Кој е вашиот омилен лик од „Господар на прстените“?

Член од
6 март 2010
Мислења
27
Поени од реакции
3
Всушност, митологиите и не се толку различни. Елфите, самовилите, нимфите и другите полубожества сродни на нив се дел од многу верувања и во голема мера имаат сличности. Треба сепак да се спомне дека Толкин, за потребите на приказната ги вооружи овие митолошки битија со лакови и стрели (во старите митологии не се толку воинствени и општествено организирани, а и машкиот пол бројно е занемарлив) и благодарение на популарноста на неговите романи оттогаш сликата за самовилите во Западниот свет се смени, а и кај нас полека се менува.
А што се однесува до Зевс и Јупитер, тие се поистоветени многу одамна, од самите Римјани (неколку века пред нашата ера). Римскиот пантеон во целост соодветствува со олимпискиот, имињата се различни, но атрибутите на божествата и митовите за нив речиси се идентични. Така, Зевс е (или станал) Јупитер, Арес е Марс, Хефест е Вулкан, Афродита Венера и тн.
Во митологиите на индоевропските народи громовниците најчесто се врховни божества населени на највисоките и најтаинствени планини. Освен имињата (Зевс, Перун, Тор, Јупитер, Индра), меѓу нив и нема многу разлики. Тоа во помала или поголема мера важи и за останатите божества. Се работи за стари содржини во нова форма, која настанала како резултат на различните култури и обичаи. Дури и некои светци се рехабилитирани антички божества :nesum:. Интересно е и присуството на змејот, односно змијата (или во некоја друга змијовидна форма) може да се сретне и во повеќето верувања низ светот и тоа како главно негативно натприродно суштество, и тоа во Европа, Афика, Азија, двете Америки итн.
Со оглед на тоа дека луѓето и покрај сите поделби на најразлични основи се дел од еден ист вид и нивните стравови, желби, потреби и очекувања се многу,многу блиски. Исто така блиски се и верувањата.

Дури и Eru, т.е. Illuvatar, ако добро го напишав, соодветствува со јудео - христијанскиот Бог, a Melkor, со неговиот вечен опонент Луцифер.
Точно е дека Зевс и Јупитер се исти богови, но баш и поради тоа ги споменав. Да се разбереме, иако некои нешта имаат различни имиња а во суштина се исти, сепак секое нешто си соодвестува со своето име. Ако го примениме тоа што ти го кажуваш, би можеле муслиманите, наместо Алах, да речат Господ, што е пак сосема несвојствено за нивната религија. Истото го имаме и кај „Елфи“ и „самовили“.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Сем,како вистински пријател,што најчесто сега се гледа само во филмовите.
Арагорн,кој што фасцинира со неговата храброст.
И Смигл,кој ми е симпатично сладок и одвратен во исто време.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Леголас-храбар самовилјак,а плус и орландо е прекрасен.
Арагорн-храбар и подготвен за акција.
Смигл-мешавина на добро и зло,симпатично и одвратно,но во секој случај интересно.
 
Член од
11 ноември 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Смигл/Голум, бидејки со начинот на кој што Толкин го опишал во книгата е речиси невозможно да не покажеш барем најмали симпатии кон него, без разлика колку и да е во следниот момент одвратен и подол.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
68
Поени од реакции
13
Eowyn, дефинитивно, не знам зошто никој не ја спомнал до сега.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

Билбо Багинс.... :) да не го пронајдел тој прстенот ништо немало да се случи :baeh:
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Дефинитивно Леголас! Толку ми е инспиративен и фасцинантен, што доколку би живеал во Средната земја, не би сакал да бидам ништо помалку или повеќе од него! Совршен е!
--- надополнето: Jun 14, 2011 11:50 PM ---
Дефинитивно Леголас! Толку ми е инспиративен и фасцинантен, што доколку би живеал во Средната земја, не би сакал да бидам ништо помалку или повеќе од него! Совршен е!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.059
Дефинитивно Леголас! Толку ми е инспиративен и фасцинантен, што доколку би живеал во Средната земја, не би сакал да бидам ништо помалку или повеќе од него! Совршен е
Една од најголемите мои замерки кои ги праќам на адреса на Питер Џексон*, е преувеличувањето на улогата на вилениците, во настаните во Третото Доба, околу Војната за Прстенот, секако. Леголас е очигледниот пример за тоа. Иако, во филмот има и пофлагрантни примери.
Пред се мислам на учеството на виленички воени единици во Војната (кај Helm's Deep).
Оваа раса, (ќе искористам толкинов израз) бледнее во Третото Доба. Во ова доба, не може да стане збор за учество во битки, на никакви виленички организирани воени единици. Таа приказна завршила пред многу векови, уште кај Последната Алијанса. Во Третото Доба виленичкиите сили организирано учествуваат во битка, само кога се бранат (на Северот од Мрката Шума и во Лотлориенските судири, што се споменува во книгата).
Леголас е врвот на ова преувеличување, за кое мора да имаме разбирање**. Во суштина, Леголас направи најмалку за каузата, од сите членови на дружината***. Но не и во филмот, каде скока наоколу како мајмун и ја развеселува публиката. Орландо Блум, да не беше филмов, ќе останеше полупознат глумец, со соодветни улоги.
Можеби Леголас е фасцинантен и инспиративен , што и да се подразбира под овие изрази, кога се користат за него. Тоа е субјективно.
Ама совршен, не можеш да кажеш.
Во никоја смисла на зборот, совршен не може да се закачи на еден Синдар, кој никогаш не ја видел Светлината на Дрвјата - во превод значи дека е (генетски, цивилизациски, културно, духовно - стави кој збор сакаш) далеку од високородните виленици, како Глорфиндел, на пример. А па со некој високороден виленик од највисок ранг, како Галадриела - едноставно нема ни споредба. Тоа ти е како да сакаш да споредуваш Т'га за Југ со Шато Камник Тен Барелс. Кај нас има луѓе кои мислат дека Т’га е меѓу најдобрите наши вина. Но тоа е само затоа што никој не пиел друго нешто, како гореспоменатото, на пример. А не затоа што е субјективно - кое е најдоброто вино.
Сепак, ја рaзбирам фасцинираноста на публиката со филмскиот Леголас и вилениците. Тоа и била намерата на П.Џ..Но во светот на Толкин не е баш така.
Едноставно, бордот во Мирамакс заклучил дека не е добро за филмот да нема главна женска улога или пак една фасцинантна раса какви се вилениците да бидат прикажани во реалната состојба во која се наоѓаат кон крајот на Третото Доба. Но тоа е тоа, режисерските филмови почнаа да изумираат со појавувањето на Војната на Ѕвездите, и грубо кажано од тогаш, главниот збор го нема режисерот туку продуцентската куќа.

* чиј што филм ми е број еден на сите времиња
** пошто, е направено од комерцијални причини. самите одговори на публиката на форумов, се прв показател
*** Толкин, "Незавршени Приказни", 502 страна (од српско издание)
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
The Witch King of Angmar,that motherfucker was bad!
Од заведување на пола човечка северна нација под своја команда преку чумата у The Barrow Downs до mother fucker-осување на Minas Tirith типот ми е идол.
+ убивање на последниот крал на гондор, баткава има повеќе заслуги од саурон добиено :)
и мене овој ми е омилен, затоа што уште во првата книга се спомнува како злото од анграм кој го исчистил арнор внесол страв помеѓу елфите и луѓето, самите негови подвизи во кој претежно бил успешен(иако на крајот тој изгуби и ја доби клетвата од глорифиндел), го уништи тоа што најмногу му сметаше на саурон освен белиот совет кој исто така беше корумпиран, убивањето на последниот крал на гондор, и освојувањето на минаситил(тогаш стана минас моргул) го прават еден од најзлобните епски (измислени) карактери во книгите според мене.
исто така многу ми се допадна ликот на боромир и гандалф, особено храброста на бранењето на минас тирит, сите ликови ми беа добро раздлабочени
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Една од најголемите мои замерки кои ги праќам на адреса на Питер Џексон*, е преувеличувањето на улогата на вилениците, во настаните во Третото Доба, околу Војната за Прстенот, секако. Леголас е очигледниот пример за тоа. Иако, во филмот има и пофлагрантни примери.
Пред се мислам на учеството на виленички воени единици во Војната (кај Helm's Deep).
Оваа раса, (ќе искористам толкинов израз) бледнее во Третото Доба. Во ова доба, не може да стане збор за учество во битки, на никакви виленички организирани воени единици. Таа приказна завршила пред многу векови, уште кај Последната Алијанса. Во Третото Доба виленичкиите сили организирано учествуваат во битка, само кога се бранат (на Северот од Мрката Шума и во Лотлориенските судири, што се споменува во книгата).
Леголас е врвот на ова преувеличување, за кое мора да имаме разбирање**. Во суштина, Леголас направи најмалку за каузата, од сите членови на дружината***. Но не и во филмот, каде скока наоколу како мајмун и ја развеселува публиката. Орландо Блум, да не беше филмов, ќе останеше полупознат глумец, со соодветни улоги.
Можеби Леголас е фасцинантен и инспиративен , што и да се подразбира под овие изрази, кога се користат за него. Тоа е субјективно.
Ама совршен, не можеш да кажеш.
Во никоја смисла на зборот, совршен не може да се закачи на еден Синдар, кој никогаш не ја видел Светлината на Дрвјата - во превод значи дека е (генетски, цивилизациски, културно, духовно - стави кој збор сакаш) далеку од високородните виленици, како Глорфиндел, на пример. А па со некој високороден виленик од највисок ранг, како Галадриела - едноставно нема ни споредба. Тоа ти е како да сакаш да споредуваш Т'га за Југ со Шато Камник Тен Барелс. Кај нас има луѓе кои мислат дека Т’га е меѓу најдобрите наши вина. Но тоа е само затоа што никој не пиел друго нешто, како гореспоменатото, на пример. А не затоа што е субјективно - кое е најдоброто вино.
Сепак, ја рaзбирам фасцинираноста на публиката со филмскиот Леголас и вилениците. Тоа и била намерата на П.Џ..Но во светот на Толкин не е баш така.
Едноставно, бордот во Мирамакс заклучил дека не е добро за филмот да нема главна женска улога или пак една фасцинантна раса какви се вилениците да бидат прикажани во реалната состојба во која се наоѓаат кон крајот на Третото Доба. Но тоа е тоа, режисерските филмови почнаа да изумираат со појавувањето на Војната на Ѕвездите, и грубо кажано од тогаш, главниот збор го нема режисерот туку продуцентската куќа.

* чиј што филм ми е број еден на сите времиња
** пошто, е направено од комерцијални причини. самите одговори на публиката на форумов, се прв показател
*** Толкин, "Незавршени Приказни", 502 страна (од српско издание)
Прилично исцрпен одговор, но не знам зошто ти беше. И јас сум фан на Толкин и на „Господарот на прстените“, ги имам читано книгите и ја знам поентата, но тоа беше само мое мислење за мојот омилен лик, не мора да се сложиш со мене. Ќе признаам, можеби многумина ќе ми замерат, но никогаш ги немам гледано филмовите „Господарот на прстените“ (освен првиот) затоа што уште почетокот ми беше сквернавење на книгата (за која имам многу високо мислење, стилот, приказната, осмисленоста, заплетот, ликовите и се) и не се потрудив да ги изгледам вториот („Двете кули“) и третиот („Враќањето на кралот“) дел. Не мора да се вознемируваш за моето мислење за Леголас, и не велам дека Галадриела не е фасцинантна, инспиративна и совршена, но Леголас отсекогаш ми бил омилен лик и ќе ми остане - без разлика на тоа колку направил или не направил :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom