е па кажи како...може е сличен вицот имаше исто со Дедо Иљо Малешевски, ама беше со сабја и мустаќот, ова во контекс на кивањето и однесувањето!
ОК, иако оф-топик ќе биде.
Збори Стаљин од говорница на конгрес во сала, сите слушаат и одеднаш некој кивнува.
- Кој кивна? - прашува Стаљин. Штама.
- Вие сите у прв ред, станете!
Стануваат.
- Кој кивна?
Штама.
- Стрелајте ги сите нив. А сега, втор ред - станете!
Стануваат и нив ги прашува истото и пак никој ни да гукне, па и нив наредува да ги стрелаат. По што наредува да стане и третиот ред, на кој му го поставува истото прашање.
Во тој момент исплашено станува некој одзади и со треперлив глас вели - Јас кивнав...
- На здравје! - вели другарот Стаљин и продолжува со говорот.