Котор

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Господа,сакам летово да идам на одмор во Котор,како за прв пат во Црна Гора,па дали може да споделите некое искуство,совет што,како?
Ако идам би идел сопствена режија
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Колку време планираш да отседнеш?
Што ти е во агенда за летување? Дали си повеќе за пливање или sight-seeing?
Дали ти е проблем ако градот ти е пар километри оддалечен па да си бркаш транспорт до него?
Дали планираш на буџет да идеш или немаш некој точно зацртан лимит на средства?
 
5 или 7 ноќи зависно колку можам од работа
Мене не,на девојчето не знам xD
И за пливање и за разгледување
па немам баш лимит лимит,ама да не е изгор нешто
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
5 или 7 ноќи зависно колку можам од работа
Мене не,на девојчето не знам xD
И за пливање и за разгледување
па немам баш лимит лимит,ама да не е изгор нешто
За пливање не е богзнае што, воглавно плажите што се вон градот се бетонски или мал шљунак. Ако си на приватен смештај, гарант имаш и своја плажа. Местото ти е повеќе за разгледување, стариот град, околните места, па и некоја екскурзија до Дубровник/Његуши/Будва се' ти е воглавном супер поврзано меѓу себе.
Котор е мислам најскапиот град во цела Црна Гора, нешто налик Охрид кај нас. За транспорт фаќај ги комбињата/локални автобуси, иначе со такси ќе те одерат. Во време на сезона пиво од 0.5 во стар град ти е од 2 евра нагоре. Кафе евро ипол па нагоре. Леб ти е од 60 центи сосема доволно. Месо и салама е исто као кај нас (зборам за супермаркет).
За смештај не знам како стојат цените, порано просекот беше 15-20 евра, сеа не знам.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Зависи што сакаш ја сум бил скоро низ цела Црна Гора и дефинитивно од лани па натаму ја избегнувам како дестинација за одмор во животот. Причината поради тоа е што сакам песочни плажи и убави живи градчиња. Нажалост во Црна Гора 99% од плажите се со камења. Котор е малку пензионерско градче, нема многу многу што да се прави. Глетката е многу убава имам престојувано во еден од апартманите што се на повисоката страна, убав пејзаж. Во котор немаш плажа, ќе мораш да одиш некаде на околните места. Не би ти препорачал ништо друго освен плажата Плави Хоризонт која е на околу 15/20 минутки вожња во зависност од гужвата. Проѕирна вода и убав песок, за разлика од другите плажа кај што ќе искршиш нозе од камења. Се наплаќа паркинг 2еур и лежалка ти е 6/8 еур зависи од позиција и викенд мислам дека беше поскапо нешто... Имаш околни места за шеткање, Будва е блиску, има превоз мислам со автобуси, исто така имаш опција и со бродче да направиш некоја тура ако имаш ќеиф за шеткање. Исто убава плажа е и Јаз само таму е со камења, инаку има повеќе избор на забава на таа плажа можеш да одиш на парасејлинг, џет ски итн...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Господа,сакам летово да идам на одмор во Котор,како за прв пат во Црна Гора,па дали може да споделите некое искуство,совет што,како?
Ако идам би идел сопствена режија
Повеќе би ти препорачал да идеш со смештај во Тиват, а во Котор да искористиш ден/два навечер за шетање....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Повеќе би ти препорачал да идеш со смештај во Тиват, а во Котор да искористиш ден/два навечер за шетање....
Ова ти е поисплатлива опција за смештај + транспорт пак помалку би те чинело него ли само за смештај во Котор. Едина маана ти е 15 километри релација секогаш кога ти се присака да одиш во градот.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Планирам летово да одам во Котор, што е подобра опција хотел во центарот или апартман with a view/beach на 2, 3, 4 км од центарот?

Би одел со кола, како е со паркинг со оглед на тоа што веројатно секоја вечер би одел во стариот град ако се сместам подалеку?
Any other tips & tricks? :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Црна Гора бев пред 2 години и можам да ти кажам дека е супер дестинација за летување, другар. Не за џабе викаат Јадран си е Јадран.

Е сега Котор конкретно бев еден ден и од тоа што видов е мал град и немаше никакви плажи или капилишта во центарот. Веројатно има подалеку од градот.

Јас бев сместен во Будва и патував со локален бус до Котор, околу 30-40 минути. Според мене, поарна опција за сместување ти се Будва, Сутоморе или Бар, па да го посетиш Котор на ден-два отколку таму да се сместиш, па да патуваш секој ден до плажа.

Исто од другата страна на Котор се Тиват и Херцег Нови, сум слушал биле одлични.
За жал не можам да ти кажам како е во нив, пошто бев со бус, а не кола, па не ги посетив.

По мене Котор има преубав стар град, ама доволно ти е ден-два посета, отколку таму да си сместен. Будва ако си за капење има далеку поголем избор за плажи и опции за крстарења, екскурзии до Дубровник, Скадарско езеро, мислам и rafting по Тара нудеа, параглајдинг, разни водени заебанции со скутери, подморници...

Плус ако прочиташ погоре мислам дека и поскапа е храната во Котор од Будва рецимо. Не можам со сигурност да ти кажам, али ми текнува дека истото пиво Никшиќко што во Будва го пиев за 2 или 2.5 евра, во Котор во стариот град беше 3 или 3.5 тогаш. :D

За храна имаш добар избор, роштиљ рокаат во секоја кафана, немаш гајле, сендвичи, пици, гира, што ти душа сака.

Единствено замерка имам за лошите патишта. Не за џабе ја нарекле Црна Гора.

Нареден пат се надевам со кола ќе одам и секој ден посета на нов град, од почеток доле со Улцињ па горе до Херцег Нови.
 
Член од
21 август 2014
Мислења
48
Поени од реакции
11

Ај едно прашање. Ова лето сум во план да одам на одмор во Будва, па пошто сте биле пред 2 години, ме интересира колку плаќавте за сместување и дали се најдува, дали нудат сместување и по која цена оти не можам да резервирам, незнам кога ќе ми го дадат одморот од работа.
 
Преку агенција одев и ако не грешам платив 17.500 за 10 дена сместување + превоз + полупансион.
Сместувањето беше во куќи, а појадокот и вечерата во едно ресторанче во близина на куќата.

Нудат сместување и по улица, а можеш да си разгледаш и на booking.com кога ќе дознаеш кои денови одиш. Не знам како се движат цените ако не си преку агенција.

Наш народ се и сигурен сум дека и да отидеш директно таму и да прашаш во некое кафанче, ќе те упатат луѓето кај да појдеш или ќе викнат некој што издава соби.

Пред да одам, слушнав доста поплаки искрено. Луѓе што оделе за Нова година во Будва со истата агенција ми викаа ќебињата во собата им смрделе, па вака било, она им фалело, ова им фалело.

Мене ми беше супер. У автобусот ни се погодија свирачките седишта, па имавме повеќе простор да се испружиме. :D

Куќата кај што бевме беше релативно нова или реновирана, купатило ново, тераса широка да излезеш после туш на воздух, газдите беа пријатни. Не ми смрдеше креветот. Можда душекот на места имаш некој подигнат федер, али ништо страшно. :D

И Будва и Котор кај што прошетавме ми се свиѓаат, близок братски народ, близок менталитет. Не ми се враќаше назад.

Само ко што напоменав и погоре катастрофа им се патиштата и мачен е патот додека да стигнеш, али вреди.

Ако си по шетањето ко мене, а не по брцкање во вода и легачење по плажи, верувам дека ќе ти се допадне.

Можеш да разгледаш статии на tripadvisor за што е вредно за посета.

П.С. Ако одите во Котор, не прајте грешка ко нас да плаќате карта за музејот на мачките.
Прочитав на tripadvisor за него, демек интересно нешто што може да се види, си мислев ќе има препарирани мачки, а најдовме цртежи од мачки, карикатури и познати слики ко Мона Лиза, ама со глава на мачка. :D
 
Ти благодарам, сум во план да го посетам и Котор, Па ќе видиме . Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom