Научниците доживеале шок: Пронајден доказ дека Бог постои!
30.06.2014 | 14:29
Извор: Точка
Прочитано: 18493 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
Во ДНК записите научниците откриле порака која може да се декодира со помош на арамејскиот јазик, кој го зборувал Исус Христос!
Додека ги истражувале записите од секвенци на ДНК во човеков геном познат како "џанк ДНК" - поради недостаток на познати улоги, научниците од Институтот за технологија во Вајоминг дошле до докази кои ги оставиле без зборови: лингвистичките експерти идентификувале информација во форма на староарамејски јазик: "На првото изгрејсонце, Бог ги создаде земјата и небото".
Научниците велат дека во ДНК записите виделе дупки кои малку потсетуваат на кодирање на биолошка функција и носат сличност со примероци на човечкиот јазик. Затоа ангажирале професори од Универзитетот "Bob Jones", познати по своите строги критериуми. Тие им ги дале декодираните сегменти на ДНА да ги преведат.
Бил пронајден коден јазик кој користи низи од 28 независни вредности, пронајден во фреквентен опсег на познати писма. Овие низи од независно поврзани вредности се одраз на структурата на составот на зборови во човековите јазици.
Јазичната и филолошка екипа на "Bob Jones" започнала со опсежно споредување на писмата пронајдени во "џанк ДНК" со каталог од секој човечки јазик чие постоење било забележано. Сакале да најдат слични повеќејазични теми за да може да почнат со обликување на преводите на пораките кои лежеле скриени во ДНК.
Професорите биле потресени кога откриле дека навистина постои еден јазик со чија помош може директно да се преведе секвенцијалната ДНК.
Јазикот во "џанк ДНК", кој научниците со години го отфрлале како бескорисен, бил целосно идентичен со античкиот арамејски. А кога почнале да го преведуваат, лингвистите откриле дека делови од пораката биле речиси препишани од Библијата. Набрзо ги лоцирале и цитатите.
На човековиот ген "PYGB" постои јазична секвенца која се преведува како "На одморот на првиот ден, Бог ги создал небото и земјата". Ова е неверојатна сличност со првиот стих од 1. Мојсеева: "На почетокот, Бог ги создаде небото и земјата".
Генот Bmp3 има секвенца која се преведува во 19-от стих од шестата глава од Првото писмо од Коринтјаните на Апостол Павле: "Зарем не знаете дека вашето тело е црква на Светиот Дух, кој е во вас, кога сте го добиле од Бог. Не сте сами".
Тоа се повторува и од почеток во целата низа од човечката ДНК: вграден еквивалентен генетски код кај древните Арамејци кој изгледа како да се преведува како Божји збор.
Метју Булдер, главен лингвист на проектот и професор за применување на науки за создавањето на Универзитетот "Bob Jones", изјавил:
"Кога станува збор за доказите - тие се тука. Ова, по мое мислење, не може да се демантира. Самиот Божји збор, елегантно внесен во нашето тело и душа, е јасен како ден. А убавината во ова е тоа дека Бог ги ставил зборовите на вистина во нашите тела".
http://tocka.com.mk/5/130381/naucnicite-doziveale-sok-pronajden-dokaz-deka-bog-postoi