Корупцијата во образованието

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.152
Поени од реакции
5.984
Идете кажете им на тие што полагаат по 4-5 пати еден ист предмет на Европски или било кој друг приватен дека легално ги подмитуваат професорите. Да беа тие 2000 евра "мито" сите ќе положуваа од прв пат.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не ми споредувај приватен со државен на привате тоа ти е 1 на 1000 таков случај а на кој било државен такви случаи имаш просек 10 на 100

дечки жалам што е таква ситуацијата мене ме заболе за репутацијата ама вистината е таа кога се работи за корумпираност во врска помеѓу државен и приватен факултет и не се факти без врска тоа секој студент го знае, жал ми е што повеќето се запишувате на приватен заради таа работа али ваши пари кај сакате давајте ги, ама знаење со пари не се добива
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
не ми споредувај приватен со државен на привате тоа ти е 1 на 1000 таков случај а на кој било државен такви случаи имаш просек 10 на 100

дечки жалам што е таква ситуацијата мене ме заболе за репутацијата ама вистината е таа кога се работи за корумпираност во врска помеѓу државен и приватен факултет и не се факти без врска тоа секој студент го знае, жал ми е што повеќето се запишувате на приватен заради таа работа али ваши пари кај сакате давајте ги, ама знаење со пари не се добива
Toчно знаење со пари не се добива. Но диплома може да се добие.:)
После факултетот ќе се види кој знаел, кој учел, кој не учел ...

А не давај споредувања за приватен кои ти се чисти шпекулации.
Ако кажуваш некои работи спореди ги со факти. Дојди види еднаш огласна табла со положени и паднати студенти на одреден предмет на Фон, Европски, Штул па после збори. Вака само рекла казала.
Многу се зајакнати критериумите на приватните факултети и уште многу ќе треба да се зајакнат. Не викам дека е построго од државен, зашто дел од факултетите на државен одат напред и го применуваат кредит трансфер системот и на правен, економски не е баш строго сега по новите системи како порано. Али има факултети кои уште живеат во времето на Тито и фураат некоја строгост безвеза. Приватните факултети обезбедуваат поквалитетно образование во подобри услови (за повеке пари нормално). Али дека не паѓаат на испити, дека не влечкаат некои испити уште од прва година, дека нема лоши професори, дека се учи малку материјал е безврска и се чисти шпекулации.
Првите генерации на овие факултети поминуваа далеку полесно што е нормално, се отвараа за прв пат приватни факултети, нешто ново невидено дотогаш мораше да се привлече студенти на некој начин. Па и 10-20 студенти беа во група сите одат на часови и им помагаат професорите и полесно е.
Сега се се зајакнува и така треба и да продолжи.

А корумпираноста постои секаде. Постои и во Македонија и во Европа и насекаде. Постои и во образованието. Постои и во државното образование и во приватното. И постои секаде нелегално.

Јас парите што ги давам на приватен факултет не ги давам за да ми дадат незаслужена диплома, него за подобри и посовремени услови за студирање. Нема да кажувам зашто бидејки тоа веќе го напишав на темата за приватните универзитети.

