Мене ме фати психичка корона
Го слушам Оливер С.како радосно објавува за почетокот на преговори за влез во ЕУ(можеби и јас ќе се радував да не беше оваа пандемија), ги слушам сите пресови, верглање едно те исто...па аман бе луѓе, знам дека сте и вие под стрес, уморни сте и напнати оти цел товар е врз ваша глава, ама дајте бе еднаш кажите КОГА, КАДЕ, ќе го направите тој карантин, оти итно ни е потребен, бројкава расте на заболени, медицинскиот персонал е разочаран, бараат маски ко муви без глави на работа, немаат соодветна заштита, се караат една со друга што се даваат скришно...абе мизерија, м и з е р и ј а.......
Сите го фалат Филипче...абе за што го фалите...одите во болницине да видите ште е средено и дали воопшто е средено нешто...муви без глава сите.....Чекаат јајцето да им дојде на газот, ама касно ќе биде....
Пукнав навистина од гледање на несовесност и недисциплина...но овојпат ги гледам младиве кои пред зграда денес сакале кошарка на снег да играат