исти лица своевремено го формираа здружението „Радко”, земајќи го за свое име псевдонимот на Ванчо Михајлов, чие дело го величат. На панихидата специјално од Бугарија доаѓаат и луѓе на софиската ВМРО на Красимир Каракачанов, кој е на чело на антимакедонската кампања што се води постојано од Софија. На пример, на последната панихида присуствуваше Рајна Дрангова, ќерката на Кирил Дрангов, познат терорист од групата на Иван Михјлов, кој се „прослави” по
убиствата на многумина Македонци кои не се согласуваа со неговиот наредбодавец.
Во првите години на панихидите на Бунева можеа да се забележат и врвни раководители на ВМРО-ДПМНЕ, како што се
Доста Димовска, ексминистерот за спорт и млади,
Ѓорѓи Боев, во владата на Љупчо Георгиевски, поранешниот претседател на Комисијата за односи со верските заедници,
Ѓорѓи Наумов, како и пратениците
Александар Талевски и Крале Спанчевски.
Кога беше министер за внатрешни работи, на една панихида телеграма испрати и Љубе Бошкоски. Обожавателите на Мара Бунева велат дека таа треба да се слави како голем херој зашто го дала животот за Македонија, а според нив србокомунистите го урнале нејзиното обележје на кејот на Вардар, кој инаку бил подигнат од бугарските окупаторски власти во 1941 година. Некои дури бараат кејот да го носи нејзиното име.
На другата страна се млади момчиња, патриотски настроени, задоени во македонскиот дух, кои одбележувањето на годишнините на атентатот го доживуваат како провокација и демонстрација на бугароманство среде Скопје, што за нив е неприфатливо, зашто тие што доаѓаат да и' оддадат почит на Мара Бунева ги сметаат за наследници на Михајлов, познат по тоа што и' нанесе многу зла на македонската кауза. Особено ги револтираат демонстративните прошетки на приврзаниците на делото на Бунева по кејот на Вардар, кои често го веат и бугарското знаме, каков што беше случајот минатата година за време на панихидата на Владо Черноземски, кој исто така беше терорист на Иван Михајлов и кој го застрела познатиот македонски деец Димо Хаџи Димов, голем пријател на Гоце Делчев.
македонското дело од обичните атентатори, како што се Мара Бунев и Владо Черноземски.
Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија,
има поинакво мислење. Вели дека инцидентот е непримерен чин и тоа многу ќе влијае на меѓудржавните
односи на Бугарија и Македонија,
а виновниците треба да бидат откриени и казнети.
А ШТО КЕ СЕ СЛУЧИ АКО НЕГО ГО ОТКРИЈАТ И КАЗНАТ???![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
[/quote
Кој ке го открие и казни познатиот и афирмираниот македонски историчар г-от Зоран Тодоровски, актуелниот дитректор на Архивот на Македонија? Српските служби и нивните помагачи во Македонија?