П
Паспарту
Гостин
Не реков дека некој наш се заканувал со војна, туку дека политичарите на Балканот се најголемото зло за сите народи... Албанските политичари се закануваат со војни поради личните интереси, а не поради тоа што го сакаат премногу народот и мислат на него. Верувај дека колку што ние патиме од нашите политичари, толку и они патат од нивните. Политиката го уби пријателството на Балканот... Да не бидам погрешно сфатен, имам 1001 причина да ги критикувам Албанците, а тоа и сум го правел до сега. Во ниту еден случај не ги оправдувам заканите, бидејќи на кој не му се допаѓа во државава има можност да живее во друга. Сепак, доколку имаш можност зборувај со некој постар Албанец и прашај го колку им верува на политичарите. Децата секогаш ќе се палат по форуми со големи држави и војни за освојување на територии, но во реалноста сите ние на Балканот имаме многу поголеми проблеми, а тоа се финансиските. Гладниот народ се храни со национализам... Имам другар Албанец од Чаир кој жали поради тоа што Македонците се иселиле од неговата зграда, а сега му се населиле "планинари и неписмени луѓе од Арачиново, Сарај, Косово и Кондово" (ова се неговите зборови). Инаку, тој што ја дели власта со Албанецот треба да го реши проблемот, а не истиот да го префрли на народот. Џабе од една страна на мене ми плаче дека Албанецот му се заканувал со војна, а од друга страна не прави ништо за истиот да го санкционира. Во школо ќе те закачаат поголемите додека не се спротиставиш, така и овде. Затоа и реков, додека едни луѓе печалат милиони на туѓ грб, намерно народот го фрлаат во оган за да се заштитат себеси.Тоа се најголемите проблеми на балканците, што не размислуваат со своја глава, туку со главата на оној што ја води партијата. Ние никого не би распнале, во овој момент ти гарантирам дека нема шанса некој да мрдне за било што во државава без амин од главатарот, а за жал протестите кај нас изумреа во 2001 година. Дојдовме до степен да се подели МАКЕДОНЕЦОТ на ПЛАВ и ПОРТОКАЛОВ, комшии не зборат поради тоа што овој имал маица со ружа/лав итн. Кога ќе ги решиме овие проблеми, тогаш и полека ќе почнеме да си ги бараме своите права, доколку остане вака црно ни се пишува... Не се плашам за голема Албанија, се плашам за иднината, за парите, за децата, тоа се многу поголеми и пореални проблеми во овие држави.@Паспарту... Кога си слушнал ти од македонски политичар да се заканува со војна? Пред се ние самите би го распнале и никогаш не би ни помирисал власт повторно.
И не, не ги бранам нашите политичари зашто за мене политичарите се ѓубрето од човештвото (со ретки исклучоци секако), но да бидеме реални закани за војна доаѓаат цело време од Албанците... од сите.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)