^^ Тоа. Глејзерови го задолжија Манчестер до гуша, колку што читав дури и го искористија реномето на клубот да издадат нискоризични обврзници и парите во вреќи во Америка. Долгот секако останува да го плати Манчестер... нормално (нека кажат Манчестеровци подобро знаат ваљда). Клубовите стануваат приватни играчки
За Шпанија некој спомна дека Реал е најблиску до „државен“ клуб во денешно време - и тоа е точно.
Во моментов најдобра е Премиер а долгорочно мислам дека ќе се сведе на тоа кој финансиски модел ќе успее. Со коректно спроведено правило за финансиски фер-плеј на ниво на цела Европа германските клубови ќе имаат голема предност според мене.
--- надополнето ---
За нив не ни праам муабет, искрено од кога една сезона пред да го фатат Јуве официјално видов еден натпревар во кој дадоа баш Јуве 2 гола во 97,а и 99та минута за да извадат нерешено немам ни погледнато натпревар од таа фарса.
Баерн не е добротворна организација нормалчно - поентата е дека многу поконзервативно и правилно финансиски управуван. Ако сакаш споредба Германците како да трошат „свои“ тешко заработени пари а Англичаните како да горат „државни“ пари во стил „money is not an issue“. Пола Англиски клубови не би добиле лиценца за да се натпреваруваат во Бундес заради финансиски индикатори. Далеку построги се правилата за игра во Германија.
Со следната болдирана реченица сам потврдуваш дека сфаќаш што зборуваме. Тоа дека е фаворизирање на некој модел е точно - на оној „поздравиот“. Шеици и руски нафташи може да си отидат од клубот во секое време - и после шо праиме? Парите си ги земаат а цела финансиска структура била осврната на нив. Испаќа дека се е само балон жежок воздух и кога ќе пукне ништо нема да остане од клубот. А во меѓувреме додека шеиците и нафташиве купуваат се на две и четири нозе меѓу Париз и Пекинг а цените на пазарот тотално нереално се дуваат до јаја. И сега ќе ми кажуваш дека оа е правилно?
Исти правила за сите, секој нека може да вложи тоа што го заработил.