Коронавирус (COVID-19)

Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Уште тест не е најден ко што треба, не лек ќе најделе.
Другар на 13.03 март беше позитивен, на 03.04 после 20 дена изолација му дадоа резултати од вториот тест негативен. Нормално за да те пуштат од изолација треба два негативни да имаш, на 06.04 пак му даваат резултати - трет тест позитивен, на 13.04 добива резултати од четвртиот тест - негативен.
Денес (14.04) пак по петти пат го тестираа, со надеж дека конечно ќе сврзе два негативни и да го пуштат.
Симптоми веќе 15-16 дена нема буквално никакви, до крајот на март имаше до 38 температура со отежнато дишење, од април наваму ништо апсолутно.
Убаво им кажа Вело Марковски, pcr - тестовиве што ги спроведува министерствово може да фаќаат определена секвенца и да покажува позитивен тестот до 6,7 недели - а ти фактички имаш антитела си се изборил со вирусот и не го пренесуваш. Ради тоа рапид тестовиве ко у Систина мора да се комбинираат со пцр, ако чекаш на тестови од министерство месец и пол ќе те затворат дома додека добиеш два негативни (а пола од времето си здрав).
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Германиja има капацитети да тестира многу. Буквално секи со температура или проблеми со грло се тестира. Така да - многу откриени со леки симптоми покачува броjките на заразените и како процент намалува броjката на умрелите. Германиja има и како цело наjмногу интензивни кревети на глава на жител во Европа. Само за пример на 100К население во Италиja имаш 318 итни кревета, во Германиja имаш 800 кревета. Во таа состоjба веке са почти дуплирани, дуплирана е апаратурата и привлечен уште кадар.
Германците са дисциплинирана нациja, кметовите не канат на по чаша црвено вино, кога владата вели дека ке има карантин (пример Италиja).
Италија има направено повеќе тестови 17,758 на 1 милион жители Германија 15,730 . Друго , во сериозна/критична состојба Италија има 3,186 Германија 4,288 луѓе , гледај деновиве починати колку ќе има Италија колку Германија.... така е веќе подолго време , зборот ми е дека Германија подобро ги лекува пациентите за разлика од сите други европски држави . Затоа прашав дали имаат различен третман/лек во однос на другите.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
992
Поени од реакции
1.671
Рана детекција, многу кревети, и порано давање на кининот е клучот за германија очигледно.

кај нас сега и дека ги укинаа тие од аптека, освен ако немаш некој пријател приватњак па да те снабди со кинин, ако допреш до болница касно ќе биде за кинин, се дава првите 3-4 дена, а после тие 3-4 дена се дава сумамедот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Види тебе како форумски лик те рачунам за некој што знае критички да размислува не знам од каде оваа паника кај тебе, имено професорот убаво си кажа треба да се прати ситуацијата, треба да се сфати сериозно, но нема потреба затварањето, карантини за болест што не е карантинска, туку одредена социјална дистанцираност со стварање на колективен имунитет, инаку со овие мерки до декември не би се исполнил проектираниот број на заболени, што всушност во превод значи од глад ке умреме попрво од колку од вирусот.
Истото го заснова на студиите кои излегуваат од оваа болест, за која што доколку не би била створена паника како што е створена се ке поминеше глатко, а по мое лично мислење како свинскиот грип 2010 или кога и да беше.
Другар јас те сфаќам тебе и немој да мислиш дека не се согласувам, во нормално општество ќе биде како во Германија, Словенија, Австрија, Данска итн. Без хитлерашки мерки ама и без толпи.

Но во Македонија социјално дистанцирање е осетлива тема, да им кажеш да стојат во ред е како да си им ги ископал очите. Точно пред година дена одам во банка да платам рата, коњот се залепил во мене и гледа како потпишувам налог, му викам повелете, да не сакате да уплатите наместо мене? На пазар се пикаат исто во тебе, на влез во кино да не зборам, како да ќе почне проекцијата без нив.

Маркетите настрана, во парк ќе ти седнат 20 души на пиво, еден да е инфициран и да се закашла - ете проблем. За кафани на затворено да не почнувам мада тоа сега ќе е ок со оглед на тоа што сите ги отвораат терасите.

Значи целата поента е да не се преоптоварат капацитетите и да не се дојде до сценарио да се одлучува кој ќе се вклучи на апарати а кој не. Немој да мислиш дека ова што го збори Вело не му текнало на некој горе на клиника зошто и таму има по некој доктор пред пензија што има пројдено низ секакви сценарија. Кога сме на капацитетите, разбрав дека кадарот од една наша клиника на Водњанска е преиначен на Инфективна, така што иако се израдувавме на оздравените, изгледа почна забавата. Се надевам дека грешам, ако може некој да ме демантира.

Ако дојде да се одлучува кој ќе биде уклучен на апарати а кој исклучен, не знам дали е јасно на повеќето на темава ама во такви случаи се формира етичка комисија и докторите одлучуваат во моментот ослободени од секаква одговорност. Ќе има после пцуења, плачења, колнења по телевизии.

Мислам, ок е да сте со став луѓе умирале и ќе умираат ама да го имате тој став и ако ваши баба/дедо или родители се најдат на болнички кревет (не посакувам никому). Смрт по настанат ARDS е буквално гушење, болна и тешка смрт која трае со саати.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Убаво им кажа Вело Марковски, pcr - тестовиве што ги спроведува министерствово може да фаќаат определена секвенца и да покажува позитивен тестот до 6,7 недели - а ти фактички имаш антитела си се изборил со вирусот и не го пренесуваш. Ради тоа рапид тестовиве ко у Систина мора да се комбинираат со пцр, ако чекаш на тестови од министерство месец и пол ќе те затворат дома додека добиеш два негативни (а пола од времето си здрав).
Фино шо имаш ти развиено антитела, ама штом примерок од брис од грло/нос при PCR тест те вади позитивен, вирусот најверојатно можеш да го шириш. Киваш, кашлаш, лижеш прст. Серолошки тестови, бар за сеа, можеш да ги урамиш и да ги ставиш на ѕид.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Другар јас те сфаќам тебе и немој да мислиш дека не се согласувам.

Но во Македонија социјално дистанцирање е осетлива тема, да им кажеш да стојат во ред е како да си им ги ископал очите. Точно пред година дена одам во банка да платам рата, коњот се залепил во мене и гледа како потпишувам налог, му викам повелете, да не сакате да уплатите наместо мене? На пазар се пикаат исто во тебе, на влез во кино да не зборам, како да ќе почне проекцијата без нив.

Маркетите настрана, во парк ќе ти седнат 20 души на пиво, еден да е инфициран и да се закашла - ете проблем. За кафани на затворено да не почнувам мада тоа сега ќе е ок со оглед на тоа што сите ги отвораат терасите.

Значи целата поента е да не се преоптоварат капацитетите и да не се дојде до сценарио да се одлучува кој ќе се вклучи на апарати а кој не. Немој да мислиш дека ова што го збори Вело не му текнало на некој горе на клиника зошто и таму има по некој доктор пред пензија што има пројдено низ секакви сценарија. Кога сме на капацитетите, разбрав дека кадарот од една наша клиника на Водњанска е преиначен на Инфективна, така што иако се израдувавме на оздравените, изгледа почна забавата. Се надевам дека грешам, ако може некој да ме демантира.

Ако дојде да се одлучува кој ќе биде уклучен на апарати а кој исклучен, не знам дали е јасно на повеќето на темава ама во такви случаи се формира етичка комисија и докторите одлучуваат во моментот ослободени од секаква одговорност. Ќе има после пцуења, плачења, колнења по телевизии.

Мислам, ок е да сте со став луѓе умирале и ќе умираат ама да го имате тој став и ако ваши баба/дедо или родители се најдат на болнички кревет (не посакувам никому). Смрт по настанат ARDS е буквално гушење, болна и тешка смрт која трае со саати.
Види какви и да сме не сме до толку стока како што не опишуваат, а истото можеме да го заклучиме со тоа што во главно ги поштуваме мерките донесени од владата, секако има исклучок но ако се донесеа препораки луѓето кои имаат викендици да си отидан на село ( што 99 посто и го практикуваат), да не се собираат повеќе од 5 луѓе, да има каква таква дистанца луѓето ке го поштуваат а тоа се виде и со првичните донесени мерки мислам дека беа повеќе од 5 да не се групираат на јавни места, школите и кафаните да не работат и пензионерите да не излегуваат во главно тоа луѓето го и поштуваа.

Е сега за респираторите исто така кажа еден интересен податок, дека пациентите ставени на респиратор од 23 само 4 преживуваат, додека оние студии каде што пациентите биле оставени организмот сам да ги се избори смртноста е многу помала, па врз основа на тоа кажа дека респираторите за него не се секогаш решение, да само за најкритичните случаи, додека за ставот на Шведска дека над 80 години нема да се приклучуваат на респиратори истакна дека е исправен и така треба секаде да е, бидејќи ретко кој пациент постар од 80 години може да го преживее респираторот, однос рефлексивно да се врати на природно дишење.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Другар јас те сфаќам тебе и немој да мислиш дека не се согласувам.

Но во Македонија социјално дистанцирање е осетлива тема, да им кажеш да стојат во ред е како да си им ги ископал очите. Точно пред година дена одам во банка да платам рата, коњот се залепил во мене и гледа како потпишувам налог, му викам повелете, да не сакате да уплатите наместо мене? На пазар се пикаат исто во тебе, на влез во кино да не зборам, како да ќе почне проекцијата без нив.

Маркетите настрана, во парк ќе ти седнат 20 души на пиво, еден да е инфициран и да се закашла - ете проблем. За кафани на затворено да не почнувам мада тоа сега ќе е ок со оглед на тоа што сите ги отвораат терасите.

Значи целата поента е да не се преоптоварат капацитетите и да не се дојде до сценарио да се одлучува кој ќе се вклучи на апарати а кој не. Немој да мислиш дека ова што го збори Вело не му текнало на некој горе на клиника зошто и таму има по некој доктор пред пензија што има пројдено низ секакви сценарија. Кога сме на капацитетите, разбрав дека кадарот од една наша клиника на Водњанска е преиначен на Инфективна, така што иако се израдувавме на оздравените, изгледа почна забавата. Се надевам дека грешам, ако може некој да ме демантира.

Ако дојде да се одлучува кој ќе биде уклучен на апарати а кој исклучен, не знам дали е јасно на повеќето на темава ама во такви случаи се формира етичка комисија и докторите одлучуваат во моментот ослободени од секаква одговорност. Ќе има после пцуења, плачења, колнења по телевизии.

Мислам, ок е да сте со став луѓе умирале и ќе умираат ама да го имате тој став и ако ваши баба/дедо или родители се најдат на болнички кревет (не посакувам никому). Смрт по настанат ARDS е буквално гушење, болна и тешка смрт која трае со саати.
Ја би додал и еден друг аспект на кој ми текнува читајќи го ова. Еве да речеме дека вирусот и не е толку опасен за поголем дел од населението, но факт е дека е лесно пренослив и фатален за специфична категорија на население. Но оптоварувањето и ангажирањето на целиот здравствен апарат- лекари, сестри, опрема, клиники, возила и финансии го доведува во прашање третирањето на сите останати здравествени проблеми, се одлагаат прегледи, операции, самото одење во болница станува ризик.

А од друга страна, овие мерки што се на сила сега, ако потраат, макар и до мај, ќе нанесат такви социо-економски штети чии последици со години ќе ги осеќаме, меѓу два огна сме, не е возможно да се каже дека има само една правилна стратегија или вистинско решение.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
992
Поени од реакции
1.671
Овој Вело гледам многу го поштуваат ама очигледно е малце аут од ситуацијава. Сите тие што проповедаат колективен имунитет сместа, треба да се појават на ТВ како се заразуваат намерно себеси и цело свое семејство.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Види какви и да сме не сме до толку стока како што не опишуваат
Извини, во петокот на клупички во градинка 10 души си вртеа пивце. Убаво време, сонце, ветренце. Можно е да сме бетер.
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
258
Поени од реакции
238
Најомиленa серија досега ми беше MR Robot особено последната епизода кадешто бев спремен унапред неколку недели да ја гледам, и ако утре задутре се најави пак некоја емисија со проф. Вело Марковски такви подготовки би направил. ЗНачи уживам во неговата приземност, реалност, храброст која се должи на неговото знаење. Сепак цел живот посветил на своја кариера, и сега некој неук човек, лаик да го слушам или него. Колку што разбрав иако на моменти ме нервираше водителката го прекинуваше очигледно и олеснуваше душата кога професорот со негови зборови разбиваше паника, е дека ние како држава и немаме некоја друга опција освен да се препуштиме на бранот ( не велам веселби, свадби, митинзи да се организираат) туку делумно општеството да се ослободи од строгите препораки која многу членови имаат напишано на тоа колку ќе ни штетат актуелните мерки.

Само на еден момент имплицираше дека трансмисијата на вирусот е овозможен од други фактори, мислам спомна птици така нешто дали е тоа така ќе се утврди во иднината, иако држи логика бидејќи човекот како фактор сам да пренесе во толкава бројка е невозможно не станува збор за морбили ебго. Знам дека човекот е во право..
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ја би додал и еден друг аспект на кој ми текнува читајќи го ова. Еве да речеме дека вирусот и не е толку опасен за поголем дел од населението, но факт е дека е лесно пренослив и фатален за специфична категорија на население. Но оптоварувањето и ангажирањето на целиот здравствен апарат- лекари, сестри, опрема, клиники, возила и финансии го доведува во прашање третирањето на сите останати здравествени проблеми, се одлагаат прегледи, операции, самото одење во болница станува ризик.

А од друга страна, овие мерки што се на сила сега, ако потраат, макар и до мај, ќе нанесат такви социо-економски штети чии последици со години ќе ги осеќаме, меѓу два огна сме, не е возможно да се каже дека има само една правилна стратегија или вистинско решение.
исто така се очекува и епидемија на психички болести после ова, прво ке расте веројатно насилството бидејќи нашето население е сиромашно и во стан од 50 квадрати живеат по 5-6 луѓе тоа доведува до конфликтни ситуаиции, безпарицата ке доведе до депресии, анксиозност...
Автоматски споено мислење:

Извини, во петокот на клупички во градинка 10 души си вртеа пивце. Убаво време, сонце, ветренце. Можно е да сме бетер.
добро
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Фино шо имаш ти развиено антитела, ама штом примерок од брис од грло/нос при PCR тест те вади позитивен, вирусот најверојатно можеш да го шириш. Киваш, кашлаш, лижеш прст. Серолошки тестови, бар за сеа, можеш да ги урамиш и да ги ставиш на ѕид.
Епа сеа ако треска глупости Марковски и ја трескам. Он кажува дека после позитивен PCR, после со серолошки требало да ги следат, ако на серолошки си развил антитела - а во меѓувреме ти се изгубиле сите симптоми веќе недела дена, толку е.
Ти кажав пример другар мој дека од 4 направени PCR теста - 2 се позитивни, 2 негативни, наизменично. Додека дочека 2 негативни, ќе поминат 2 месеци.
Предолги се овие процедури со ПЦР, а ќе те даваат "лажно" позитивен предолг период - зашо фаќале некои минијатурни секвенци.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ја би додал и еден друг аспект на кој ми текнува читајќи го ова. Еве да речеме дека вирусот и не е толку опасен за поголем дел од населението, но факт е дека е лесно пренослив и фатален за специфична категорија на население. Но оптоварувањето и ангажирањето на целиот здравствен апарат- лекари, сестри, опрема, клиники, возила и финансии го доведува во прашање третирањето на сите останати здравествени проблеми, се одлагаат прегледи, операции, самото одење во болница станува ризик.

А од друга страна, овие мерки што се на сила сега, ако потраат, макар и до мај, ќе нанесат такви социо-економски штети чии последици со години ќе ги осеќаме, меѓу два огна сме, не е возможно да се каже дека има само една правилна стратегија или вистинско решение.
Ќе додадам само дека и утре да кажат се враќа се во нормала - сами треба да сме свесни дека додека не се најде терапија за чудово не треба да се пикаме меѓу луѓе во толпи на затворен простор. Во Словенија како што пишав иако немам разбрано од викендов ништо ново, дистанцирањето, хигиената на влез во објекти итн. ќе продолжи да си важи до крајот на годината.

одека за ставот на Шведска дека над 80 години нема да се приклучуваат на респиратори истакна дека е исправен и така треба секаде да е, бидејќи ретко кој пациент постар од 80 години може да го преживее респираторот, однос рефлексивно да се врати на природно дишење.
Ама и ретко кој пациент на 80 години има снага сам да се врати на природно дишење, т.е. да се репарира штетата. Нормално дека респираторот е last resort, исто како и дефибрилаторот. Тоа се ситуации кога нема што да изгубиш и логично е смртноста да е висока.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom