Навидум глупо прашање,кој би можел освен ние самите,но дали е така?
Разговарајќи со луѓето околу мене,доаѓам до константација дека сите бараат оправдувања за она што го погрешиле,односно се обидуваат да ја исперат својата совест префрлајќи или делејќи ја вината.
Вие што мислите?
Јас сум секогаш за се виновна, затоа што го сакам и посакувам, за тоа што ме прави среќна или несреќна, јас сум апсолутниот дежурен виновник и конечно се помирив со улогата, па решив да им верувам.
Сега во моментите на луцидност, или најверојатно затоа што сум сама, после 30.000 анализа на тоа што тргнало погрешно и зошто сум одлучила да си заминам, ми станува јасно дека биле во право, комплетно.Јас сум била таа која што трпела се што ми приредувале, таа која што оправдувала, таа која што давала премногу или премногу земала и тоа по погрешен редослед.Јас сум таа која што не знае што сака секогаш од мене се бара да знам.
Да бидам искрена, убаво ми е така, тоа секогаш ми останува за да се утешам сама себе, ако јас сум виновна, тогаш јас сум во контрола и од мене зависи до каде ќе одам или кои грешки ќе изберам да ги направам.Страшно е кога знаеш дека некој друг може да те повреди, но кога тоа си го правиш на сам себе, се оправдуваш со паролата дека тоа е за да се потсетиш дека си жив.Кога знаеш дека ќе те убие ако некој те остави, ти го оставаш прв затоа што таа болка можеш да ја преживееш.
Аналогијата и логиката можеби не се баш логични, ама и те како вреди за да се убедиш себе дека барем ти си тој кој што има избор.