредок беа елиминирани од системот со незаконско судење засновано на непостоечка организација. Акалин истакнува дека слични заговори беа започнати во Хрватска, Словенија, Србија, Грузија и Украина, каде. исто така, биле одржани судења засновани на наводни тајни организации кои извршиле убиства.

Ергенекон пред АКП


Истрагата за Ергенекон започна во 2007-та година со конфискација на неколку десетици рачни гранати во една куќарка во Истанбул, но првото споменување на Ергенекон датира од 1996-та година, половина деценија пред основањето на АКП. Новинарите Кан Дундар и Челал Каздагли ги објавија гласините за наводната длабока држава на нивното неделно телевизиско шоу "40 Дакика" (40 минути), каде што името Ергенекон се споменува за прв пат. Тие прашуваа дали урбаниот хаос и тероризмот кои го отворија патот за воениот удар во 1980-та година е всушност еден организиран план. Пензионираниот офицер на воената морнарица и писател, Ерол Мутерчимлер беше интервјуиран во една епизода, како некој кој го истражувал предметот цели 13 години. Тој објаснил како некој член на Ергенекон, турски генерал, му кажал за организацијата за прв пат, опишувајќи ја како „организација над началникот на Генералштабот, владејачките администрации, бирократијата; над сите.

Мутерчимлер рече дека неговата сопствена истрага го довела до заклучок дека членовите на Ергенекон вклучуваат воени и полициски службеници, професори, новинари, бизнисмени и обични луѓе. Тој беше приведен во рамките на истрагата за Ергенекон во 2008-та година, но беше ослободен откако беше испрашан.

Ергенекон како производ на Студената војна?


Она што Мутерчимлер го изјави во интервјуто ја поддржува теоријата дека Ергенекон е едно од неколкуте имиња за длабоката држава уште од Студената војна, како што е „Гладио“ во Италија. Адвокатот Орхан Кемал Ченгиз, раководител на Здружението за човекови права и колумнист во дневните весници Заман и Радикал, исто така, смета дека Ергенекон е најновата инкарнација на длабоката држава.

Тој изјави за SETimes дека „Почнувајќи од 1950-тите години, некои организации биле формирани во сите земји од НАТО против претпоставената инвазија на Советскиот Сојуз. Името на таа организација е Специјален воен оддел во Турција, Гладио во Италија и други имиња во другите земји“. Според Ченгиз, оваа организација во сенка ја измени формацијата во подоцнежните фази и вклучи цивили по 1999-та година. „Тоа е формација на длабоката држава која се обидува да го креира како јавното мислење, така и директната политичка моќ преку манипулација и провокација.


Многу еминенти осомничени се уапсени во случајот. [Ројтерс]​
Меѓутоа, Акалин не се согласува со теоријата, тврдејќи дека „Нема длабока држава во Турција, има периодични длабоки формации“. Според него, незаконски сојузи во кои се појавуваат како државни функционери, така и цивили, се случуваат од време на време, но без конзистентност.

Самиот судски процес покренува исто многу прашања како и Ергенекон. Американскиот новинар Дејвид Џадсон, поранешен новинар во Вашингтон за „Ју Ес Еј Тудеј“ и поранешен главен уредник на два турски весници, „Реферанс“ и „Хуријет“, му понуди на SETimes став на еден странец.

На прв поглед, Ергенекон е многу задоцнет напор за да се утврди вистината зад години отворено и прикриено мешање од страна на војската во цивилните работи, потеклото и спроведувањето на "валканата војна" во југоисточниот дел на Турција против сепаратистите, актерите зад стотици, ако не и илјадници вонсудски убиства и убиствата на голем број еминентни активисти и новинари --можно-- убиениот турски ерменски новинар Хрант Динк, убиен пред четири години. Ова е привидната причина за истрагата и строго во однос на потребата за едно општество да се помири со својата историја, со цел да се има правда, тоа е разумен предлог“.

Иако Џадсон верува во Ергенекон, тој не смета дека судењето е на вистинскиот пат. „Голем број апсења без јасни пријави или обвинение, притвори и постојано проширување на надлежноста на обвинителството длабоко се однесуваат, не само на многумина во Турција, туку и набљудувачите на човековите права и демократските влади во Северна Америка и Европа“, рече тој.

Како адвокат, Ченгиз рече дека гледа уште еден проблем со судењето. „Обвинителите ги интегрираа сите тврдењата за државен удар во овој судски процес. Сепак, кога ќе погледнеме во него, ние не можеме лесно да ги видиме врските меѓу сите овие тврдењата за државен удар и организацијата наречена Ергенекон“. Според Ченгиз, ова ги збунува луѓето.

Додека тој тврди дека во најголем дел вистинските луѓе се затворени, поддржувајќи ја неговата теорија со немањето на политички убиства од почетокот на судскиот процес, Ченгиз не верува дека сите наводни акции на тајната хунта што се случија за време владеењето на АКП биле поврзани со Ергенекон.

„Судењето е успешно со своите политички резултати; тоа спречи обиди за државен удар против АКП и сериозно ги исплаши оние кои би се обиделе да извршат државен удар. Но, верувам дека тоа е неуспешно на правна основа поради тоа што не ги испитува конкретните кривични дела на луѓето испратени зад решетки. „Голем број од обвинетите се поврзани со сериозни масовни злосторства од минатото, тврди Ченгиз.

Според Акалин, случајот Ергенекон е се само не законски бидејќи истрагата продолжува заедно со процесот на судско гонење што тој го нарекува “законски скандал“. Според него, случајот нема да дојде до правна завршница. „Едно судење каде истрагата продолжува нема крај“, предупреди тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Извор: http://setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/articles/2011/06/13/reportage-01
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Ајмо сеа една тура идиоти од Македонија да се борат за Исламот у Турска, т.е. на страната на Ердоган, а против овие ататурковци.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Што би рекле нашите браќа Ердоганци и некои младопечени вахабии: Курва и педер развратнички водат љубов на улиците низ Турција. Прилог, фото.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Што би рекле нашите браќа Ердоганци и некои младопечени вахабии: Курва и педер развратнички водат љубов на улиците низ Турција. Прилог, фото.
Све ова ускоро или ќе иде у егзил или ќе облече зелени панталончиња и тепањето кафири ќе го сматра за највече достигнуче у живот.
Трета опција им е два метра под земја.

За жал така ќе заврши.

Иначе мислам декa ги навредуваш Муслиманите со објавување ваква слика.
Извини се јавно, избриши го постот и прими Ислам, ASAP!
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Ајмо сеа една тура идиоти од Македонија да се борат за Исламот у Турска, т.е. на страната на Ердоган, а против овие ататурковци.

И ататурковците се муслимани, само разликата е што тие се секуларни муслимани..
 
Член од
26 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
28
Деновиве оваа статија (од 2011) се врти на FB, па неупатените не би било лошо да ја прочитаат!



Извор: http://setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/articles/2011/06/13/reportage-01

Море човече што ја мешаш Ергенекон со оваа работа дај да ти кажам поубаво што е работата во Турција.
Пред некој период владата на Ердоган забрани да се конзумира алкохол од 22 до 06 сатот на утро и тоа предизвика револт кај народот потоа од опозициските партии имаше силни критики кон ова. Е да ти кажам ова беше почеток па потоа се појави во јавноста вестта дека во Таксим Гези паркот што е центар на Истанбул ќе се гради трговски центар и поради тоа младите преку социјалните мрежи почнаја да се договараат за протести и како и секогаш полицијата употреби солзавец и камион што прска вода со висок притисок што во турција ги нарекуваат тома а тоа солзавецот во турција е секој дневие што за нашиве граѓани тоа е нешто многу екстремно затоа што нашиве луѓе кои што протестираат од кога ќе ја видат полицијата пред нив и почнуваат да бегаат а тоа во Турција не иди во предвид.
Потоа со помош на соицијалните мрежи и со идејата опозоцојата ова да го искористи обичниот протест кој беше во значителна мера бранење на дрвјата во паркот порасна во голем протест против владата на ердоган кој што со години ја исламизира Турција.
Е бато таа е работата во Турција нема никаква врска со Ергенекон а ниту со пролетта од Египет или пак од Либија.Таму младите се борат за своите права до својата последна капка крв да ти кажам и уште нешто тие таму што протестираат спијат навечер во шатори во паркот и имаат направено штандови каде што народот му носи храна вода за пиење и други производи за младите кои што се делат бесплатно за да можат младите а и сите познати славни личности да можат рајат да протестираат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom