Во сите кои ги наведе има што да се види. Секоја од нив има специфична убавина, и баш фина палета си одбрала. Инаку, лично, јас гласав за Ирска. Конкретно, би сакала да го посетам Белфаст. Најверојатно ради зеленилото кое денес е вистинска реткост.
Пред да ја отворам да ја видам темава, не видов дека има гласање и знаев дека мојот одговор ќе биде Египет. Супер, има гласање и плус земјата што сакам да ја посетам е еден од изборот
Кина и Перу нема што да ми понудат, Мексико е ок и чувам добар спомен од Гвадалахара, Канкун и Мексико Сити (еднаш е доста, нели), Ирска никогаш не би ја посетил оти не ме привлекува, а Египет, после се што се случи во последните три години, не би го шетал па ако сакаат нека ми платат.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.