Коцкарска рехабилитација.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Викаат човек да оди по жени ќе дооди да пие алкохол ќе допие, дури и на хероин се имаат излечено. Постои коцкар што има прекинато со коцкањето и кој е лекот? Познавате некој таков искуства итн...

И што им се има случено на таков човек за да прекине со коцкањето, кој е тој ментален склоп, копче за исклучување на таа склопка.
 
T

templar55

Гостин
Има лек а тоа е менување на друштво од корен. Обично коцкарите се наоѓаат со поглед, исто како и педерите и ретко кој коцкар нема "партнер" у коцкање. Изолирање од такво друштво и наоѓање хоби кое ке ти зима поголем дел од денот е единствениот лек.
Солуција за ова е да се најде нова страст ( што побргу, тоа подобро ) затоа што коцката е страст која брзо преминува во зависност.
Постов е од лично искуство.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Имав другар коцкар, али еве веќе повеќе од пола година не игра. Увек кога ќе излезевме, обавезно прво идеше на тркало да пушти по некое илјадарче (до кај 3-4) па после на кафе. Типот толку беше навлезен во долгови поради тоа тркало проклето, едвај се извади детето, уште што не почна да спие во коцкарницата, па зема да продава ствари по дома да се раздолжи по лихвари... страшна работа е тоа. Скоро се видовме после 3 4 месеца, ми рече должел уште кај негова другарка 200 евра али планирал да се заработи летово нешто да извади пара да се раздолжи. Лекот е само да заглавиш до гуша во долгови кај пријатели, лихвари и да ти светне сијаличката дека треба да застанеш.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Болест неизлечива е и нема шанси да се рехабилитира
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Викаат човек да оди по жени ќе дооди да пие алкохол ќе допие, дури и на хероин се имаат излечено. Постои коцкар што има прекинато со коцкањето и кој е лекот? Познавате некој таков искуства итн...

И што им се има случено на таков човек за да прекине со коцкањето, кој е тој ментален склоп, копче за исклучување на таа склопка.
Да се префрли од коцка на триаголник евентуално.

Може човек да се одвикне и од коцкање исто како што може и од алкохол,цигари,дрога и останти пороци, ама нормално не е тоа така едноставно.

Штета што кај нас ова не се смета толку опасно како и зависност од алкохол,дрога итн.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Да се префрли од коцка на триаголник евентуално.

Може човек да се одвикне и од коцкање исто како што може и од алкохол,цигари,дрога и останти пороци, ама нормално не е тоа така едноставно.

Штета што кај нас ова не се смета толку опасно како и зависност од алкохол,дрога итн.
Како бе не е опасно.
Голем прашалник е дали ќе добиеш ама на едно вртење да изгубиш 90м2 стан па да остаиш некого на улица.
Па опасно е прво по самата личност а после по другите
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Како бе не е опасно.
Голем прашалник е дали ќе добиеш ама на едно вртење да изгубиш 90м2 стан па да остаиш некого на улица.
Па опасно е прво по самата личност а после по другите
Не реков дека не е туку дека не се смета за толку опасно колку дрогата на пример.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Татко на мој другар почна на ситно онака на заебанција да фрла по нешто у коцкарница, колку да пополни време, барем он така викаше. После некое време почна платата да ја остава цела, почна да позајмува од кого стигне. Пред некој месец ми кажаа дека го продал станот отишол у охрид и таму за една ноќ ги поебал сите пари. Жена му оваа недела се разведе од него. Многу прогресивна заебанција да ти била коцката :unsure:
Една зависност се лечи со друга зависност или повеќе други зависности. Може да почне да работи, да пие, да се курва, да спортува, да се ожени, да гледа деца, да студира, или пак да седи по цел ден пред компјутер :D, нека си избере нешто што го влече :icon_mrgr: и не е така деструктивно :icon_lol:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Лошооо, многу лошо. До просјачки стап може да те доведе коцката. Секогаш почнува од заебанција, нешто како ај да си ја пробам среката и толку, нема повеке. Ама ке има пак. И пак. И пак. Треба цврст карактер, ама човечкото око е алчно за пари и пред парите нема цврст карактер.
Затоа што подалеку.
А ако веке си навлезен барај спас во семејството. Оние што те сакаат. Они секогаш ке се тука да ти помогнат.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.646
Што ми кажуваше еден мој пријател, како било во Швајцарија. Таму луѓето не одат во казина за да заработат пари, туку за да потрошат. Минимален влез за да влезеш во казино ти било 100 евра, а во тоа ти се платени и пијалоците. Таму луѓето одат да се дружат, да стекнат нови пријателства, да се забавуваат. Тие не одат таму со мислата "Е денес парите ќе ви ги земам, ќе ве затворам" како што е кај нас, таму луѓето одат после работа да се релаксираат после долгиот напорен ден, а башка оние проблематичните луѓе одма ги бркаат од локалот. Таму не те пуштаат да влезеш ако немаш соодветно сако, треба да изгледаш како господин, одма те шутираат на улица ич кур не ги боли. Имало случаеви кога ќе влезе некој по сако, а доле носел некакви спортски патики... џабе го бркаат од казино... А кај нас ако имаш макар 100 денари, си влагаш по папучи во казината, како наголем сељак, а за кладилниците да не збориме. Башка што во секоја кладилница МОРА да седи по еден лихвар, да ги лови жртвите на оние што веќе се заразени од овој тим на "дрога". Вие незнаете колку само луѓе си ги упропастиле животи и животите на своите најблиски, ама не се само тие виновни... тука донекаде паѓа и вината врз семејството/најблиските.... имам видено случаеви каде што скоро 60-70% од играчите по кладилниците се кријат од своите најблиски да не дознаат дека се кладат на големо. Фрлаат дневно по 5-6 илјади денари во локалите, а да не збориме за викендите кога врие од натпревари, сумата оди и преку 10000 денари. Се чудам и си мислам, како можат овие луѓе да се кријат од своите најблиски... значи цело време дремат во кладилница и лупаат пари како ненормални. Ај да речеш за 20, 50, 100 па еве и 500 денари да си лупнал, па да не забележат твоите дома дека ти отишле парите во кладилница... ама еј, како може некој што остава по 5000 денари дневно во локалите, а дома ништо не знаат? Малце ми е глупо тоа, да се нема евиденција врз домашниот буџет. Нормално ова е само првиот чекор кон заразата, а тек потоа следува најлошото кога ќе се задолжиш до немајкаде кај лихварите, потоа ни Господ во бели гаќи не ти помага. Ретки се тие луѓе кои расчистиле со коцката, ама нажалост поголемиот број завршиле трагично.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Што ми кажуваше еден мој пријател, како било во Швајцарија. Таму луѓето не одат во казина за да заработат пари, туку за да потрошат. Минимален влез за да влезеш во казино ти било 100 евра, а во тоа ти се платени и пијалоците. Таму луѓето одат да се дружат, да стекнат нови пријателства, да се забавуваат. Тие не одат таму со мислата "Е денес парите ќе ви ги земам, ќе ве затворам" како што е кај нас, таму луѓето одат после работа да се релаксираат после долгиот напорен ден, а башка оние проблематичните луѓе одма ги бркаат од локалот. Кај нас за 100 денари те пуштаат во казинава наши, а во кладилниците да не збориме. Башка што во секоја кладилница МОРА да седи по еден лихвар, да ги лови жртвите на оние што веќе се заразени од овој тим на "дрога". Вие незнаете колку само луѓе си ги упропастиле животи и животите на своите најблиски, ама не се само тие виновни... тука донекаде паѓа и вината врз семејството/најблиските.... имам видено случаеви каде што скоро 60-70% од играчите по кладилниците се кријат од своите најблиски да не дознаат дека се кладат на големо. Фрлаат дневно по 5-6 илјади денари во локалите, а да не збориме за викендите кога врие од натпревари, сумата оди и преку 10000 денари. Се чудам и си мислам, како можат овие луѓе да се кријат од своите најблиски... значи цело време дремат во кладилница и лупаат пари како ненормални. Ај да речеш за 20, 50, 100 па еве и 500 денари да си лупнал, па да не забележат твоите дома дека ти отишле парите во кладилница... ама еј, како може некој што остава по 5000 денари дневно во локалите, а дома ништо не знаат? Малце ми е глупо тоа, да се нема евиденција врз домашниот буџет. Нормално ова е само првиот чекор кон заразата, а тек потоа следува најлошото кога ќе се задолжиш до немајкаде кај лихварите, потоа ни Господ во бели гаќи не ти помага. Ретки се тие луѓе кои расчистиле со коцката, ама нажалост поголемиот број завршиле трагично.
Баш така, кој како ќе ја сфати коцката, кај нас тоа го сметаат како заработка и баш така се ствара зависност. Да заработуваш од коцка треба многу да научиш како функционира системот и да најдиш начин да заработиш. На слепо никој не може да заработи пари од коцка
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Прво државата и опшеството е виновно, затоа што има овозможено услови и дозволува да има по 6000 кладилници и 3000 казина во едно место.

Знам за еден што има прекинато со коцкарското хоби, и тоа само поради една причина сета добивка треба на лихварот да ја даде, и не му била интересно повеќе :icon_lol:, а вака опинците ќе му ги земат, а за ќотек тепан ееееееееееее џабе :icon_lol:.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Прво државата и опшеството е виновно, затоа што има овозможено услови и дозволува да има по 6000 кладилници и 3000 казина во едно место.

Знам за еден што има прекинато со коцкарското хоби, и тоа само поради една причина сета добивка треба на лихварот да ја даде, и не му била интересно повеќе :icon_lol:, а вака опинците ќе му ги земат, а за ќотек тепан ееееееееееее џабе :icon_lol:.
Да, државата е крива што луѓето се слаби мочковци. Државата е крива за алкохолизмот, бидејќи дозволува да се продава алкохол, државата е крива што има силувања бидејќи дозволува полуголи жени по улици, државата е крива што брокери заработуваат големи пари бидејќи дозволила берза која е еден вид на коцка, и така, во бескрај.

Чаре, Саудиска Арабија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да, државата е крива што луѓето се слаби мочковци. Државата е крива за алкохолизмот, бидејќи дозволува да се продава алкохол, државата е крива што има силувања бидејќи дозволува полуголи жени по улици, државата е крива што брокери заработуваат големи пари бидејќи дозволила берза која е еден вид на коцка, и така, во бескрај.

Чаре, Саудиска Арабија.

Зошто Саудиска Арабија? Си имаме ние убава библиска филозофија, ама да не забегувам сега надвор од темата...

Инаку искушенијата се големи кога има големи услови тие искушенија да се искусат.

Не можат сите да бидат како мене, еве јас влегувам во кладилница и во казино само поради други и не играм ништо, ама јас сум човек со цврст карактер и голем инает :icon_lol:.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Зошто Саудиска Арабија? Си имаме ние убава библиска филозофија, ама да не забегувам сега надвор од темата...

Инаку искушенијата се големи кога има големи услови тие искушенија да се искусат.
Кој сте тие вие? Јас си немам никаква библиска филозофија, и ти и таквите како тебе немаат право да забрануваат било што од позиција на нивната библиска "филозофија". Не знам како да ти објаснам, мене ме боли онаа работа за твојата библиска филозофија. Ако не сакаш да влегуваш во казино, не влегувај. Ако влезеш и играш, математички шансите се поголеми да изгубиш отколку да добиеш. Ако си доволно глуп да играш игри каде што математиката е против тебе, и треба да изгубиш се што имаш. Многу е просто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom