Да резимираме..
Со црвеното ти се одговорите..
И како што ти реков уште пред да го започнеме муабетов, ти ќе тургаш на една а јас на друга и никад нема да ме убедиш во шна што го кажуваш, а спротивно пак, не се ни трудам да те убедам, само те прашувам и ти одговарам.. ништо повеќе..
--- надополнето: 21 септември 2012 во 19:58 ---
MEDDLE
- Воскреснал? А доказ за тоа? Или полесно е да се задржиме на темата.... впрочем темата е „Кој е Исус Христос?“ нели?
- Патем, еве годинава докажаа дека бил женет (а за што сигурен сум дека Ти, какои многумина други, се противевте на тој факт), од кај знаеш, може до година ќе се докаже дека и воопшто не воскреснал?! Шо знаеш! Човековата љубопитност не познава граници...
- Аман бе друже зар се обидуваш научно да толкуваш измислена психо-лингвистичка образба „воскресение“ ?! Не ме зезај.. Немој сеа да почнеш и уште со математички и хемиски формули да пи потврдуваш нешто непостоечко!?
Се сложувам со тебе во однос на убедувањето, а тоа ми е и генерален принцип во дијалогот т.е. секој го кажува своето без да инсистира да убеди освен ако другиот прифаќа и сака...
Мојот пристап кон прифаќање на вистината е живиот дијалог, која истата ја гледам како персонификација на Личносниот Бог и Човекот(живи субјекти).
За разлика од тебе чиј пристап е во основа (црн болд), прифаќање на вистината како објективност, екстериорност по принцип докажи со доказ(мртов „субјект“-објект) за да поверувам за да знам т.е. се убедам...
Ова е битната дистинкција, затоа велам дека си во право дека неможеме дијалошки да се пронајдеме.
Но оптимизмот кој ја надминува оваа ненадминлива дистинкција ми е во искреноста т.е. во искрениот пристап, желба(кој претпоставувам, чувствувам дека го имаш) да се осознае Вистината која за мене е Жива, Личносна,Мистична..., а за тебе е мистифицирана во неживиот, научен доказ.
- Велиш „онтолошка“ а? Еве што подразбира Онтологијата http://ask.reference.com/web?q=What Is Ontology?&o=100100
- Велиш „синоним“ а? Еве што вели истиот речник, што е зборот синоним - http://ask.reference.com/related/what is synonym а еве од каде потекнува самиот збор! http://www.etymonline.com/index.php?allowed_in_frame=0&search=synonym&searchmode=none
Значи, да резимираме... Кој ти дава тебе за право, така лично да ја толкуваш и поимаш природата на човекот т.е. нејзиното потекло (поготово слободата), и истата да ја сведеш на синонимно равенство со Измислен Апсолут - БОГ?!
Еве и за термините се сложувам да се користат утврдено работно-дебатно за взаемно разбирање.
Онтологија ја користам како кованица која се употребува од 17 век од ОН лат. партицип од глаголот да биде и логос еден од грч. преводи како слово, збор...(бидејќи има многу значења), од овде онтологија= слово, збор за битието, постоењето.
А синоним во овој контекст:
Вид збор:
Именка, машки род
1.
Збор различен од друг по звуков состав но ист или многу близок со него по значење.
Англиски: synonym
Употреба:
Лингвистика ,
Преносно значење
Примери:
Синонимите во македонскиот јазик
2.
Ист,
еднаков поим.
Англиски: synonym
Употреба:
Лингвистика ,
Преносно значење ,
Книжевен збор
Примери:
Окупацијата -
синоним на гладот.
Значи резимето би било дека јас
слободно, личносно го прифаќам откровението, вистината за човечката онтологија како од Бога дадена вистина, која Живопреданиски(не со мртви научни докази), црквено, патристички(светоотечки) е утврдена во историјата.
- И, патем, зарем не ни е овозможено од тој Апсолут и да егзистираме слободно и да бидеме и покварени, зли, убијци, човекојадци, сексуални манијаци, наркомани, шизофреничари, аутистични, пијаници, сексуални зависници, лакоми, сиромашни, бедни, болни, ненахранети... ?
Или за тоа се оди в пекол? или...?
Овозможено е, зарем несакаш да е!? Како би биле слободни?
А негативните импликации што ги наведуваш се последица од смртноста(гревот).
И за тоа не се оди во пекол..., но тоа е друга тема, иако зафаќа контекст да не шириме премногу.
- Прашањето си е на место, ти го поимаш како тебе ти е мило, и како што те научиле и си научил...
Прашањето не е наменето за тоа од кога постои христијанското поимање за Бог, туку од кгоа постои човекот.
Затоа те прашувам пак.. истото - Пред Бог, човекот бил ли слободен?
И дополнително прашање.. Што било пред „Бог“? Зар, само христијанското поимање за Бог е валидно?
Кога веќе ме прашуваш не ми наметнувај, јас го кажувам мојот пристап затоа те поправив и во тој контекст одговорив, немора да прифатиш.
А дополнителното прашање: Бог нема почеток ниту крај=Апсолут.
За мене христијанското поимање е “валидно“(би рекол прифатливо) во правослaвното предание т.е. Вистина во Полнота, а останатите мислам дека се обиди, желба на човекот во својата слобода да го реши проблемот со создаденоста, смртноста.
- ОК.. ај вака. „Ако самиот Бог е слобода, зошто наместо Бог не велиш слобода и не веруваш во слобода?“, како прво, и „Зошто ќе ти е деитет на слободата, т.е. зошто бре не си слободен, него мора Апсолутна Апстракција да ја поистоветуваш со Слободата, зошто едноставно не си ја земеш слободата, туку се молиш пред празен воздух да ти ја даде?“
Кој не вели Слобода!? И ќе Го нарекувам како сакам. И без нервоза.
Човекот не е само материја, туку по идентитет е личност и личносно се обраќам на Личносниот Бог, Кој така ми се открива и точно знам конкретно на Кого се обраќам, како што се обраќам на .
MEDDLE т.е. како што ми се преставуваш.
- Не мешај баби и жаби.. убаво те прашав.. те молам објасни ми го следново „односот каде што Бог ја пази слободата да велам/вели некој дека е имагинарен, т.е. Односот Бог - Индивидуа(човек), при што како медиум се појавува слободата, која што е, еве да се изразам „слободно“, е супстрат на волјата Божја“ .. а за ова што сега го рече, имаш погоре одговор, а и дополнителни прашања..
Промисли го малку примерот (и искрено без нервоза, навистина те молам), ќе видиш дека го содржи одговорот, а се разбира ако треба тука сум да дополнам во изразот.
- Не е соодветен затоа што не ти одговараат и не ти се вклопува во „тезите“ што ги изнесуваш овде. (шуќур што не ти пишав тука дека тоа се сублимирани извадоци од Фројд и Жижек - но еве сега ти кажувам да си знаеш )
Па и Фројд и Жижек се луѓе и они ко нас имаат “мака“ со Слободата.
- Не се тоа нешто ама баш лично мои видувања, има литература земи прочитај.. ама еве велиш дека треба да ги прифатам историските факти што ги сведочи Црквата...
Види вака, оној момент кога ќе прочиташ историски факти од луѓе што секој ден макотрпно работат и пишуваат на Кембриџ Оксфорд, па еве и како професоркава од Харвард што се намачила и ги изнела, и кога ќе направиш еден Argumentum a contrario или можеби некој друг метод, дедуктивен ли индуктивен, не знам, со „историските факти што ги нуди црквата“, и размислиш убаво со своја глава, е тогаш јас ќе ги прифатам историските факти што Црквата ги просведочила.
- А за твоја информација, сум ги прочитал тие историски факти што Црквата ги сведочи, но сум ги применил методине погоре, и сум извел здраворазумен заклучок....
Да се разбереме, јас и те како се служам, работам(конкретно со анализа на целуларна морфологија) со науката како едно човеково помагало и го ценам трудот на научникот, но неможам животот да го ограничам само на тоа, за мене приоритет ќе повторам е живиот Живот(личносниот однос).
Можеби мојот заклучок е
болноразумен, но што да се прави ќе преиспитам, можеби и не е...
- Да но не преку религијата, тој концепт се напушта многу одамна... Слободата е лично твој идеал и земи зграби го, никој нема да ти годаде, а секој може да ти го одземе, па дури и непостоечкиот Бог...
Ова веќе е платонизам, респект но не го прифаќам. Не се лути.
А се друго е еволуција, сакал тоа признај или не .. тоа ти е...
Сепак Дарвин бил во право....
--- надополнето: 21 септември 2012 во 19:58 ---
Дарвин, респект за неговата генерална порака во контекст на
односите во рамки на создаденото,
а не за жал површински разбрана од мнозина како еволуција во смисла на трансформација како принцип...
.
П.С. Кој беше Исус? Мислам дека не забегавме со темава, ако е така се извинувам.