Бате Вегас, јас имам досега сменето сигурно преку 50 телефони (не претерувам-еден вид на лоша манија ми е), од кои што преку 20 биле со камера. Од тие 20 со камера, имало видливи разлики во квалитетот на сликата, како и кога ја гледаш на дисплејот, но и кога ке ја префрлиш на компјутер. Има телефони со солидни камери, дури и многу подобри отколку некои никакви дигитални апарати, вeрувај.
Е сега претежно телефоните со камера се со резолуција од 320 х 240, додека на пример Нокиа 6600 или Ериксон П800, П900 имаат ВГА Камера 640 х 480. И тоа е гола вода, бидејки е далеку и од 1 мегапиксел.
Пред нова годниа како чудо беа промовирани телефоните кои излегоа со 1.3 мегапикселна камера. Мобилна телефонија-трета генерација (3G) Ама 5 мегапиксели батка? Имаш ли претстава колкава е разликата во квалитет на сликата? 5 милиони точки составени во една слика?
Јас на пример користам дигиталец Canon od 3.2 мегапиксели. Апаратот е повеќе од солиден и во споредба со другите слични на него, ги јаде далеку. Но, сигурен сум дека никако не би можел да се спореди со 5 мегапиксели иако е штракнато од мобилен.
Може ќе го купам кога ке излезе телефонов, па ке ти пратам едно "тешко" сликиче да направиме споредба.