Оваа ситуација е далеку од заебанција но исто толку е и далеку од оваа опсесија со која се крева фама, па се издигуваат рафтови и не ти знам што, сутацијава со вирусот е токму некаде на средина од двете крајности, опасноста која е прикажана како апокалиптична но и онаа за обичен вирус.
Првата работа која ми влезе во око во целава оваа фама е дека работам во транспортна компанија и сум средил документи за сигурно некаде околу 100 тури во странство,како тоа не знаат од каде доаѓаат комбината, автобусите, океј за леки коли но за комбе-автобус да не знаеш од каде доаѓаат и кои се патниците треба некој ептен сериозно да одговара, за да ги дознаеш патниците секоја редовна линија но и вонредна мора да има список на патници и без тој список на патници во кој има број на пасош (ако се патува кон земја од ЕУ) или пасош/лична карта ( доколку се патува за Црна Гора, Албанија , Србија, БИХ, Косово) не може да помине транспортното возило, така да не прават филмови дека истражувале па ги октривале патниците во комбето кои патувале со заразената, освен ако не сум погрешно разбрал.
Купувањата во маркети и опремувањето како да е Трета светска војна уште една глупост на нашиов народ, толку ли немат асален човек од министерство да излезе и да им објасни на луѓево дека апсолутно нема никаква потреба од вакви пазарувања, по 5-6 кесиња купуваат луѓето небаре не пазарувале цел месец, дури и да дојде до вонредна ситуација маркетите ќе си работат, а која е поентата да се навооружат со продукти кои и така би скапале а воедно во овие моменти треба да делуваме како колектив, секој да купи оноколку колку што реално му е потребно за да има за сите, не денес ме замолува колешка од работа да и земам маска за приватни потреби, поминав у 15 аптеки немаше ниту една, купувале по цели кутии луѓево за дома, а доволни им се 5-10 зависност од големината на семејството да ги имат на лагер.
Оној дел кој најмногу некако ме нервира и иритира е ова со седи дома, демек до 6 не фаќа вирусов после 6 ќе ме фати, мојата работа е таква каде што бројам постојано пари, одам по банки, државни институции секојдневно каде што има најразличен народ, повеќе шанси имам да закачам било каков вирус (не мора корона) кога иде денот за пензии и кога ќе треба да внесам пазар околу мене кашлат и киват 10 пензионери, отколку што би прошетал еден-два часа низ град да ме фати воздух со пријател, притоа следејќи ги препораките кои се од страна на лекарите, на кафе во кафуле не сум бил цела недела па фала богу ништо не ми фали, но за една прошетка у град да ме трмозат некој си суперзагрижени граѓани, кои до вчера не знаеле што е сапун, не фала.
Меркиве кои се препорачани од министерството со исклучок на онаа со присуството во толпи се нешта кои ние всушност треба да ги практикуваме во секојдневниот живот постојано, без разлика дали е пандемија или не, ако бар малку се грижиме за нашето здравје.
И за крај како економист, иако оваа тема не треба да се злоупотребува во политчки цели но едноставно морам да го кажам тоа , после сето ова што може да се види од припремност на државата за вакви ситуации а посебно економските парамтери кои се катастрофални, секој што барем малку го сака својот сопствен живот и сака да живее, не смее ни да помисли да ги гласа на наредните избори СДСМ и ДПМНЕ кои јасно се гледа дека државата ја направиле партали, џабе сте совесни и слушате совети, џабе седите дома , ако ги гласате нив, ништо не сте направиле.