Превозот си работи нормално,а ке ги ловеле тие со коли што си оделе еден кај друг после 20ч како што вели Игор.И сега,двајцата сте таму знаете што е метрото у Берлин,па ке ве молам која е логиката? Па тоа се реки и реки народ кои шират зараза,а не тие по дома што се збирале после 20ч.А тие што се збираат пред 20ч,што со нив?
тоа дали ќе те лови некој или не, смешно е да го збориме... тие се правилата, твое е дали ќе ги почитуваш или не.. ако ги почитуваш се штитиш себе си и другите на некој начин, а ако не ги почитуваш ризикуваш да бидиш фатен од полиција, да јадеш 200€ казна и да те има у систем полициски у Германија...
тоа реки и реки народ по сите метро станици е минато време... без разлика дали станува збор за Берлин, Минхен, Франкфурт итн...пусто е...
е сеа за муабетот после 20 часот.. од кога ги затворија кафичите и рестораните, и забранија да се консумира алкохол на отворено после 20 часот, а и нели зима дојде па залади, сите почнаа да се собираат по дома.. сеа доаѓа Божик, Нова Година ништо нема да работи, па веројатно со оваа мерка сакаат да спречат групирање по куќи, станови и слично, во овој празничен период...
исто така оваа мерка не е нешо ново или од сега... сите овие мерки се донесоа на почетокот, периодот март односно април..
на табела убаво се објаснети сите мерки... ако бројката на заразени луѓе на 100 000 жители во последните 7 дена надмине 200 се воведува полициски час од 21 до 5 и забрана за консумирање алкохол на отворено преку целиот ден, во тоа место или "corona hotspot" го викаат тука...
Sent from my SM-G980F using Tapatalk