Кој е Исус Христос?

Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Дали некој знае како се чита Isis (египетската божица, aма не мислам на англиски, туку на староегипетски) Мене ми е премногу слично некако со Исус.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Дали некој знае како се чита Isis (египетската божица, aма не мислам на англиски, туку на староегипетски) Мене ми е премногу слично некако со Исус.
Според Баџ, во неговите дела се вели дека се чита Аусет! На македонски, Изида. На коптски е Есет.
Една од Деветмината, и нема врска со Исус, Иса итн итн...

 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Според Баџ, во неговите дела се вели дека се чита Аусет! На македонски, Изида. На коптски е Есет.
Една од Деветмината, и нема врска со Исус, Иса итн итн...
само прашав, оти гледав еден документарец каде тврдеа дека многу имиња се земени од Египетската митологија, ама таму Isis го прочитаа како Ајзис и им беше слично на Исус. Фала за информациите.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
само прашав, оти гледав еден документарец каде тврдеа дека многу имиња се земени од Египетската митологија, ама таму Isis го прочитаа како Ајзис и им беше слично на Исус. Фала за информациите.
Документарците се само занимација, и збир на секакви непроверени информации. Книги и истражувања (или видео предавања) е подобро отколку документарци...
Тие се само за забава :)
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
79
Поени од реакции
54
Основното исповедување на христијаните за нивниот учител е ова : Исус Христос е Господ ! А започнува во Евангелието кога самиот Исус ги праша своите ученици што мислат за тоа кој е Он ?
... А што велите вие кој сум јас? А Симон Петар одговори и рече: Ти си Христос, Син на Живиот Бог ( Мт. 16,16 ).
Исус е Христос. Тоа е првиот член на верата што луѓето мораат да ја имаат за него. На раѓањето, на детето на Марија му беше дадено името И с у с, што буквално значи С п а с и т е л ( на еврејски Јошуа : тоа е името на Мојсеевиот наследник која ја премина реката Јордан и го донесе Избраниот народ во Ветената земја ). И ќе му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народот од неговите гревови ( Мт. 1,21 ; Лк. 1,31 ). Тоа е истиот оној Исус кој е Христос, што значи Помазаникот, Месијата израелски. Исус е Месијата, кој беше ветен на светот преку Авраама и неговите деца.
Христос е едно со Бога и е Негов Единороден Син. Ова е евангелиска проповед што светите отци на Никејскиот собор ја формулираа на следниот начин:

Верувам во единиот Господ Исус Христос, Синот Божји, Единороден, од Отецот роден пред сите векови - Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински, единосуштен на Отецот преку кого се станало... Овие редови зборуваат за Синот Божји, кој се викаше Реч или Логос, пред неговото раѓање во човечкото тело од Дева Марија во Витлеем. Постои само еден вечен Син Божји. Тој се нарекува Единороден, а тоа значи единствениот кој е роден од Бога Отецот. Синот Божји е роден од Отецот пред сите векови, тоа значи пред создавањето, пред почетокот на времето, во вечното безвремско постоење, без почеток и крај. Вечноста како збор не значи бескрајно време. Тоа е состојба во која времето воопшто не постои - нема минато ни иднина, само постојана сегашност. За Бога нема ни минато ни иднина. За Бога се е сега. Во вечното Божјо сега, пред создавањето на светот, Бог Отецот го роди својот единороден Син во она што може да се означи единствено како вечно, безвремено, секогаш сега-постојано раѓање. Тоа значи дека, иако Синот е роден од Отецот и доаѓа од Отецот, неговото доаѓање е вечно. Така никогаш немаше време кога не постоеше Синот Божји. А баш тоа го учеше еретикот Арие. Неговото учење официјално е осудено на Првиот вселенски собор. Иако е роден од Отецот и има свој почеток во Него,единородниот Син секогаш постоел или поточно секогаш постои несоздаден, вечен, или божествен . Да не должам многу, доволно е само да се прочита символот на верата. Објаснето е фино кој е- ... Единиот Господ Исус Христос , Синот Божји, Единороден, од Отецот роден пред сите векови - Светлина од Светлна, Бог вистински од Бога вистински, едниносуштен на Отецот, преку кого се станало, којшто поради нас луѓето и поради нашето спасение слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и постана човек. И беше распнат поради нас и поради нашите гревови, страдаше и беше погребен. И кој воскресна на третиот ден според писмото и се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот. И кој пак кје дојде со слава и неговото царство не ќе има крај.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
57
Поени од реакции
20
Исус-обичен човек, Мухамед- обичен човек, двајцата заедно - браќа - можеби, сигурно потекнуваат од иста лоза, филозофи - сигурно, политичари - сигурно, повеќе од луѓе - тешко!!!
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
79
Поени од реакции
54
Исус-обичен човек, Мухамед- обичен човек, двајцата заедно - браќа - можеби, сигурно потекнуваат од иста лоза, филозофи - сигурно, политичари - сигурно, повеќе од луѓе - тешко!!!
Х А У Г !!! (Јас го кажав своето) Гледам и ти твоето :)
 
Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
koj e ISUS pa neznam sto da vi odgovoram sekoj razlicno go iskazuva koj e a za mene e nesto sveto nedostizno ubavo energij ljubov i ISUSOV SIN kako covek koj go propoveda prodolzuva negovoto ucenje ponataka taka sto covek treba da znae sto smee da pravi a sto nesmee voglavnom kazano za mene e svet covek.:)
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Za celiot svet - osnovac na hristijanstvoto. Za hristijanite mnogu poveke od obicen covek. Sin Bozji, Spasitel, Gospod...
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.



само прашав, оти гледав еден документарец каде тврдеа дека многу имиња се земени од Египетската митологија, ама таму Isis го прочитаа како Ајзис и им беше слично на Исус. Фала за информациите.


Се’ што е добро и вистинито во безкрајниот универзум, ... а со тоа и во паганските (и непаганските) митови и обичаи, земено е и укажува на Совршената Вистина, Која што е во Првородената, Уникатна и Универзална Мудрост БОЖЈА, Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исус Христос!

Загледај, со цело срце задлабочисе во се’ што е вон тебе - и во тебе - и ќе увидиш дека се’ што е добро и вистинито упатува кон Мудроста БОЖЈА, Тоа чудесно и Вечно Евангелие!


Шалом Алеихем!



п.с. Сте знаеле ли дека зборот Евангелие има грчко потекло, а на литературен (нов) македонски јазик означува Радосна Вест!?
Прочитајте ги подолу пишаниве реченици: па можеби - иншалах - ќе ви се разјаснат оние што се погоре пишани.



Господ БОГ ме имаше уште на почеток на Својот Пат, пред да бидат создадени творбите.
Поставена сум од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум родена, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите,
кога Господ БОГ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога ги создаваше небесата, бев присутна, кога распростираше свод над лицето на бездната;
кога ги зацврстуваше облаците во височината и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.
Кога му ги поставуваше на морето неговите граници, за да не му се прелеат водите преку бреговите, кога ги поставуваше основите на земјата,
Бев покрај Него, како градежничка, бев радосна, од ден на ден, радувајќи се пред Него сето време:
Се радував по почвата на Неговата земја, и мојата радост се човечките чеда.
И така, чедо, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта!
Послушајте ја поуката, за да добиете мудрост и не ја отфрлајте.
Блажен е човекот што ме слуша, и бдее пред моите врати секој ден, и кој ги чува моите довратници.

Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие благодат од Господа БОГА;
а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта."


(Изреки на Мудроста 8:22-36)





.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Исус е обичен човек, но митологизиран од страна на црквата и верниците. Филозоф, учител и просветител налик нешто како еврејски Сократ или револуционер како антички Че Гевара. Зошто бил митологизиран и претставен како Месијата од неговите ученици? Едноставно таков бил духот на времето, особено на Блискиот исток. Секој кој барем малку влевал надеж дека Јудеја може да биде ослободена од римската власт сигурно добивал огромни симпатии кај народот. Затоа и низ еврејската историја имало толку голем број на наводни спасители. Пример за тоа е Симон Бар Кохба( во превод Син на Ѕвездата) лидер на востание против Римјаните во 132 година, кој како што можете да претпоставите бил прогласен за месија. Евангелијата се пост-фестум составувани така за да го претставуваат Исус како божји син, а од таму и доваѓаат многуте сличности што тие ги имаат со разни источни култови и верувања. Склоп на околности е тоа што христијанството преживеа до
ден денешен. Многу лесно можеше да се случи да победи и митраизмот, манихејството, култот на непобедливото сонце или други верски учења.

Монти Пајтон добро го опишаа тоа.

 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Isus,kako najaven mesija,imal pogolema mok od carevite,inspiriral milijoni vernici i bil osnovac na nova filozofija. Kako potomok na car Solomon i car David,isus imal zakonsko pravo na evrejskiot prestol. Se razbira,negoviot zivot go zapisuvale iljadnici luge od celata zemja.Pri sostavuvanjeto na noviot zavet,bile razgledani nad 80 evangelija (ako so ova se slozuvas,kade e dokazot deka bas samo tie 4 se ispravnite.)od tie 80 se izbrani samo nekolku te. po Marko,Luka,Jovan i Matej. Koj resil tie evangelija da vlezat vo Noviot Zavet ?
Fundamentalnata ironija na Hristijanite.
Biblijata,onakva,kakva sto ja znaeme denes,ja sredil Konstantin Veliki,koj bil PAGAN. Cel zivot bil pagan,koj go primil sakramentot na krstevanjeto vo negovata postela,pred samata smrt,koga ne bil moken da se sprotivstavi na toa. Vo vremeto na konstantin,oficijalna religija rimska bila obozavanje na sonceto-kultot SOLO INVIKTUS ili na nepobedlivoto sonce-a Konstantin bil negov glaven svestenik.
Za negova nesrekja,vo toa vreme Rim go zafakjale poveke verski nemiri.Tri veka,posle raspnuvanjeto na Isus,negovite sledbenici pocnale da se razmnozuvaat so neverovatna brzina.Hristijanite i Paganite,pocnale da se sudiraat i toj sudir tolku se rasiril sto doslo do toa da se podeli Rim na dva dela. Konstantin zaklucil deka treba nesto da se prevzeme.
Vo 325 godina po Hrista,resil da go obedini Rim pod edna zaednicka religija-Hristijanstvo. Konstantin bil odlicen deloven covek.Istoricarite seuste se voshituvaat na genijalnosta so koja konstantin gi preobratil paganite koi go obozavale sonceto da bidat hristijani. So stopuvanje na paganskite znaci,rituali i datumi vo hristijanskata tradicija,koja se poveke se sirela,sozdal edna hibridna vera,koja odgovara za dvete strani.
Tragite od paganskite religii vo hristijanskata simbologija ne moze da se negiraat. Egipetskite soncevi diskovi,stanaa oreoli okolu glavite na katolickite svetci. Prikaznata za Izida i za nejziniot cudesno zacnat sin Hor stanale obrasci za sovremenata prikazna za Devica Marija i nejziniot sin Isus. A recisi site elementi na katolickite rituali-temjanot,oltarot,napevite i pricesnata,"hranata na Bog"-se zemeni direktno od paganskite religii. Vo Hristijanstvoto,nisto ne e originalno. Pred Hristijanskiot "bog" Mitra-narecen sin bozji ili svetlina na svetot e roden na 25 dekemvri,umrel,i bil zakopan vo grobnica,a potoa voskresnal po tri dena. Inaku,25 e denot na ragjanjeto na Oziris,Adonis i Dionis (s.trojstvo) Na novorodeniot Krisna isto taka,kako dar mu bile doneseni zlato,temjan i Mirta.Duri i hristijanskiot den Nedela e ukraden od paganite. Izvorno,hristijanite go slavele evrejskiot den Sabat 9sabota) no Konstantin toa go izmenil,taka sto toj den se poklopuva so paganskata pocit kon obozavanje na sonceto.Do denes,poveketo vernici sto odat na misa vo nedela,nemaat poim deka toa e povrzano so paganskiot den vo sedmicata,koga se pocituvalo sonceto-a toa e nedela.
Vo tekot na toa stopuvanje,konstantin moral da ja zavrsi taa nova hristijanska tradicija i go odrzal slavniot ekumanski sobor,poznat pod nazivot Prv opst koncil na hristijanskata crkva vo Nikeja" Na toj sobor se raspravalo i se resilo za mnogu aspekti na hristijanstvoto-datumot na veligden,ulogata na biskupite,sproveduvanjeto na sakramentot i,se razbira,bozestvenosta na Isus.
Do toj Mig vo istorijata,sledbenicite na isus,go gledale nego kako covek,smrtnik.Golem i Moken covek,no sepak,smrttnik. Statusot na Bozestvenosta na Isus e rezultat na glasanje. Utvrduvanjeto na bozestvenosta na Isus bilo presudno za natamosnoto obedinuvanje na Rimskoto Carstvo i nov temel na politicka mok na Vatikan. So oficijalnoto vtemeluvanje na Isus kako Sin Bozji Konstantin go pretvoril isus vo bozestvo sto postoelo nadvor od ramkite na coveckiot svet,sustestvo cija mok nemozela da se ospori. Toa,ne samo sto gi sprecilo natamosnite osporuvanja na hristijanite od strana na paganite,tuku ottogas sledbenicite na hristos mozele da se iskupat samo po pat na vtemelniot svet kanal-Rimskata katolicka crkva.
Se se svedelo na toa koj ke ja ima mokta.
Isus navistina bil golem i moken covek.Tajnoto politicko dejstvie na Konstantin,ne ja namalilo velicestvenosta na zivotot na Isus.Nikoj ne veli deka toj bil izmamnik i ne negira deka odel po zemja i inspiriral milijoni luge i pravel cuda.... Se veli deka Konstantin go iskoristil vistinskoto vlijanie na Isus. I so toa go oblikoval liceto na Hristijanstvoto onakvo kakvo sto go poznavame denes.
Bidejki Konstantin go izdignal isus,recisi 4 veka po negovata "smrt",dotogas veke postoelo iljadnici dokumenti koi hronoloski go belezele negoviot zivot kako Smrtnik. Za da gi preraboti istoriskite knigi,Konstantin znael deka ke mora da napravi Hrabar poteg. Od toa proizleglo najdlabokoumniot mig vo istorijata na hristijanstvoto. Konstantin naracal i finansiral sostavuvanje na nova Biblija vo koja bile ispisani evangelijata sto zboruvale za coveckite obelezja na Hristos i gi razubavil onie vo koi e prestaven kako Bozestvena licnost. Poranesnite evangelija,bile zabraneti i zapaleni. Interesno bilo toa sto,onie sto se resile za zabranetite evangelija a ne za varijantata na Konstantin,bile proglaseni za Eretici. Zborot Eretik,se javuva od toj moment,prv pat vo Istorijata. Latinski zbor (hereticus). I spalenite naucnici,isto taka bile nareceni Eretici. Onie sto ja izbrale pravata izvorna istorija na Isus,bile prvite eretici vo svetot.
Za Istoricarite,bilo srekja,toa sto nekoi Evangelija,koi konstantin se obidel da gi izbrise,nekako preziveaa. Vo 1950 godina,kaj zapadniot breg na Mrtvo more,vo edna pestera,nedaleku od Kumran vo Evrejskata pustina,bile pronajdeni stari hebrejski rakopisi. I se razbira,Koptskite dokumenti od 1945 godina vo Nag Hamadi. Tie dokumenti zboruvaat za dejstvuvanjeto na Isus Hristos kako covek. Se razbira,Vatikan,vo soglasnost so svojata tradicija,na pogresno informiranje,se obide da go spreci objavuvanjeto na tie dokumenti. Zosto ? Zatoa sto od niv se gleda jasni istoriski nesoglasnosti i izmislici koi jasno potvrduvaat deka sovremenata Biblija ja sostavile luge sto imale odredeni politicki celi,a toa e da ja promoviraat bozestvenosta na Isus covekot,i da go koristat negovoto vlijanie za da ja zgolemat nivnata mok.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Нити отворените, нити лукаво прикриените антихристи, неверници и кривоверници, никогаш не можеле, нити пак некогаш (ако не се покајат и се обрнат) ќе можат да ја сознаат Тајната и Вистината Која што е лично во Исус Христос!



Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше волјатаТвоја.
Сé ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев. Матеј 11:25 ...)


.

.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom