Кој се треба да биде прашан за шверцот со цигарите?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Кој се треба да биде прашан за шверцот со цигарите?

Деновиве, кога паѓаат маските на Балканот и кога се гледа кој со кого и колку пари свртил од тутунскиот бизнис, главните политички фактори од времето на големиот шверц на цигари и друга акцизна стока се уште се дел од нашиот јавен живот. Иако поголем број од нив денес не се на власт и ја немаат силата што ја имаа до клучната 1998 година кога целиот систем се сруши како кула од карти, сепак со парите заработени од тоа време, кога премиер беше Бранко Црвенковски (1994-1998), тие директно или индиректно се уште ја имаат една од главните улоги во македонската економија, а и политика.

По осамостојувањето на Република Македонија, „Македонија табак”, врз основа на децениската традиција во тутунскиот бизнис, доби нова улога - држава во држава на чело со Данчо Шутурков, како вечен заменик генерален директор кој од сенка на номинално назначениот Страшо Нелковски, ја менаџираше компанијата. Шутурков преку тутунскиот бизнис, бизнисот со фри-шоповите, увозот на жито и шеќер, контролата на протекот на акцизните стоки низ Македонија, (ин)директно ја контролирал и државата во тогаш се уште слабата македонска економија. Постојат живи сведоци кои тврдат дека Шутурков бил првиот и последен авторитет пред кој голем број на македонски политичари стоеле во став мирно. Ова и не е чудно, бидејќи тој преку долгогодишната кумовска врска со пребогатото еврејско семејство Верхајмер (откупувачи на тутун од Македонија преку фирмите „Сокомак” и „Соко таб”), уживаше силна меѓународна заштита и углед, се до својата смрт. Но, Шутурков замина, останаа неговите „деца” меѓу кои не се најде достоен наследник. Зад него останаа еден куп неспособни политичари, банкари, царински раководители, неспособни шпедитери, генерали без војска, генерални и комерцијални директори на тутунски комбинати кои соучествувајќи во производството на фалсификувани цигари и пласман на црните пазари, ја зацементираа Македонија на црната меѓународна листа.

Малку е познато дека во периодот од 1993-1998 година, кој меѓународната заедница го означува како клучен за развојот на шверцот на цигари, во Македонија на „обука” престојуваат неколку меѓународно етаблирани шверцери на цигари: Среќко Кестнер, Станко Суботиќ Цане, Вања Бокан, Мики Пешиќ... Тие живееле и работеле во Македонија, „Македонија Табак” е нивниот втор дом, Шутурков е нивниот покровител, а тогашната Влада им дава лична заштита и безбедност.

Жалосно звучи кога од италијански или германски обвинители, преку покренати истраги и поднесени обвиненија или преку нивни интервјуа, дознаваме дека Македонија е рамо до рамо со Кипар, Црна Гора, Србија, Косово и дека има битна улога во шверцот на цигари. Ниту еден јавен обвинител од Македонија, а ги имаше подоста по падот на СДСМ од власт во ноември 1998 година, не покрена истрага за да истражи што во тој период навистина ни се случило. Јавното обвинителство во архивите на МВР има докази за се што се случувало во тој период. Денес во парламентот пратеник е некогашниот секретар за јавна безбедност од тоа време, Павле Трајанов. Човекот ја знае оваа проблематика, тој треба да биде драгоцен соработник по ова прашање, особено ако се знае дека во Владата на Љубчо Георгиевски беше и министер за внатрешни работи. Обвинителството има одлични соработници и во соседството. На Правниот факултет е и професорот Љубомир Фрчкоски, министер за внатрешни работи во Владата на Црвенковски. Тука е и академикот Таки Фити, кој како министер за финансии имаше директна надлежност на Царинската управа во која директоруваа час Димитар Бузлевски, актуелен градоначалник на Ресен, час Илија Иљоски, денес успешен банкар. Потенцијални сведоци, ако не и крунски, можат да бидат луѓето што си го поминаа работниот век во „Макошпед”. Оваа шпедиција, со прочуениот акцизен склад во населбата Маџари, беше „центар на светот”, низ кој мораше да помине секој увезен контингент цигари наменети за фри-шоповите, но и за ре-експорт, најмногу кон Црна Гора. Генерален директор на „Макошпед” до своето пензионирање 2003 година беше Слободанка Поповска Дада, а нејзиниот девер Трајчо Поповски важеше за најблизок соработник. Приватизацијата на „Макошпед” е правена по стручна експертиза на Таки Фити. Во Бордот на директори на „Макошпед” со години беа професорите Бобек Шуклев и Александар Николовски.

Она што актуелната извршна власт го откри во „ТК Прилеп” (случај „Ангатера” ЛТД), па благодарение на откриеното во притвор, меѓу останатите, го „спакува” и сегашниот извршен директор на „Макошпед” Коста Младеновски, претставува само промил од стореното. И сегашниот втор извршен директор на „Макошпед” Милош Борисављевиќ, беше еден од клучните играчи во компанијата во тој период.

„Макошпед” си имаше и своја банка, „Кредитна банка” Скопје се до продажбата на грчката „Алфа” банка. Основачи на банката беа „Макошпед” и Благоја Николовски, сопственик на фирмата „Бламар”, инаку познат по срушениот комплекс на луксузни куќи во Злокуќани. Од сенка, целиот процес во „Кредитна” банка го контролирал Данчо Шутурков, преку својот внук Митко Ноневски, долгогодишен претседател на УО на банката. Црните пари од шверцот со цигари, според сведочењето на Среќко Кестнер пред италијанското обвинителство, со хеликоптери на МУП на Црна Гора, се носени во оваа банка. Како што веќе објавивме, се работи за организиран државен шверц на цигари, извршен со ангажман на руски и украински карго компании кои на Владата на Бранко Црвенковски и изнајмувале авиони „Илјушин 76” за транспорт на 40-50 тони цигари по еден лет. Транспортерите престануваат да летаат во мај 1998 година пред да се затворат македонските фри-шоп продавници, а во период кога СДСМ и Владата на Црвенковски почнува да се подготвува за изборите во ноември истата година. И за овој дел од шверцерскиот синџир има драгоцени сведоци. На располагање на Јавното обвинителството може да се стави тогашниот генерален директор на УЦВП Горан Павловски, но и неговиот асистент, сопругот на Тренкица Црвенковска, сестра на Бранко. Човекот иако стоматолог по занимање, ја напуштил професијата и се вработил во контролата на летање. Денес Горан Павловски лета како пилот за една странска компанија.

Еден свој дел и удел во институционализација на шверцот на цигари имаат уште неколкумина помалку битни играчи, денес силни во приватниот бизнис или во менаџирање на капиталот што Данчо Шутурков го остави зад себе. Тука е и Коста Јанковски, еден од партнерите во фамозната фирма „Балкан”. Неговиот партнер Енвер Малиќи денеска влезе во бизнисот со мобилната телефонија. Јанковски денес е дистрибутер на цигарите на „ТДР” од Ровињ. Веруваме дека вестите за акцијата на српските истражни органи „Мрежа” не ги прима баш најмирно. Дел од информациите за каналите на шверцот со цигарите во Србија, се однесуваат и на него и на неговите фирми. Тоа се на пример информациите за притворањето на Андрија Драшковиќ во Германија и неговата екстрадиција во Италија, како и апсењето на родениот брат на косовскиот тутунски бос Екрем Лукај, сопственик на „Дукаѓини груп” од Пеќ. Се чека на одговорот на Андрија Драшковиќ на отворената понуда да биде заштитен сведок. Алтернатива е затворска казна од најмалку 20 години.

Список за тутунскиот бизнис

Дали и како Македонија се бори против домицилната тутунска мафија? Со ова прашање се обративме до МВР. Еве ја изјавата на портпаролот Иво Котевски:

- Нема да преземаме дејства додека не собереме докази за тутунската мафија кои нема да паднат на суд. Проблем од тоа време е што намерно или не, Македонија немала воспоставено платен промет со Србија, така што плаќањата оделе во кеш со одобренија од НБМ. Потоа „Македонија Табак” пријавувала некаков промет. МВР работи, но многу тешко се доаѓа до докази, проблем е и што поминало многу време од тогаш. Ќе почекаме што ќе кажат притворените во Србија и колку може тоа да ни послужи. Главно е да се утврди колку била оштетена Македонија. Овде своја улога треба да одигра и Дирекцијата за спречување на перење пари. Тие треба да ги испитаат сите сомнителни трансфери кои се споменуваат. Србите ги интересира само делот на прикажани лажни фактури кај нивната царина и штетите врз нивниот буџет. За да имаме основа за какви било пријави треба да докажеме дека нашиот буџет бил оштетен како во случајот со ТК Прилеп – изјави Котевски.
По ова, еве го можниот мозаик за евентуалните директни учесници во тутунскиот бизнис од тоа време. Овој мал список е направен според тоа кој, кога и на која функција, во критичниот период (1994-1999) бил во „Македонија табак”, „Макошпед”, ТК Прилеп, ТК Куманово и во Владата.

Слободанка Поповска Дада (генерална директорка на Макошпед и основач на Кредитна банка Скопје)
МилоШ БорисављевиЌ (и денес директор во „Макошпед”)
Митко Ноневски (претседател на УО на Макошпед, внук на Данчо Шутурков)
СтраШо Нелковски (генерален директор на „Македонија табак”)
ДанЧо Шутурков (заменик генерален директор на „Македонија табак”, денес покоен)
ЉупЧо Настевски Супа (комерцијален директор на „Македонија табак”)
Фила Кусакатска (шефица на акцизниот склад на „Македонија табак”)
Тодор ЧуШкаровски, Славко Бурназовски и Стојадин НедељковиЌ (ген. директори на „ТК Куманово)
Диме Димески Кепе, Илија Нунески Нуне, Бранко Арсоски Арсата, Диме Момироски Момиро (директори на „ТК Прилеп”)
Круме Спиркоски Џемо (курир на Данчо Шутурков и долгогодишен шеф на обезбедувањето во „ТК Прилеп”)
Бранко Црвенковски (премиер на Владата)
Љубомир ФрЧкоски (министер за внатрешни работи од 23.12.1994)
Димитар Бузлески (министер за транспорт и врски од 23.12.1994)
Горан Павловски (директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба од 26. јуни 1995.)
Томислав Чокревски (министер за внатрешни работи од 28.2.1996)
Таки Фити (министер за финансии од 28.2.1996. и автор на програмата за трансформација на општествениот капитал „Макошпед” и „Македонија табак”)
Зоран Крстевски (директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги до 25.4.1996)
Александар Чепељугин (директор на ЈПАУ по сменувањето на Крстевски)
Абдулменаф Беџети (министер за транспорт и врски од 30.5.1997)
ЉубЧо Георгиевски (премиер од 1.12.1998)
Љубомир Михајловски Џанго (ексминистер за внатрешни работи и екс директор на Царинската управа)
Драган Даравелски (директор на Царинската управа од 19.1.1999)
Илија Илоски (директор на Царинската управа во два мандати)
Павле Трајанов (министер за внатрешни работи).

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1129&ArticleID=72732
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да се надеваме дека Драган Даравелски ќе посака што поскоро да допатува и да му се суди во Македонија отколку да го кркнат Србите едно 20тина години со Легија.:)
Впрочем интересно би било доколку и само еден од горенаведениот список биде притворен од МВР барем на распит.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Italijanskata agencija ANSA od Bari javi denes deka e fatena "megjunarodnata mafijashka grupa" na chie chelo se naogja crnogorskiot premier i precedatel Milo Gjukanovic.

Grupata kriumcharela cigari megu 1997 i 2000 god. vo italijanskata provoncija Pulja i za rabotila desetici milioni dolari. Javnoto obvinitelstvo vo Bari, Italija spored istragata sto e sprovedena otkirlo deka e isprano golemo kolihestvo pari i tie se rasporedeni vo barem chetiri zemji.

Gjukanovic go teretat deka e povrzan so italijanskata mafija vo Pulja. Obvinetite imaat pravo da bidat soslushani vo rok od 20 dena da ja pretstavat svojata odbrana, a po istekuvanjeto na toj rok rechisi sigurno kje bide podignato baranje za zapochnuvanje na postapka protiv niv.

Bidejkj i liceto B.C. e upleteno vo celava rabota i aktivno uchestvuva vo kriumcharenjeto na cigari, ne gledam nachin da izbegne odgovornost ako i koga kje padje Gjukanovic.
 

jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
ABC напиша:
Да се надеваме дека Драган Даравелски ќе посака што поскоро да допатува и да му се суди во Македонија отколку да го кркнат Србите едно 20тина години со Легија.:)
Впрочем интересно би било доколку и само еден од горенаведениот список биде притворен од МВР барем на распит.
Мислам дека фалат лица. Како е можно во сите предизборни кампањи сите да ја напаѓаат лошата приватизација на Фершпед од тогашната влада на Црвенковски и да најавуваат дека со тенкови ќе влезат директно до крајот на автопазарот докај што добацуваат магацините и складовите на Фершпед. Нели Штерјо (единствениот шериф што може да се шета сам по улица без никакви горили) е влашко лоби, па цинцарско лоби, па Македонија е во рацете на власите итн.
Каде е сега обвинителство, МВР, Управа за приходи и сите останати институции.
И јас мислам дека Фершпед не е приватизиран како што треба на времето и не верувам дека има некој што го мисли спротивното.
Но еве лично јас не приметувам дека веќе ниеден можен државен орган дека го споменува Фершпед воопшто, едноставно се заборави таа тема, до наредните избори.
Така што кога некој од власт поранешна, сегашна и идна ми се појави на TV и ми споменува дека Македонија била во рацете на цинцарите, јас би ја преформулирал решеницата дека кај нас политиката и тоа и власта и опозицијата се купена од тоа лоби. Јас сигурно не :).
Можда е off topic ама немав каде.:toe: .
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Штерјо е закон батка,никој ништо не му може,краде од народот и им дава на двете покрупни политички елити СДСМ и ВМРО па со тоа им ги затнува муцките за Фершпед.Како може ВМРО сега да поведе акција против него кога тој преку Миле Јанакиески беше главниот финансиер на партијата пред изборите?Истото се случи предходно кога преку Макрадули и слични им се пикна во газ на СДСМ.Европа ни забележува дека во Македонија нема никаква борба против Мафијата,а јас би додал како може да има кога Мафијата е таа што треба да ја започне таа борба,само истото е и со многу држави кој веќе одамна се во ЕУ и тука нема што да се прави.:(
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Мислам дека шверцов со цигари е толку голем бизнис, што не знам дали има потреба ние да правиме муабет за тоа...а и воопшто ако има потреба не знам колку е сигурно и безбедно тоа.

Но едно знам, дека станува збор за бизнис во кој се вртат ненормално ГОЛЕМИ пари и ненормално ГОЛЕМИ лоби групи контролирани од високи сегашни и поранешни политичари. Мислам дека нема потреба да го споменувам човекот кој од дамна се споменувам како човек кој го контролира шверцот или бизнисот со цигари во Македонија. Човекот кои во раце го има цело судство и обвинителство, и баш поради овие два факта сигурен сум дека никогаш нема да се расчисти овој шверц, затоа што уште еднаш напоменувам дека големи пари се вртат а да не заборавиме дека судството ни е еден од најкорумпираните сектори во Македонија.

И уште ова:Ако деновиве не напишам некој нов пост, знајте дека ме затвориле поради овој пост што го напишав сега. Искрено знаејќи како функционираат работите кај нас нема:nenene: да бидам многу зачуден од тоа.:)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
city напиша:
Мислам дека шверцов со цигари е толку голем бизнис, што не знам дали има потреба ние да правиме муабет за тоа...а и воопшто ако има потреба не знам колку е сигурно и безбедно тоа.

Но едно знам, дека станува збор за бизнис во кој се вртат ненормално ГОЛЕМИ пари и ненормално ГОЛЕМИ лоби групи контролирани од високи сегашни и поранешни политичари. Мислам дека нема потреба да го споменувам човекот кој од дамна се споменувам како човек кој го контролира шверцот или бизнисот со цигари во Македонија. Човекот кои во раце го има цело судство и обвинителство, и баш поради овие два факта сигурен сум дека никогаш нема да се расчисти овој шверц, затоа што уште еднаш напоменувам дека големи пари се вртат а да не заборавиме дека судството ни е еден од најкорумпираните сектори во Македонија.

И уште ова:Ако деновиве не напишам некој нов пост, знајте дека ме затвориле поради овој пост што го напишав сега. Искрено знаејќи како функционираат работите кај нас нема:nenene: да бидам многу зачуден од тоа.:)

Имаше уште еден таков "недопирлив" од Црна Гора,ама гледам деновиве некако како да почнаа да го "допираат".:)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
ABC напиша:
Имаше уште еден таков "недопирлив" од Црна Гора,ама гледам деновиве некако како да почнаа да го "допираат".:)
Епа ако кај нас "недопирливиот" стане допирлив тоа дефинитвно ќе значи отргнување на влијанието што во овој момент го има судството од најголемата партија во опозиција што во превод би значело дека тогаш би имале независно судство ослободено од СДСМ-овските притисоци и влијанија.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
city напиша:
Епа ако кај нас "недопирливиот" стане допирлив тоа дефинитвно ќе значи отргнување на влијанието што во овој момент го има судството од најголемата партија во опозиција што во превод би значело дека тогаш би имале независно судство ослободено од СДСМ-овските притисоци и влијанија.
Има реални шанси само доколку и дел од владеачката гарнитура жртвува одреден дел од својот естаблишмент,затоа што недопирливиот може да пропее и друга песна,со други "јунаци" кој се на другата страна.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ABC напиша:
Има реални шанси само доколку и дел од владеачката гарнитура жртвува одреден дел од својот естаблишмент,затоа што недопирливиот може да пропее и друга песна,со други "јунаци" кој се на другата страна.

xaxxaxa,me iznasmea covece!:helou:
Pa ne veruvam deka nekoj ovde ocekuvase i nekakov poinakov odgovor od tebe,rambo daj smiri se malce i prifati si ja vistinata,nema nitu da ja ublazis ili sokries so toa sto ke ja prefrlas vinata kaj nekoj drug!

Znaes...citajki te vaka od post na post mi se vide nekoja prilicno golema slicnost pomegju tvojot nacin na pisuvanje (laenje) i onoj prepoznatliv kodoski stil na Yani Makraduli ,me interesira dali ste vo nekoe srodstvo?
A mozebi toj ti e mentorot?:vozbud:
Ne mi se veruva deka ja imame cesta da diskutirame ..mozebi licno so glavnoto papagalce na sdsm..:tv:


Kaj naogjas tolku slobodno vreme da gnjavis so gluposti 24h na den?
Mozebi za ova te plakjaat od stabceto kojznae...kako i da e.. ZALUDNO POTROSENI PARI I VREME!:pos2:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ако недопливите станата допирливи, тогаш ќе има еден силен удар и настанување на тешок дисбаланс на македонската политичка сцена, кој дисбаланс, може да даде позитивни а може и негативни резултати.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Italjanite nesto kazuvaat....???? pa tie so godini "pola" od crniot budzet i celoto peglanje na socijalata... gi polnea od svercot cigari........nivnite premieri...Bozji jgninja:)
Pa zarem mislite deka nekoj vo nabrojanite zemji moze kutija cigari da proizvede i prodade bez znaenje na svetskite tutunski baroni :)...!!!
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Појак бизнис од бизнис со легална дрога нема, а цигарите односно никотинот е дрога, која за разлиак од другите психотрпни супстанции најбрзо создава зависност.
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
71
Поени од реакции
1
SUTURKOV I B. C (PREDAVNIKOT,LOPOVOT I SE NAJLOSO VO MAKEDONIJA).Pozdrav do site Makedonci
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Bratot напиша:
xaxxaxa,me iznasmea covece!:helou:
Pa ne veruvam deka nekoj ovde ocekuvase i nekakov poinakov odgovor od tebe,rambo daj smiri se malce i prifati si ja vistinata,nema nitu da ja ublazis ili sokries so toa sto ke ja prefrlas vinata kaj nekoj drug!

Znaes...citajki te vaka od post na post mi se vide nekoja prilicno golema slicnost pomegju tvojot nacin na pisuvanje (laenje) i onoj prepoznatliv kodoski stil na Yani Makraduli ,me interesira dali ste vo nekoe srodstvo?
A mozebi toj ti e mentorot?:vozbud:
Ne mi se veruva deka ja imame cesta da diskutirame ..mozebi licno so glavnoto papagalce na sdsm..:tv:


Kaj naogjas tolku slobodno vreme da gnjavis so gluposti 24h na den?
Mozebi za ova te plakjaat od stabceto kojznae...kako i da e.. ZALUDNO POTROSENI PARI I VREME!:pos2:

Aбе ги забораваш Ќурчиеви,едниот е уште некое лево маде во врвот на СДСМ.Па тие бе батка не така одамна беа фатени со цели шлепери на транзитни цигари,влакно не им фали.Фершпед на Штерјо р`шум прави дури и во цистерни ги пренесуваат а ти правиш споредби помеѓу мене и влавон,абе ај не заебавај,сега ти ме изнасмеа.Сакам да речам дека не треба да се заборави ниту Табак непотистичката врска помеѓу ВМРО и шверцерите на цигари.Па нели директорите на Табак и беа нешто на Снешка,вашата бивша прва дама.
Инаку тука некаде е и кланот Филиповски кој е блиску до Бранко,а богами и поранешниот директор на ТУТ-КОМ Прилеп,Тони Мицајков,па и сегашниот Тони Димитриевски кој шурува и со Бранковистите а нормално и со Грујовистите инаку немаше да го тртнат од нигде никаде директор на комбинатот во Прилеп кој е главна алка во синџирот за шверц со цигари.
Факт е дека пазарите се полни со цигари на црно,кој идат од Албанија а и од Дубаи па и од Кина и Египет.Каналите сеуште работат да бидеме реални како ништо да не било,само прашање на време е кога ќе проговори заштитниот сведок Драшковиќ кој е испорачан во Италија па немој тогаш да се вадите дека не сте биле запознати со инволвирањето на некои сегашни ВМРО активисти во целата папазанија.Бранко најверојатно е замешан ама тешко ќе се најдат докази за крупните риби ама за оние поситните секогаш има нешто непобитно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom