Крвав петок во Турција

Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Колку ли само ми е позната ситуацијава со "контра-протести" (термин кој постои само во македонија и турција) само никако не можам да се сетам од каде... :confused:
Секаде има контра протести,не ги измисливме ние!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.282
Го читав текстов во Нова Македонија, не сум знаел дека постои ограничување на мандатот на премиерот во Турција според Уставот, ниту знаев дека Абдула Ѓул му свртел грб на Ердоган. Ај кој ги прати работиве нека објасни дали има можност Ердоган да го промени Уставот и да го направи премиерскиот мандат неограничен или ќе оди на зголемување на ингеренциите на претседателот. Што полесно би остварил од овие две?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.237
Поени од реакции
26.079
Го читав текстов во Нова Македонија, не сум знаел дека постои ограничување на мандатот на премиерот во Турција според Уставот, ниту знаев дека Абдула Ѓул му свртел грб на Ердоган. Ај кој ги прати работиве нека објасни дали има можност Ердоган да го промени Уставот и да го направи премиерскиот мандат неограничен или ќе оди на зголемување на ингеренциите на претседателот. Што полесно би остварил од овие две?
Не постои официјално државно лимитирање на бројот на последователни мандати на премиерот. Но, по негово барање, при основањето на партијата имаат донесено интерни правила според кои нема да кандидира ист човек за премиер или било која друга функција повеќе од три пати по ред. Ако сега реши да го прескочи ова правило ризикува фракционерство, ако го промени Уставот за да ги зголеми претседателските ингеренции се лимитира на 10 години, бидејќи претседателот не може да биде реизбран повеќе од еднаш.

Пред протестиве планираше да ги почитува партиските правила, да се повлече од премиерската позиција и да стане претседател. Дури и го спремаа народот за да го прифати Булент Аринч како негов наследник. После ова ќе ја нема таа конфорност.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Колку е демократска Турција?

Протестите нема да ја соборат владата на Ердоган, но ќе ја ресетираат турската политика. Прашањето е дали власта ќе научи важни лекции од демонстрантите или ќе продолжи да нагласува дека одличните изборни резултати ѝ даваат право на владата да прави што сака


(НЕ)ЛИБЕРАЛЕН СИСТЕМ

Изгледа чудно што најголемиот предизвик за авторитетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, по повеќе од една деценија владеење, почна со мал протест за заштита на животната средина. Но додека илјадници граѓани протестираат на улиците во турските градови, јасно е дека нешто многу поголемо ги предизвика безредијата од уништувањето на дрвјата во паркот „Гези“, кај централниот плоштад „Таксим“ во Истанбул.

Протестите за „Гези“, обележани со неверојатни сцени во кои демонстрантите бараат оставка од владата и од Ердоган, а полицијата одговара со солзавец и со пендреци, се кулминација на сѐ поголемото народно незадоволство од правецот во кој се движи турската политика. Конкретниот спор е за паркот на кој владата сака да изгради трговски центар, но целата ситуација го претставува начинот на кој владејачката партија на правдата и развојот (АКП) полека ја задушува целата опозиција, а истовремено се обидува да се осигури дека се движи во демократски рамки. Турција, предводена од АКП, стана класичен пример за шуплива демократија.

Жестоките протести и реакцијата на полицијата во паркот „Гези“ во Истанбул без сомневање изненадија многумина во Вашингтон, каде што за Турција се вели дека е „одличен пример“ или „пример за партнер“ или дека е „подемократска отколку што беше пред една деценија“.

Има одредена вистина во овие тврдења, иако второто тврдење, кое се повторува до бескрај, погрешно ги претставува сложените и често контрадикторни политички процеси во Турција. За време на владеењето на АКП и на харизматичниот Ердоган, голем број Турци политички се мобилизираа и просперираа: турската економија тројно се зголеми во периодот 2002-2011 година, а на последните избори гласаа 87 отсто од избирачите (за споредба, на изборите во 2002 година што ја доведоа АКП на власт, гласаа 79 отсто од избирачите). Сепак, политичката мобилизација не одеше паралелно со можноста да се оспорува политиката. Всушност, точно е токму спротивното и тоа ѝ овозможи на АКП да се зацементира на власт и да ја претвори Турција во еднопартиска држава. Иронијата е во тоа што додека Вашингтон ја претставуваше Турција како пример за арапските земји зафатени од Арапската пролет, АКП градеше нелиберален систем.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 13:33 ---
ГО НАПУШТА ЗАПАДОТ?

Набргу откако АКП дојде на власт во 2002 година, во САД и во Европа се разгоре дебата дали Турција „го напушта Западот“. Главната причина за тоа беше умерената исламофобија во периодот по терористичките напади во САД, на 11 септември 2001 година. Но ваквите тврдења беа погрешни. Уште од самиот почеток, новите исламисти-реформатори во Турција сторија сѐ за да ги отфрлат тврдењата дека нивната изборна победа значи дека Турција ќе се откаже од еднодецениската соработка и интеграција со Западот. Анкара повторно ја потврди посветеноста на Турција во НАТО и спроведе сеопфатни политички реформи со кои раскрсти со многу авторитарни наследства од минатото. На пример, таа ја стави армијата под цивилна контрола и го реформираше судскиот систем. Новата политичка, културна и економска отвореност му помогна на Ердоган да обезбеди реизбор летото 2007 година со поддршка од 47 отсто од гласачите, меѓу кои имаше и религиозни муслимани, Курди, космополитски елитисти, крупни бизнисмени и просечни Турци. Првпат една партија доби повеќе од 45 отсто од гласовите по 1983 година. Тоа беше преседан во турската политика. Сепак, Ердоган не заврши со успесите. Во 2011 година, турскиот премиер ја зајакна својата политичка позиција со поддршка од 49,95 отсто од гласачите.

Турција, по сѐ изгледа, постигна огромен успех. До 2012 година, Ердоган раководеше со 17-та најголема економија во светот. Турција стана влијателен актер на Блискиот Исток, а турскиот премиер му беше доверлив партнер на американскиот претседател. Сепак, додека АКП победуваше на избори и добиваше пофалби однадвор, полека се случуваше авторитарен пресврт. Во 2007 година, партијата откри заговор во кој елементи на т.н. турска длабока држава, воени офицери, разузнавачи и припадници на криминалното подземје, се обидуваа да ја соборат владата. Таа го искористи заговорот за да ги задуши критиките. Турција оттогаш стана држава во која новинарите постојано се затвораат поради сомнителни обвиненија, а државниот апарат се користи против приватниот сектор зашто бизнисмените не се согласуваат со владата. Слободата на изразување и сите нејзини облици се под притисок.

Портпаролите и апологетите на АКП нудат различни објаснувања за овие недостатоци, како на пример, „таков е законот“, „недостига контекстот“ или „тоа се чисти лаги“. Ваквите оправдувања паѓаат во вода ако малку подлабоко се анализираат и го откриваат површниот поглед на АКП кон демократијата. Тие, исто така, повеќе личат на оправдувањата што соборените арапски моќници своевремено ги користеа за да го намалат политичкиот простор и да ја институционализираат моќта на нивните партии и семејства. Сепак, политичката елита во Вашингтон и понатаму ја гледаше Турција како „пример“ или соодветен партнер за решавање на проблемите во Египет, Тунис, Либија и во други земји.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 13:33 ---
„ДИКТАТУРА“ СО НАРОДНА ПОДДРШКА

Среде облакот солзавец над демонстрантите на „Таксим“, еден од советниците на премиерот жално праша: „Како може една влада што доби поддршка од речиси 50 отсто од гласачите да биде авторитарна?“ Оваа изјава совршено ја отсликува неодамнешната динамика на владеењето на Ердоган со Турција, каде што владата ги користи големите изборни победи за да ги оправда сите дејства против сѐ поголемата опозиција.

Ваквата стратегија најдобро можеше да се види во дебатата за новиот турски устав, кој Ердоган беше решен да го искористи како средство за воведување претседателски систем во кој тој ќе биде првиот претседател со нови, големи овластувања. Опозициските партии жестоко реагираа на планот, а уставната комисија беше парализирана на крајот од 2012-та. Ердоган се закани дека ќе ја игнорира комисијата и ќе продолжи да го спроведува уставниот план. Тој ја повтори идејата во април 2013 година, но ја ублажи позицијата бидејќи стана јасно дека има значаен отпор кон неговата претседателска визија, дури и од редовите на АКП.

Новиот закон за алкохолот, кој, меѓу другото, ја ограничува продажбата на алкохол по 22 часот, го ограничува рекламирањето и забранува издавање нови лиценци за локалите во близина на џамиите и на училиштата, е уште еден пример како АКП го користи мнозинството. И покрај жестоките противења, законот беше напишан, разгледуван и усвоен за само две недели, а Ердоган на критичарите им порача дека можат да пијат дома.

АКП изведува големи градежни проекти во Истанбул, како на пример, реновирање на плоштадот „Таксим“, изградба на нов аеродром и изградба на трет мост преку Босфор. Сите проекти се контроверзни и се цел на жестоки критики од групи со различни интереси. Сепак, владата реши да ги игнорира противниците, нагласувајќи дека на сите што не им се допаѓаат проектите, треба да запомнат колкава поддршка добива АКП на изборите. Во еден типичен обид да ја искористи популарноста на АКП на изборите, Ердоган минатиот викенд ја предупреди главната опозициска партија: „Ако соберете сто илјади луѓе, јас можам да соберам еден милион луѓе“.

Антидемократскиот пресврт во Турција се случува без големо внимание од надворешниот свет. Не станува збор само за присилни мерки, апсења, истраги, даночни и затворски казни, кои Вашингтон намерно ги занемарува во полза на порозовата приказна за „турското чудо“. Можеби не е толку очигледно, но АКП во изминатава деценија изгради неформална, моќна коалиција на партиски поврзани бизнисмени и медиуми, чија егзистенција зависи од политичкиот поредок што гради Ердоган. Тие што даваат отпор го прават тоа на сопствен ризик
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 13:33 ---
Затоа причините за актуелната врева поради „пренамената“ на паркот „Гези“ се многу подлабоки од уништувањето на зеленилото. Тие го одразуваат гневот на граѓаните поради корумпираниот капитализам, ароганцијата на моќта и нетранспарентното владеење на АКП. На пример, Ердоган повикува на промени во сопственоста на медиумите или ги заплашува медиумите за да обезбеди позитивно известување или како во случајот со протестите за паркот „Гези“, да се осигури дека нема известување. Во една надреална ситуација, која, за жал, не ги изненади многу набљудувачите на Турција, Си-ен-ен интернешнел во живо известуваше од протестите на „Таксим“, додека Си-ен-ен турк емитуваше емисија за готвење.

Оваа динамика на цензурирање и заплашување на турските медиуми, во која на медиумите што ја критикуваат владата им се заканува одмазда, резултира со отпуштање на повеќе талентирани новинари поради критикување на владата или спротивставување на нејзините диктати. Овој вид имплицитно заплашување од владата е неразумен во општество што се смета за демократско или се демократизира.
Во вакви услови, турската политика денес не е поотворена отколку пред една деценија, кога АКП спроведуваше демократски реформи за да ги исполни барањата на ЕУ во преговорите за членство. Таа е позатворена на сосема друг начин. Турција во суштина стана еднопартиска држава. АКП за тоа доби помош и од слабата опозиција, која тагува по загубената изолираност на Турција и по исчезнувањето на конзервативната кемалистичка елита што не беше особено посветена кон демократијата. Успешните демократии на граѓаните им овозможуваат да ги изразат своите желби и фрустрации на различен начин и во периодот меѓу изборите. Турција целосно потфрли на ова поле.

Слабата опозиција и цврстата рака на АКП на крајот доведоа до судир. Овие протести нема да ја соборат владата, но ќе ја ресетираат турската политика и ќе постават нов правец на движење. Прашањето е дали АКП ќе научи некои важни лекции од луѓето што протестираат на улиците или ќе продолжи да го нагласува тврдењето дека изборите ѝ даваат право на владата да прави што сака.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 13:34 ---
Ердоган: Демократијата е како трамвај

Ердоган беше градоначалник на Истанбул во средината на 1990-тите. Секогаш со големи амбиции, идниот премиер на еден новинар му даде изјава што денес често се повторува.
- Демократијата е како трамвај. Се возите додека не стигнете до посакуваната дестинација и тогаш се симнувате - рече Ердоган.
Проблемот на Ердоган денес е во тоа што, и покрај најдобрите напори, трамвајот за кој тој зборуваше како градоначалник на Истанбул, застана на плоштадот „Таксим“, каде што многу Турци порачуваат дека нема повеќе да го толерираат неговиот авторитарен пресврт.
Вашингтон да го преиспита односот со Анкара

Не треба само АКП да ги преиспита своите политики. Истото треба да го стори и Вашингтон. Можеби на администрацијата на претседателот Барак Обама не ѝ е важен пресвртот во Турција или претпочита зад затворени врати да го охрабрува, советува или разуверува Ердоган со тивки гестови на отпор, како на пример, одлуката да го продолжи за уште една година мандатот на американскиот амбасадор во Анкара, кој ја нервира турската влада со укажувањата за слободата на печатот.
Оваа игра не функционира. Време е Белата куќа да сфати дека реториката на Ердоган за демократијата нема врска со реалноста. Турција може многу помалку да му понуди на арапскиот свет отколку што смета администрацијата на Обама. Наместо да ги тера арапските влади да посветат внимание на барањата на граѓаните, Вашингтон треба да ги повика своите пријатели во Анкара да го сторат истото. АКП и премиерот Ердоган можеби беа избрани и реизбрани со големи мнозинства на изборите во изминатава деценија, но ако се суди според постапките на владата, тогаш демократијата не оди подалеку од гласачката кабина.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.852
САД и Западна Европа апелираат Турција да ги почитувала правата на граѓаните.

Но како ги почитуваше правата на граѓаните Франција во протестите 2006 со брутално претепување?

Британија како ги почитуваше правата на граѓаните 2011 кога беа немирите во Лондон?

САД како ги почитуваше правата кога беше нападот на Wallstreet?

САД, и Западна Европа прво нека си го сметат својот двор, а после нека последнат во другиот...
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
САД и Западна Европа апелираат Турција да ги почитувала правата на граѓаните.

Но како ги почитуваше правата на граѓаните Франција во протестите 2006 со брутално претепување?

Британија како ги почитуваше правата на граѓаните 2011 кога беа немирите во Лондон?

САД како ги почитуваше правата кога беше нападот на Wallstreet?

САД, и Западна Европа прво нека си го сметат својот двор, а после нека последнат во другиот...

Пак ова не е ништо, ради реда се овие критики,Турција е членка на НАТО и никому ништо,замисли овие работи да се случуваа кај нас во Македонија или во Србија, абе одма дипломатски протесни ноти ќе добивавме,а можеби и бомбардирање..:icon_lol:
Но кога е во прашање Турција или Грција никому ништо, полицијата може да се понашува како што ќе сака..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.751
Турција за цело време се понаша со Курдите, исто ко Србите шо се понашаа на Косово или у Босна, па никому ништо. Така и за ова.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.216
Поени од реакции
7.988
Нема врска,на исти начин владите се променија и во Грција и Бугарија, едноставно народот сака по демократска и по просперитетна влада...
Едно е да сакаш друго е да можеш ;)
Да не мислиш дека со протестите ќе сменат нешто и ќе падни владата ?Немаат шанси се гледа дека не се спремни само може повеќе да страдаат многу рано влегоја во вакво сценарио и само ќе се избрукаат ...Не велам дека не се во право што протестираат само не верувам дека ќе сменат нешто !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom