Па секако дека не бил: веќе напишав дека Он Е неправедно обвинет и осуден, без нити една точна причина за осуда. Плус, Христос не повреди(л) ниту една од јудејските традиции и закони па затоа и бил лажно клеветен, од лажни сведоци, со лажни изјави.
--- надополнето: 25 јануари 2013 во 12:24 ---
Да, Он навистина Е Цар/Помазаник, но не во традицонална, туку во Богочовечка смисла: доволно е да видиме кои дарови Му оставија Валтазар, Мелхиор и Гаспар: злато, смирна и ливан, симболите за цар и првосвештеник!
--- надополнето: 25 јануари 2013 во 12:25 ---
Од дека е ‘ваа мудрост со неплаќањето данок?...
--- надополнето: 25 јануари 2013 во 12:28 ---
Полека: Пилат, миејќи си ги рацете (симболично!), не најде ниту една вина кај Христа! И не е само Пилат главниот кривец за распнувањето Христово, туку и многумина околу Пилата. Пилат само им удоволил на јудеите, оти само така римската окупациона власт ги држела евреите „под конец„, со пуштање на по еден еврејски багабонт на јудејски празник. А Пасхата веќе била на видик...
--- надополнето: 25 јануари 2013 во 12:30 ---
Тоа не се никакви докази: Христос секогаш поучувал и лекувал јавно, а не тајно, така да Христовите дејанија биле очигледни за сите...
Исус бил заговорник и борец против римската власт, се обиде да покрене востание заено со зелотите но не успеа. Јудеја имаше долга и крвава историја во бунтови против Рим, односите меѓу рим и населението биле крајно напнати и неприателски, по бунтовите - идело до репесалии и одмазди, после едно востание, околу 3000 евреи биле распнати од римјаните, кога падна тврдината Мосада сите евреи внатре извршиле колективно самоубиство за да не паднат во раце на римјаните, кога паднал ерусалем - римјаните направиле колеж на се живо и го спалиле храмот, а по второто востание - целосно го разурнале градот и ги иселиле сите евреи... значи не била ситуацијата така мирна и наивна како што е опишано во евангелијата. Исус со своите постапки го довел во опасност целиот народ, затоа кај Јован 11 се вели дека е подобро да пострада еден човек од колку цел народ. По чему ако би Исус останал жив - би страдал целиот народ? и тоа кај јована баш од Римјаните? освен ако исус не е водач или цар кој се обидува да си го поврати престолот и кој ако му се предаде на рим, ќе биди поштеден народот. Исус е цар по сите критериуми, не на некоје апстрактно царство кое не е од овој свет туку од овој свет и тоа цар на земја окупирана од Рим. со царско потекло е опишан во евангелијата и му е наведена и крвната лоза од семето Давидово, Како цар го поздравуваат уште од раѓање, како цар го пречекува народот кога влегува во Ерусалем, под обвинение дека е цар јудејски го предаваат на римјаните и на крстот каде е распнат ставаат натпис зошто е распнат - цар на евреите.
Плаќањето на данокот беше првата причина за бунт и војна со рим. Кога во јудеја дошол прокураторот Сабин да процени колку вкупно данок јудеја ќе му плаќа на рим, вооружени евреи го заробиле и затвориле Сабин кој по таа задача дошол во Ерусалем, по што римски пратеник Вар дошол со 3 легии од сирија го задушил востанието, го ослободил Сабин и за казна распнал 2000 евреи како неприатели на Рим. По десетина години Квирин, легатот од Сирија бил пратен да направи попис во Јудеја (кога станаа римска провинција) да одреди данок, и тогаш евреите предводени од рабинот Јуда Галилеец велејќи дека плаќање данок на пагански цар кој за себе тврдел дека е бог е недозволиво и дека само еден бог и господар имаат евреите - Јахве - кренаа пак бунт. И овој бунт бил задушен во крв, Јуда загина но негови преживеани следбеници се повлекле по планини и пустини од каде почнаа со герилски и терористички акции против Рим, Убиства, киднапирања, напади на поедини римски упоришта и единици.... Кога Исус на вечното прашање кое ги мачело евреите - за даноците, вели Вратете му го на бога божје а на царот царевото, тоа МИКИ, пред 2000 години значеше, вратете му ја на бог неговата земја која нам ни ја вети и даде а која е сега во власт на паганите, и вратете го на престолот царот чија земја и царство се неправедно одземени. Евреите никогаш не го прифаќале римскиот цар и власт поготову што секој римски цар се сметал за бог и барале и во Ерусалем во храмот да се даваат жртви и молитви за него - што беше невидено богохулење. За секој евреин јудеја и ерусалем му припаѓал само на бог а едино евреин со царско потекло моижел и смеел да биде цар над евреите. Кога ги читаш писмата мора да имаш на ум дека изјвите и зборовите од пред 2000 години не звучат и значат исто што и сега, други се и нароидите и верувањата и ситуацијата и условите во кои се живее.
Миење раце по издадена пресуда е еврејски а не римски обичај а Пилат кој остана забележан како голем неприател и човек кој ги сметал евреите како некултурен и невреден народ не би прифатил такви обичаи Исто така на Пилат му стоела на располагање и казна смрт со меч. Ако веќе Пилат бил убеден во невиноста на Исус, и дусри имал симпатии кон него , можел или да го држи затворен, или да го пушти слободно. Рим имал силна војска во јудеја римски гарнизон стоеше одма над храмот, во цезареја исто така постоел римски гарнизон, секаде наоколу во провинции имало римски легии кои на повик би дошле. немало никаква основа дека пилат попуштил од страв од евреи !!?? Па ако беше така можеа евреите да се соберат и побараат рим да се повлече од јудеја, ако биле така слаби и немоќни римјаните. Но и да морал да го осуди на смрт, можел да го осуди на смрт со меч и тоа беше легаллна смртна пресуда која се применувала во римското царство, брза смрт, но пилат наредил да го распнат, најтешката и најгрозната смрт позната во тоа време а во вековите по тоа. Големи маки и страдања за распнатиот (башка пред тоа и камшикувањето)
Така да МИКИ се гледа дека прикаската за Исус е доста изменета и пишувана со децениии и децении по настаните од страна на луѓе кои не го знаеле Исуса, во градови кои беа надвор од јудеја, за публика која не беа евреи и после тоа често преправана. Но сепак правилно толкувајќи ги писмата, а ако се знаат тогашните економски политички социјални верски... услови, знаејќи ја историјата.... може да се дојде до прикаската за вистинскиот Исус