Во денешното ВРЕМЕ излезе текст на Цвитан Чилиманов за кривичната пријава на политичкиот азилант Јордан Петровски против 9 високи функционери на МВР.
ПОЛИТИЧКИОТ АЗИЛАНТ ПЕТРОВСКИ ПОКРЕНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НЕКОГАШНОТО РАКОВОДСТВО НА МВР И ДБК
Пријава против Фрчкоски, Чокревски, Верушевски, Богоевски, Аврамовски... Цветин Чилиманов
Јордан Петровски, поранешен бизнисмен од Куманово и финансиер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а сега политички азилант во Канада, вчера поднесе кривична пријава против неколку поранешни министри за внатрешни работи, шефот на службата за Државна безбедност и контраразузнавање, како и оперативци на ДБК, поради нарушување на човековите права. Во тужбата, против вкупно девет лица, првообвинет е поранешниот министер Љубомир Фрчкоски, а следуваат поранешниот министер Томислав Чокревски, поранешниот потсекретар на ДБК Слободан Богоевски, поранешниот директор на ДБК Зоран Верушевски, поранешниот министер за внатрешни работи Сиљан Аврамовски и оперативците Кузман Јовановски, Горан Станковски, Зоран Поповиќ и Тодор Димковски. На неговото досие работел и сега покојниот Добри Величковски.
- Ова не го правам за одмазда кон луѓето што ми го уништија бизнисот и животот. Сметам дека е неопходно расчистување со овие служби што го попречуваат демократскиот развој на Република Македонија и не дозволуваат таа да се развива како држава. Ова е првпат службата да е соочена со ваква директна атака - изјави Петровски за „Време“.
Во пријавата, во која деветтемина се обвинети за злоупотреба на службената положба, не е наведено отштетно побарување. Аврамовски, Станковски, Јовановски, Поповиќ и Димковски се посочени како лица кои директно работеле на досието на Петровски. Фрчкоски, Чокревски, Верушевски и Богоевски се обвинети како лица кои, како раководители на МВР и на ДБК во времето кога се водело досието, требале да знаат што прават нивните потчинети, и да ги спречат во кршењето на човековите права и слободи. Јордан Петровски тврди дека противуставно бил следен и сниман, дека му биле отворани писма, слушани разговори, а потоа со собраните информации се вршело „планско, систематско, организирано и смислено дискредитирање на мојата личност и семејство, како и уништување на мојот бизнис“. Според него, дури и да имало некаква причина за негово гонење, како што се криминални врски, тие требало да бидат истражени и тој требало да биде суден, а не „вечно“ да биде држен во обработка.
Петровски, за чија приказна „Време“ пишуваше во октомври, се повикува на своето досие од ДБК, од кое може да се види дека службата најмалку од 1992 до 1998 година водела досие против него, под шифрата „Црни“. Притоа му биле снимани неколку телефонски линии, при што биле пресретнати разговори со тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Љубчо Георгиевски, актуелниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски, пратеникот Томислав Стојановски и други. Во досието може да се види дека ДБК дури до 1998 година делела идеолошки карактеристики за Јордан Петровски, од типот: „потекнува од семејство што не зело учество во НОБ“, „потекнува од непријателско семејство“, „особено претседателот Киро Глигоров не можел да го смисли“, „за себе вели дека е окорели опозиционер, не ги сакал комунистите“. Во досието, во службена белешка од 1998 година дури е наведено и колку пари Јордан Петровски давал за финансирање на партиите ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија и МААК. На прашањето зошто чекал толку долго за да ја побара правдата на суд, Петровски вели:
- Првин сакав да ја добијам пресудата од судот Стразбур, каде што веќе водам постапка. Но, се плашам дека мојот случај ќе застари, поради што се решив да покренам процес и во Македонија. Не сум само јас со вакво досие. Во Македонија има уште многу досиеја. Се надевам дека уште некој друг ќе се осмели да покрене ваков судски процес, бидејќи една ластовичка не ја чини пролетта. Очекувам дека ќе има обиди за мое дискредитирање, има луѓе кои службата ги негувала, луѓе со интегритет, кои ќе се обидат сега да ме извалкаат пред јавноста. Но, никој нема го демантира ова што го тврдам - вели Петровски, кој бил гонет по линијата „македонски екстремизам и врховизам“, која според упатените, била гранка на ДБК насочена исклучиво кон разбивање и контролирање на тогаш најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Оваа гранка била преименувана во денешната Втора управа за заштита на уставното уредување и тероризам дури во 1998 година, пред победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите.
Во неговото досие, особено загрижувачка е забелешката дека ќе се испитуваат неговите „евентуални повластувања“ во бизнисот и дека „зависно од тоа ќе зависи и нашиот однос и став спрема истиот во наредниот период“, што укажува дека ДБК се мешала во приватните бизниси на лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Петровски тврди дека неговиот успешен семеен бизнис, во кој имал и стотина вработени во конфекција, ресторан и трговска фирма, страдал поради неговата политичка определба. Според Петровски, ДБК намерно сакала да му го уништи бизнисот, затоа што ја помагал опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој најавува дека, доколку вишото јавно обвинителство во Скопје не ја прифати неговата пријава, ќе поднесе приватна тужба против деветтемина. Петровски со семејството во 2005 година добил канадски политички азил. Според него, канадските власти темелно го прочешлале неговото досие и заклучиле дека тој навистина бил прогонуван од македонските власти и затоа заслужува политичка заштита.
Јанко Бачев, претседател на Народното движење за Македонија и поранешен началник во ДБК, оцени дека случајот на Јордан Петровски е „класичен пример за злоупотребите што биле вршени од страна на тајната полиција, дури и по формирањето на демократска Република Македонија“.
- Точно е дека до денешен ден се прават вакви злоупотреби на Службата. Тоа се врши преку тајни центри надвор од ДБК, кои користат вработени во Службата кои се под нивна контрола, а не под контрола на официјалното раководство. Тие работат да ја урнат Владата - смета Бачев. Според Бачев потсетува дека при изборите 2006 година, како дел од коалицијата „За подобра Македонија“, неговата партија барала сериозни реформи или целосно распуштање на тајната полиција во Македонија.
- Потребно е целосно ја реформирање на тајната полиција,за да не се случи тајната полиција повторно да не „реформира“ нас. Но, распуштањето на службата за Државна безбедност не се случи и сега останува спасот да го бараме во долгонајавуваната лустрација - додава Бачев.
Чокревски: Можеби службите правеле такво нешто, јас не знам
Поранешниот министер Томислав Чокревски вчера за „Време“ изјави дека не знае за конкретниот случај.
- Јас ништо не знам за тоа. Можеби службите правеле нешто такво. Треба да видите кој ги водел службите во тоа време. Јас како министер не сум можел да знам дали има ваква или онаква акција. Службениците ги водат акциите, а министерот не се занимава со тоа - изјави Чокревски.
Филип Петровски: Истиот Станковски ми се закануваше дека ќе ме фрли во Вардар
Директорот на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Филип Петровски, вели дека обвинетиот оперативец на ДБК Горан Станковски работел и на неговото политичко досие.
- За време на студентско-средношколските протести, во февруари 1997 година, еден ден пред да одам на средба со претседателот Киро Глигоров како тогашен водач на протестите, ДБК ме следеше во автобус на пат кон Куманово. Таа вечер четворица од ДБК дојдоа во кафуле. Беа предводени од Горан Станковски, кој ми беше тренер по карате во клубот во Куманово. Мислам дека сакаа да ме киднапираат таа вечер. Ме викаше да излезам од кафулето, но не прифатив, а во мешаницата не можеа ништо да ми сторат. Затоа, ми се закануваа дека може да ми се случи да ме најдат во пластична вреќа, фрлен во Вардар - изјави Филип Петровски за „Време“ и додаде дека Станковски сега е висок функционер во ДБК. Филип Петровски своето досие го објави на блогот www.filippetrovski.blog.com