Исправка: Република Македонија не е независна последните 18 години. Во многу нешта е под голем надворешен (и внатрешен) притисок и многу работи има направено наопаку одошто на секој обичен човек со чист ум му се гледа дека требало да се направат.
Освен тоа, има уште една битна разлика. Бугарија, каква и да е, сепак има тајна служба, образование, академија, историски институти, пропагандна машинерија и дипломатија кои водат бугарска политика. Може да е погрешна, базирана на заблуди, штетна, но сепак организирана и водена од еден центар, консистентна и постојана. Македонија има многу малку од сето тоа. Има служба за безбедност од која, откако ќе се тргне наследеното од СФРЈ, се добива остаток кој е под директна и непосредна контрола на НАТО и Солајна; има академија и пропагандна машинерија кои работат речиси исклучиво против Македонија, и дипломатија која е како слепец - и треба стап и некој да ја води за рака за да помине преку улица.
А за заблудите во однос на Бугарија (ако тоа е она на кое мислиш кога велиш “опасно е да се зборува“), ќе ти речам дека грешиш. Има луѓе кои можат да те разберат, нема да бидеш сам, но под еден услов: да ти е јасна природата на бугарските заблуди во однос на Македонија.