Дипломата значи дека сум потрошила 6 години од мојот живот учејќи за вакцините, имунизацијата, инфективните болести и тоа што го пишувам го разбирам. Совеста ми е мирна, не зборувам на памет.
Точно така, си потрошила 6г и ништо друго не значи. Ќе значеше доколку на пример населението беше поздраво, доколку населението секоја година не фаќаше сипаници, грип. Или да имаше објаснување зашто за болестите за кои нема вакцина, како нашето тело успешно се бори против нив, или да имаше објаснување зашто вирусот додека се размножува во организмот (14 дена), телото не го уништува, туку после одреден период магично добива од некаде сигнал, дека се работи за патоген и започнува војна.

А за совеста, тоа си е релативно, има крадци и убијци на кои совеста им е мирна, а исто и на 100% од политичарите.
Во медицината, скоро секое тестирање може да даде лажно позитивни или лажно негативни резултати. Тоа нема никаква врска со стручноста и професионалноста на медицинскиот персонал.
Ваљда е точно така, повторно, иако не знам како да го сфатам ова лажни резултати

Исто нема никаква врска со стручноста, а ниту јас кажувам дека сте нестручни. Е сега толкување на тие резултати кои можат да се грешни за кои самите си потврдувате, како си ги земате за донесување на заклучоци, тоа секој сам нека си процени дали е ефикасно или не.
Јас никаде не сум кажал дека докторите се нестручни, туку во реалноста имаме други резултати, но тоа не е битно.
Секој човечки живот МОРА да биде спасен! За да не дојдеме до ситуација да бираме кого да го спасиме мора да се придржуваме до мерките. Не биди себичен, дедото и бабата на 80 години имаат едднакво право на живот како девојката и дечкото на 23 години. Немаат цели? Немаат мечти, радости, желби?
Тоа МОРА... ако е по секоја цена, па дури и по цена да се уништи иднината на цел свет, супер.

Баба и дедо на 80 г и нивните радости се потомството да има "розева" иднина, а со твоево МОРА, гарантирано е дека НЕМА да имаат " розева" , значи идеш против нивните желби
Токму доверливите извори информираат за сриозноста на ситуацијата и фактот дека треба да седиме дома, да бидиме свесни и одгворони и да не шириме дезинформации и да ги интерпретираме нештата кои ни се погрешно сфатени како што тоа ти го правиш.
Види, ако тебе ти е доволно да веруваш на рекла казала на системот кој милион пати претходно се докажало дека не излажал, тоа си е твоја одлука. Ако сакаш и јас да верувам, тогаш искористија ја твојата диплома и пракса и изнеси ми факти за сериозноста, ама немој само да се повикуваш на авторитет. Историски ако не ти е јасно и Хитлер се повикувал така.
Штом ти побарам одговори те снемува нешто и со плачење кажуваш не играм веќе, чудно за особа со 6г школо.

Имам еден другар, економски го заврши за 7 години, сигурно е многу паметно човече, ако гледаме само по годините.
Има еден виц: Знаеш ли зашто Рамче во 5то одделение имал најголем патлак .... зашто имал 15 години
И сега дали треба да ти нацртам дека кога во светот има пандемија, најголем број од населението умира од пневмонија заради воирусот, овие луѓе умреле од пневмонија заради некој друг причинител? Можеби, 0,1%, ама останатите 99,99 % тешко веројатно.
Населението умира од пневмонија со децении наназад. Еве јас споделив бројки со години наназад колку умирале. Ти ниту една конкретна бројка не успеа да споделиш, освен бројка на починати, ама за кои нели рековме нема детални информации,
можеби и тешко веројатно се зборови кои ми даваат право да не ти верувам, плус самата си кажуваш дека грешни резултати има колку сакаш.
Економските последици, кои е неминовно дека ќе бидат огромни и катастрофални нема да ги коментирам. Темата не е за тоа, а и сум обичен лаик кога станува збор за економија. Не сум економист. Тоа што не го разбирам многу, не го коментирам.
Ма слободно пробај, не би требало да ти биде проблем, да знаеш какви се економисти немаме, со по 2 факултети, со докторати, чуда врагови, па пак какви утки прават.
Запамти една работа, решението кое го предлагаш
не смее да има негативни последици за било кој друг, инаку не е решение и ќе си имаш после други проблеми, можда и поголеми.