А мене посебно ме разочараа државните факултети кога посакав на постдипломски да се запишам на државен факултет само ради оние глупи муабети за приватните. И цената за запишување на постдипломски за оние студенти од приватните факултети е тродупло повисока од оние студенти што си дипломирале на државен. А плус да не зборам колку би ме замарале што сум од приватен.
Државниот води политика против приватните факултети, а во странство не е така него се соработува приватен-државен и плус се спроведува болонската декларација меѓу факултетите.
Кај нас тоа за 100 години.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Росонерка, разбирам дека ти и Фокси се утепувате од учење на приватен, но да ја разгледаме останатата стварност... Почнувам од кај мене во клас. Иако сум средно, одма се гледа кој ќе оди на приватен-луѓе со оцени што не соодветствуваат на просекот баран на државен. Луѓе кои никогаш во четиригодишното школување не добиле петка ако не е по физичко и на писмена македонски што ја препишале од некоја книга од седумдес треќа... Не мора ниту да имаат многу пари, еве.. Но, за мито секогаш ќе се најде кредит.:wink: За да ти докажам дека на приватните има послаби ученици од државните, ќе ти напоменам дека поените кои се бараат за упис, се различни, на приватен бараат помалце... Зошто е тоа така? Затоа што митото е вклучено во сметката... Има такви ко тебе и Фокси, кои отишле и дале пари за подобрите услови, но има и некои кои отишле затоа што немаат каде, само таму можат да "прогураат". Не знам на кој приватен си, ама отиди на веб страната на Европски... Едно од најпоставуваните пет прашања е ДАЛИ ИМА ПАРКИНГ И ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО КОРИСТАМ? Која информација битна човечее....:nesvest:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мими,јас тоа го нарекувам превентивно мито,за приватните факултети.
Плаќаш однапред,за да не мораш после да се мрцвариш.
И нормално дека е логично дали би имало паркинг,па следниот најблизок е кај Беверли Хилс,нема ваљда 2000ка дечките да одат пола километар пешки до факс?ѓ


А со муабетите си создадовте ситуација,сам себе убијал.
На државен плаќаат 10-15% мито,а на приватен го плаќате превентивното сите.
На државен,кога ќе се соберат положените,сите што платиле мито положиле.
На приватен,според муабетите на Смерт,пак има неположени,иако платиле мито.

Па видете сеа кој е апсурдниот тука,и кој излегува наивен со муабетиве.

Само да го прашам Смерт,дали тие што 5 пати паднале предмет,можат да се решат од него со плаќање,имаш информации за тоа?
 
S

stereo m'c

Гостин
Идете кажете им на тие што полагаат по 4-5 пати еден ист предмет на Европски или било кој друг приватен дека легално ги подмитуваат професорите. Да беа тие 2000 евра "мито" сите ќе положуваа од прв пат.
Да си ми жив и здрав за муабетов !! имам другари од 2 година кој имаат заостанати предмети уште од 1ви семестар и неможат да го положат што значи дека иако е приватен иако се плака $$$$$$$ сепак професорот си го цени предметот, а студентот мора да знае за да положи, а ценовник кај нас за оцена нема барем јас не сум слушнал такво нешто. младинава што збори дека на приватен све е сервирано и дека со партиципацијата си ја купуваш дипломата нема врска нека дојде нека проба па тогаш може да правиме муабет !
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Јас дипломирав на правен(државен) и во текот на моето студирање ниту еднаш ниту еден професор/професорка не ми барале пари за да положам. Факултетот го завршив редовно и ниту еднаш не ми се случило да напишам се на испит, а да не сум положила. Така да врз основа на моето искуство јас ќе кажам дека факултетите не се корумпирани или пак јас сум среќник да не ми се случило такво нешто. Сум слушала дека има професори кои бараат пари, но како што пишав ми се нема случено и затоа не можам да кажам дека факултетите се корумпирани.

Е сега според мене доколку некој професор бара пари за испит голем дел од вината ја сносат и самите студенти. Зашто? Па има деца на буџелари на кои не им се учи и паѓаат неколку пати на испит, па решението го гледаат во плаќање на испитот. Поради таквите настрадуваат и други студенти на кои професорите им бараат пари за испит. Ова што го пишувам е мое мислење и еден вид претпоставка, зошто јас стварно не сум била во таква ситуација.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
151
Поени од реакции
3
Na ekonomski nema da dozivee nikoj direktno da mu pobara mito, nacinot na iznuduvanje e so ke te poludat so nenormalno za ucenje za sam da si pobaras. Dobrata rabota e sto ke izlezes so poveke znaenje. Ete zatoa nema lek za korupcijata,dokazite se vo racete na studentite i toa ne site normalni tuku bas onie na koi im e potrebno mito da zavrsat i normalno nemaat pricina da prijavat...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.912
Поени од реакции
73.220
Jas sum na PMF, i uste ne sum sretnal mutni raboti:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom