Може ли едно прашање до
@Bafra @bijons @Aceso @Igorcemk и останатите кои сте на темава..
- ДАЛИ ако народов во светот не се вакцинираше, ако не се произведеа вакцините, вирусот на ковид ќе мутираше во разни нови сојеви, алфа, бета, гама, делта итн.?
ај да споредиме со сезонскиот грип,
постојат пет светски центри кои даваат предлог за изработка на вакцината против сезонски грип во престојната сезона:
1.Atlanta, Georgia, САД (центра за контрола и превенција на болести CDC);-2.London, Англија ( институт Francis Crick);
3. Melbourne, Австралија (референтна лабораторија за инфективни болести Victoria);
4.Tokio, Јапонија (Национални институт за заразни болести)
5.Peking, Кина (Национални институт за превенција и контрола на вирусни болести
...два пати во годината СЗО организира советување со директорите на овие пет светски центри и директори на регулаторни лаборатории при што даваат препорака од прегледаниот резултат на сите клинички и лабораториски студии и достапност на вирусите одбирајќи ги соевите во чиј состав ќе бидат на годишната вакцина против сезонски грип,
тие кои ќе се состанат во фебруари ги одбираат соевите на инактивирани вируси за вакцина за сезонски грип за северна хемисфера, а тие кои ќе се состанат во септември ќе решат кои соеви инактивирани вируси ќе ги има вакцината која ќе се применува и дистрибуира во јужна хемисфера,
екваторот е на средина, све што е под екваторот е јужна хемисфера, а све што е над екваторот е северна хемисфера, така да една вакцина ќе се применува во Австралија против сезонски грип, а друга вакцина можеби со други соеви од инактивирани вируси во Европа,
за ова 2020/2021 година против сезонскиот грип се аплицира четиривалентна вакцина VaxigripTetra која преставува инактивиран сегментиран вирус на инфлуенца што содржи антигени кои се еквивалент на следиве соеви :
- influenza A virus H1N1/Guangdong-Maonan/SWL1536 od 2019,
- influenza A virus H3N2 /Hong Kong/2671 2019,
- influenza B virus антигенски група од 1970 год Victoria, сој /Washington/02/2019 год
- influenza B virus антигенски група од 1970 год Yamagata, сој/Phuket/3073/2013 год
култивирано во оплодени кокошкини јајца од здрави кокошки инактивирани во формалдехид, вакцината е произведена според препораките на СЗО за Северна Хемисфера и одлука а ЕУ за сезона 2020/2021 год,
и така секоја година може исти, а може комбинација од други соеви на сезонскиот вирус зависно од миграциони движењаи други фактори,
сега да се префрлиме кај соевите од коронавирус што според тоа кај се појавиле си го добиле и името, за да не би имале вакви соеви на место каде не се појавиле прв пат, би требало да се забрани миграцијата на населението од една страна на друга во светот, а богами најопасен за трансмисија на коронавирус и мутирачки тенденции се човечкиот фактор и авионскиот превоз, да се забранеше авионскиот превоз мислам дека немаше да има временски толку долго пандемија, па ниту мутации, али тоа е тоа, локдаун се прави локално, а глобално авионите ги пренесуваат соевите од една страна на друга во светот, погрешно менаџирање и проценка на СЗО, според мое мислење,
... инаку дали вакцините и вакцинирањето е причина да вирусот первезно мутира, тоа не може никој да го каже, мутациите зависат од многу работи, а и не зависат, зависно во каква подлога еволуира коронавирусот,
вирус како вирус, ако навлезе во човекот не значи дека ќе ја сплоти својата РНК во неговите здрави клетки и на таков начин ќе го инфицира и ќе направи проблем во неговото здравје,
вирусот едноставно ја одбира опцијата да ја нападне бактеријата која симбиозно живее во човекот (природна бактериска флора кај човекот)и да ја направи неа патогена со својата РНК и таа бактерија да ги нападне здравите клетки на човекот или едноставно да не ја вршат таа функција при симбиозно живеење со човекот што би донело до болест кај човекот!
...ете индискиот сој Делта, како еден пример знаеме како пристигна кај нас, што со вториот случај како доспеал тој сој овде? ние не треба да дозволиме да доспеат тука вирулентните соеви, а не све слободно, па ќе се вакцинира населението...па што ќе вакцинираш со вакцини произведени во мај 2020, а сега сме јуни 2021?
...делува делува... е да де, би делувало и вакцината против сезонски грип на тој начин, вирус е вирус и таму и ваму, па не би се произведувало секоја година нова комбинација на сезонска вакцина!