Коронавирус (COVID-19)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Иначе на темава полициски час и пензионери пред банки и маркети. Гужви се прават стално со нив, поготво првите денови од месецот кога подигнуваат пензија. Е сеа работата е што најголем дел од нив пари подигуваат на шалтер, а не на банкомат, пред се поради тоа што не знаат и тешко им е да научат да користат банкомати. Со ограничувањата на двичење по 3-4 саат и сеа 2 саати на ден тие гужви ќе се дуплираат. Многу непромислен потег, поготово ако треба да отидат во маркет и нешто да пазарат поради начинот на кои работат маркетите. Најголем дел од пензионерите, со 10-11 илјади пензија, се приморани да пазарат во Кам и Стокомак пошто се поевини од другите, а таму се и најголемите гужви. Не сите пензионери имаат можност нивните деца да им пазарат. Некои работат, многу млади со фамилиите си отидоа до државава, така да пензионерите се останати сами. На ова додади ги и еден поприлично голем дел неодговорни пензионери и нивни деца и се добиваат овие слики.
Денеска пред сите банки беше гужва.
Мислам дека добра мерка ќе беше да се врати исплатата на пензии на врата, како што беше порано. Можеа сега со некаква полициска придружба да го напраат тоа интервентно. Веројатно има некаква законска пречка.
Не знам дали памтите, порано поштар разнесуваше и пензии, па благодарение на сограѓаните од Çair што едно 5-60 пати со нож ги дочекуваа, мораше да се укине таа услуга (нека не ми глумат дека сме некаков e-општество и многу напредни, од зорт стана тоа).

Пазарењето во Кам и Стокомак е неизбежен момент. Освен редарска служба, не гледам друго решение. Народов е сиромашен и пред вирусов таму беа најголемите гужви.

Од друга страна, еве ќе кажам личен пример. Се понудив и инсистирав лично на мои возрасни, блиски роднини да им ги платам сметките онлајн и да им купувам работи - увредени се почувствувале, дури и кавга за малку ќе испаднеше.
Жал ми е. Старост - лудост.
Веројатно ако човек дојде у некоја возраст кога знае дека е "при крај", си мисли "ако не од ова, ќе умрам од нешто друго"...таа е психологијата веројатно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.488
Istoto e pred poštite vo Kičevo...neznam što plakaat ili zemaat od MK pošta????
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.810
Поени од реакции
17.027
Најмногу се должи на животните навики на народот (јадење без усул, цигари, алкохол, чекање до 5 до 12 за да се отиде на лекар и слично) и општата секојдневна состојба во која се наоѓаат (сеприсутен стрес, неизвесна иднина и слично). Истово може да се заклучи и кога ќе се направи споредба помеѓу Италија/Шпанија и Германија на пример.
каков лекар, какви бакрачи... уште пред пандемијата не функционираа државните, само некој шаблонизирани работи... секам мислам ни приватно не работат, и не само доктори, па и многу други... не бербер, автосервис не работи поради короната...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Членови кои живеат во Германија со години може 250 пати пишаа дека сомнителниве доктори кои ги споделувате се и антиваксери и мислат дека СИДА се пренесува преку воздух.
Колку што знам беше тоа пишано за еден доктор, од Германија, се вртеше видеото негово по форумов, пред недела дена. Ако идеме по таа логика, каде секој што ќе пише спротивно мислење од тоа што го кажува СЗО, се деградира на секаков начин, исто ко тука што одма пробаа да го деградираат епидемиологот (не ми текнува на името) што викаше дека не треба толкава паника да се крева, тогаш, баш ова СЗО кое сега ги вади сите информации за вирусот, предлага мерки, тврдеше дека осиромашениот ураниум кој со тони беше фрлен у Србија и на Косово, немал никаква врска со големиот број на заболени од рак, леукемија и други болести што ги предизвукува.
Реалната слика би требало да ја бараме негде на средина меѓу најрадикалните позиции на двете страни. Вирусов е реалност, позаразен е од грип и поопасен. Како и секоја болест, може да се искомплицира, може да има смртни последици. Одредени мерки треба да се спроведат, пред се за заштита на најранливите. Мерките до вчера беа доволни. Можеби за постарите лица требаше на друг начин да се организира дозволеното време за излегување. Али цолосни забрани за излегување се најлоша мерка што може да постои. Прекршвањата на препораките се на минимум сведени. Едино гужвите без дистанца се пред банките, а тоа лесно може да се реши. Сите банки имаат обезбедување, може тој пред врата да стои на страна и да опоменува ако некој не се придржува до растојанието кое е поребно.
Мене ме интересита дали одкако ќе заврши кризава, постои план како здравството наше ќе се справува тоа што според голем број доктори ќе следи? Дали ќе се објауваат секој ден луѓето кои поради уништениот имунитет ќе умираат од посилни настинки, какви последици ќе има кај луѓето после постојанот труење со информации за вирусов и ништо друго не може да се види и прочита, депресии на секој чекор, изгубени работни места и ред други работи што следат. Има некој план за тоа, не само кај нас, туку општо во светов?
 
B

Beginner

Гостин
Pred malku vidov grupa od 20- ina mladi lugje kako si sedat i si pijat. :popce:

GOSPOD neka ni e na pomosh, GOSPOD.
Ова е тоа вчера што го пишував дека македончето ни има свест нипа ние имаме државен орган да ги растери овие. А за по банките толкава гужва е дека многу луѓе заради кредитите отишле и други работи.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Најмногу се должи на животните навики на народот (јадење без усул, цигари, алкохол, чекање до 5 до 12 за да се отиде на лекар и слично) и општата секојдневна состојба во која се наоѓаат (сеприсутен стрес, неизвесна иднина и слично). Истово може да се заклучи и кога ќе се направи споредба помеѓу Италија/Шпанија и Германија на пример.
И да не одиш 5 до 12 на лекар, ќе те вратат и ќе ти речат ако се влоши состојбата врати се :). И до луѓето и до мизерното здравство е.
 
M

Macedon1um

Гостин
Рачунајте дека секој ден од сега па натаму ќе биде вака хаос, мерката за полицискиот час да почнува од 16:00 часот им е убедливо најглупа до сега.

секако ако во меѓувреме не им текне уште поглупа, на пр да намалат до 13:00 часот
 
M

Macedon1um

Гостин
Убава поука. Во нашава ситуација тоа би значело полицијата и институциите да ги санкционираат оние што не се придржуваат на мерките, седат во групи, не држат растојание по банки/шалтери, им текнува да се собираат стотици во цркви и џамии, отвараат чајџилници во време на епидемија итн. А не значи дека поради нив треба и Трајче да има само саат време после работа да отиде до продавница, или Тоше земјоделецот да отиде во нива да работи без никакво ограничување
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.687
Поени од реакции
88.661

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Убава поука. Во нашава ситуација тоа би значело полицијата и институциите да ги санкционираат оние што не се придржуваат на мерките, седат во групи, не држат растојание по банки/шалтери, им текнува да се собираат стотици во цркви и џамии, отвараат чајџилници во време на епидемија итн. А не значи дека поради нив треба и Трајче да има само саат време после работа да отиде до продавница, или Тоше земјоделецот да отиде во нива да работи без никакво ограничување
Е како викаш убава поука, а мерката за полициски час лоша.

Со полицискиот час ние ги носиме магарињата на грб.

Мерката е глупа, колку што се глупи тие што не ги почитуваат полесните мерки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom