concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
Авионот покрај кој стои Фиселер не би требало да е Њепор од проста причина што авионите на таа серија имаат звездасти ротациони мотори. Повеќе може да е нешто ко овој Фарман, бидејќи авионот е со водено ладен мотор, а мене друг таков на страна на сојузниците на Македонскиот фронт не ми паѓа сега на ум..
Инаку бугарите имаат некоја количина на германски авиони и имаат налетано неколку стотини мисии за време на војната.
Имат и Фокер Ајнцдекер 3 ком. на кој авион еден пилот соборува француски бомбардер Фарман 40 над Софија. Имаат уште 3 евентуални победи...всушност претежмно летаат на двоседи авиони за извидување.
Имам некаде во архивата список на сите авиони со кои располагале и нивни слики, па ако го најдам ќе го постирам.
Инаку ДЕФИНИТИВНО Браќата Рајт не се први кои летале со моторен авион , дури нивниот формален прв лет е СМЕШКА.., но секако биле најголемите шоумени и трговци во таа област и успеале да се изборат за таа титула.
В Македонија во балканските војни има малку авиони. Турците имаат француски R.E.P на овие простори, а Србите Блерио, но што од нив баш во тие војни летало незнам. Имам податок дека стариот Скопски аеродром сега дел од населба Аеродом е користен од турската војска како летилиште уште 1908 година за R.E.P-овите.
ова е авион од тој тип кој 1011 година бил однесен на Антартикот со некоја експедиција.
А словенецот кој е спомнат е еден од браќата Русијан .Едвард кој летал со нивната ЕДА1 1908 год.
за да подоцна се слупа во Белград 1911 каде е и закопан. Братму со загрепчанецот Мерчеп како сопственик на компанијата има подоцна направено неколку конструкции на добри авиони во мали серии , ама бидејќи ова е ќуше на светот, на тоа останало...ги немало маалку подоцнежните големи војни нарачки кои ја дигнаа авијацијата во небеса...
Инаку за прашањето кој прв во Македонија сеуште немам права информација. Знам само дека ПРВИОТ авион кој е заведен на приватно лице во Кралевината СХС е купен од некои трговци во Скопје. Неговиот звездаст мотор со 5 цилиндри го имам видено во подрумот на Музејот во Сурчин, а информацијата е директно од гуруто на тој музеј Чедо Јаниќ