Toa што го бараат жителите на Охрид не е нешто невообичаено. Забранување на меѓуопштинско движење во Словенија, освен за вработени во друга општина со потврда од работодавецот, има веќе 1 месец. А и дотолку повеќе се во право охриѓаните зашто нашиот менталитет е примитивен и егоистичен, па градот го преплавија тие што имаат таму недвижнини, а доаѓаат од места каде што има локална трансмисија. И ова не е само во Охрид вака, и по селата истото се случува.
Исто така носење на макар шал околу устата е задолжителнп скоро месец време по маркети и аптеки во Чешка и Словенија, а веројатно и во голем број други ЕУ земји. Инаку за носењето маски милион пати имам прочитано, а и министерот кажа дека не те заштитува од зараза, туку те спречува ти да го шириш вирусот.
Овие две помалку драстични мерки, но доста ефективни за да нема распространување на заболените по цела територија необјасливо е зошто досега ги прескокнавме и веднаш појдовме на најдрастичните. Иако познавајќи ја нашата глупост, мислам дека оправдан е карантинот преку викенди. Не дека не се проба без ова но пошто очигледно е дека кај 90% од граѓаните не допира збор, туку само забрани ќе трпат сите сега. Од друга страна карантинот од 16:00 часот преку недела се покажа како тотален промашај.