Како доктор веќе се плашам. Во болница постојано сум во контакт со секакви пациенти, здрави, настинати, итн. Во четврток ординирав, во сабота дежурав на оддел сум секој ден тука се чуствувам побезбедно. Стравот не е само кај мене, кај повеќето колеги е присутен. Денеска побарав да искористам две недели одмор, не ми потпишуваат.
Среќа не сум бил во контакт со Нина, но многу мои колеги исто така биле на патување во Италија а никој од нив не влегол во самоизолација.
Се плашам поради тоа што никој не ги следи препораките, секој си прави како му чини.
За овој наш народ колку и да звучи грдо чарето го гледам во затварање на граници, што знам дека е невозможно. Лошо во секој случај