Коронавирус (COVID-19) Read-only

Статус
Затворена за нови мислења.

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (134)
- Дебар (43)
- Куманово (17)
- Штип (8)
- Прилеп (6)
- Охрид (3)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Тетово (2)
- Гостивар (1)
EFE1FDF1-E0DF-4940-A371-89FC5A1511FA.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје- 143
- Дебар – 45 од кои 2 починати
- Куманово – 20 од кои 1 починат
- Штип - 8
- Прилеп - 8
- Тетово- 4
- Охрид- 3
- Велес - 3
- Струга – 3 од кои 1 починат
- Кавадарци - 2
- Гостивар - 1
- Битола – 1

Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.
583C2A6A-DE32-41DE-BD90-68D859BFDDD4.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.
Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.
DE93D5FE-F454-47FB-8A43-935C1DDE224E.jpeg
Автоматски споено мислење:

2BA2E9A4-C1F1-47B5-9EA9-2EF187433BBE.jpeg
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп - 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје- 176
• Дебар - 47
• Куманово - 47
• Штип- 15
• Тетово - 8
• Прилеп - 10
• Струга - 7
• Велес - 6
• Битола - 4
• Охрид - 3
• Кавадарци - 2
• Гостивар - 1
• Крива Паланка - 1
• Струмица - 1
• Гевгелија - 1
Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти на домашно лекување. Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19, по градови: Скопје-7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија-1 и Кочани-1.

Вкупната бројка на хоспитализирани пациенти изнесува 354. Според местото на живеење во Скопје-183, Куманово-54, Дебар-47, Штип-15, Прилеп-12, Тетово-13, Струга-9, Велес-6, Битола-4, Охрид- 3, Кавадарци-2, Гевгелија-2 и по еден пациент во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Кочани. Од 28-те пациенти во Дебар, коишто се наоѓаат на домашно лекување, на 11 од денеска и во следните денови им се земаат контролните брисеви, согласно нивната состојба и согласно податоците ќе се постапи во однос на нивниот натамошен третман.

На Инфективната клиника, вчера се примени девет нови пациенти, вкупно 59 се хоспитализирани - од кои 12 се со потешка клиничка слика, а пет пациенти се поставени на механичка вентилација. За жал, имаме уште еден смртен случај, тоа е пациентка на 65 години со бројни претходни заболувања на белите дробови, зголемен крвен притисок, дијабет, хронична болест на срцето.
D88AFD28-0E15-40C0-9E96-3B5FC7F1285D.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.
A9C2BA30-9BCF-45D6-83B2-5CED11D26424.jpeg
Автоматски споено мислење:

Направена е нова апликација на која ќе може да се информираме за сите важни информации во врска со коронавирусот.

40DE3D2E-E52C-4711-A057-D0704D0ABF0C.jpeg
14D74E2D-056C-42FD-9ED4-4416077EAB0B.jpeg

Исто така достапен е и Веб сајт за Официјални информации за коронавирус во Северна Македонија.
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19. Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Меѓу потврдените новозаболени случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои ќе информираме на редовната прес-конференција.

CA7BEDAB-7E36-4A49-9F48-512D4FA25A15.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.
Со ова, во денешната статистика се видентирани 5 починати лица од Ковид-19.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.
За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

EBDEABCE-2583-4D6A-9C65-1B84238BF552.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

04F2D7BC-9912-4C2E-93D2-75C3F0A9706D.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.
Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 239
Куманово - 121
Дебар – 49
Штип - 20
Прилеп – 33
Тетово – 29
Струга – 25
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 14



Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително,
За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Објаснување како правилно се користат ракавиците и маските


 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово - 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.

D9993F8D-452C-410C-B34B-22FED035C11B.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 261
Куманово - 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци - 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Денеска нема да се одржи редовната прес-конференција, но одделението за односи со јавност е отворено за сите новинарски прашања и истите ќе бидат одговорени во најкус можен рок.

94A6B5DF-B5D8-40C7-8643-BAE5B615903D.jpeg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.

Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.



➡ Се отвораат понудите за респираторни машини и почнува постапката за набавка на три илјади реагенси за лабораторијата на ИЈЗ;

➡ Објавена е листата на донатори. Собрани се близу 60 милиони денари и сите средства ќе бидат употребени за набавка на материјали за третманот на пациентите заболени од коронавирус;

➡ На инфективната клиника се примени 5 нови пациенти, вкупниот број изнесува 68. Со потешка клиничка слика се 20 пациенти, а 7 се во критична состојба - приклучени на респираторна машина. Примени се мајка и четиримесечно бебе од Кочани, кои во овој момент имаат стабилна клиничка слика.

➡ Кај четворица од пациентите кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се чека и вториот контролен тест. Доколку повторно е негативен ќе бидат пуштени дома;
➡ Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 25 пациенти. Пет од нив се во тешка состојба и тие се наоѓаат во делот за интензивно лекување приклучени на респираторна машина.
➡ Во Битола 4 пациенти се на болничко лекување - во сосем стабилна состојба. На еден пациент му е потребна кислородна поддршка, а целосно се следат и пациентите кои се на домашно лекување.
➡ Двајца пациенти од Штип кои беа на домашно лекување се негативизирани на вирусот во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Штип четворица пациенти се на болнички третман – во моментов во стабилна состојба.
➡ Регистрирани се 46 нови случаи позитивни на коронавирус.
➡ Притвореник во затворот во Шутка починал од срцев удар - немал симптоми и немал висока температура, примен бил на 8 март минатиот месец. Меѓутоа, на обукцијата после земениот брис тој е позитивен на вирусот и сега во овој момент се прават епидемиолошки анкети на сите кои биле во близок контакт, по што ќе се превземат соодветни мерки.
➡ Во Домот за стари лица во Битола примен е еден штитеник на 18.03, а една недела подоцна префрлен на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола поради зголемена температура. Во следните денови била добиена потврда дека брисот за КОВИД-19 е позитивен. Земени се брисеви на сите во останатите соби, на дел од персоналот кои биле во контакт - дадени се препораки за темелно чистење, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја испита целата постапка
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom