Кој и што знае да зготви?

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Многу малце.
Еве, деновиве решив да направам од оние колаченца од кесичка, со што требаше на смесата да и се додаде вода, зајтин и јајце. Јас заборавив јајце. На готово тесто!!!:kesa: Арно ама, на сите дома им се бендисаа и такви, бар така мислам, пошто и онака никој не смее да писне дака не му се допаѓа...што да правам, прилично сум осетлива :toe:
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Многу малце.
Еве, деновиве решив да направам од оние колаченца од кесичка, со што требаше на смесата да и се додаде вода, зајтин и јајце. Јас заборавив јајце. На готово тесто!!!:kesa: Арно ама, на сите дома им се бендисаа и такви, бар така мислам, пошто и онака никој не смее да писне дака не му се допаѓа...што да правам, прилично сум осетлива :toe:
Женска многу поубо мојш дома да погодиш колачиња ... јас не ги сакам ич пак оние кесине еднаш кај другарка праев така и не ми се свиѓаше а и помалку време ми фати една торта да напрам цела чудно беше то тестото.:toe:
 
H

HITCH

Гостин
До лани ова време знаев само некои јадења набрзина колку да помине доручекот. Оваа година само манџите ми останаа ненаучени :pos: ама нив немам ни намера да ги учам :smir: Знам риба да направам на милион начини, знам месо на милион начини, конечно научив и пандишпан да правам без да ѕиркам состојки и без да го утнам во печењето, а разните кремови се одамна совладани. Сосови за тестенини знам од порано, а тестенини не спомнувам оти се најлесни за правење. Научив куп специјалитети кои се спремаат за многу кратко време ако ме изненадат некои гости, а во последниов период имавме доста изненадувања :pos: Мајка ми вели дека се ми се погодува дека не му ја мислам многу, ако не се погоди в канта, АМА досега ништо не заврши в канта. Ниту се повредувам додека готвам, навистина чудно. Најновото нешто што го направив е многу брзо.

Зедов стар леб ситно го искршив и го ставив во стаклена тава намачкана со путер (стаклена тава оти имам прегледност до каде е печењето :pos:). Изрендав салама (а може и парчиња сецкани, а салама каква имате дома) кашкавал и печурки. Сето ова се става врз искршениот леб и се става да се пече во загреана рерна 15 минути на температура од 180 степени. После матиме 2 јајца заедно со 2 лажици кисело млеко (како за мусака). Го додаваме во тавата и го враќаме да се пече уште некое време (додека јајцето горе не се испече исто `ко за мусака). Супер е!
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
285
Поени од реакции
39
Паааа...пржени јајца, варени јајца, јајца на око, кајгана :) Шала на страна, освен тоа знам некои по едноставни јадења: сарма, мусака (mommy says they taste good :pos2:) и безвезни ситни колачиња. Тоа е засега :pipi:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Јајца на 101 начин. Пржени со патлиџани, пиперки, салама, чист омлет, јајца на око...
Шопска салата исто така, а знам и кромид да исецкам за во туна. :wink:
 
Член од
10 август 2010
Мислења
183
Поени од реакции
7
Пире :pipi: инаку сакам торти, слатки, колачиња... и знам да направам секакви со рецепт :)
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Од покомплицираните (ако може така да се нарече :pos: ), палачинки знам да направам. Ручеци големи, не.. сеуште :) И некои колачиња едноставни. Сакам да правам торти и разни слатки, интересно ми е .. ама не знам уште. Само наједноставните. Ај имам време .. :pipi:
 
F

FuckYouAll

Гостин
Kajгана и колбаси (секогаш ги горам по малце:pos:) Да варам незнам, да пржам подолго од 15мин незнам, да печам незнам. :pos:
Зато ќе си земам жена да ми прајт јадење. :)
Заинтересирани ако има нека ми пишат. :poss:
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Kajгана и колбаси (секогаш ги горам по малце:pos:) Да варам незнам, да пржам подолго од 15мин незнам, да печам незнам. :pos:
Зато ќе си земам жена да ми прајт јадење. :)
Заинтересирани ако има нека ми пишат. :poss:
Почекај море уш од сеа жена :pos2:
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Пред некоје време Ставив Виршли на Рингла и за малце ќе останев без куќа Така да
Ни Џејми оливер не ми е рамен
 
Член од
16 септември 2010
Мислења
39
Поени од реакции
2
да намачкам леб знам да исечам хаха, знам јајца да напрам супа и несто дурго :)))))))
 
С

сашенко

Гостин
Јајца знам да си направам(пржени-варени).Кобасички......компири имам пржено неколку пати и еднаш ги погодив...имам пица правено со тесто од продавница,кришки леб со јајца..(има ли има за тоа или само кришки со јајца се викаат?), имам палачинки правено,пудинг знам да си направам....добар сум...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
а беее , ајдете:icon_roll -знам дека и во кујна не бива- не сме толку незналици- верувам дека секое маж може одлично да се снајде во спремање храна- дури и поубаво од некои жени:wink: - само што после нас кујната ќе изгледа ко торнадо да имало- ,пофино ни е кога друг тоа го спрема
единствениот проблем е што не сакаме, а не дека не не бива - :ne_zboram:ne:, ние сме си готовани
 

Kajgana Shop

На врв Bottom