Преку агенција одев и ако не грешам платив 17.500 за 10 дена сместување + превоз + полупансион.
Сместувањето беше во куќи, а појадокот и вечерата во едно ресторанче во близина на куќата.
Нудат сместување и по улица, а можеш да си разгледаш и на booking.com кога ќе дознаеш кои денови одиш. Не знам како се движат цените ако не си преку агенција.
Наш народ се и сигурен сум дека и да отидеш директно таму и да прашаш во некое кафанче, ќе те упатат луѓето кај да појдеш или ќе викнат некој што издава соби.
Пред да одам, слушнав доста поплаки искрено. Луѓе што оделе за Нова година во Будва со истата агенција ми викаа ќебињата во собата им смрделе, па вака било, она им фалело, ова им фалело.
Мене ми беше супер. У автобусот ни се погодија свирачките седишта, па имавме повеќе простор да се испружиме.
Куќата кај што бевме беше релативно нова или реновирана, купатило ново, тераса широка да излезеш после туш на воздух, газдите беа пријатни. Не ми смрдеше креветот. Можда душекот на места имаш некој подигнат федер, али ништо страшно.
И Будва и Котор кај што прошетавме ми се свиѓаат, близок братски народ, близок менталитет. Не ми се враќаше назад.
Само ко што напоменав и погоре катастрофа им се патиштата и мачен е патот додека да стигнеш, али вреди.
Ако си по шетањето ко мене, а не по брцкање во вода и легачење по плажи, верувам дека ќе ти се допадне.
Можеш да разгледаш статии на tripadvisor за што е вредно за посета.
П.С. Ако одите во Котор, не прајте грешка ко нас да плаќате карта за музејот на мачките.
Прочитав на tripadvisor за него, демек интересно нешто што може да се види, си мислев ќе има препарирани мачки, а најдовме цртежи од мачки, карикатури и познати слики ко Мона Лиза, ама со глава на мачка.