Концептот „Частење“

Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Испаѓа дека у МК частењето како концепт е умрено, зашто луѓево гледаат аванта да си напраат или се игра на памти па врати.
Штета, затоа што тоа беше нешто убаво што го имавме над западот, а и веќе слави нема, ко дете коа бев, славите што се ултимејт частење, беа чести и беше убаво, дружби позитива, сега значи луѓе од луѓе се плашат, човек на човека волк.
И ти што си по частењето глеаш дека замеруваш, кој частел, зашто не частеле и тн. Од тие прични изумира. Луѓето поучени од некој ситуации избегнуваат да бидат должни некому. А нели своите финансии секој најдобри си ги знае, до кај му е чергата и тн.

Ја пример не сакам да ме частат без повод баш од вакви муабети. Океј сеа се дешавало, да не бидам цепидлака. Некој ако нема ситно, или ете некоја пијачка па да не се тегнеме за пари. За родендени, слави такви работи тоа е друг муабет. Или нешто добро ти се десило па да пуштиш некоја пијачка. Ама нејкам некој да го очекува тоа од мене.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
339
Поени од реакции
698
И ти што си по частењето глеаш дека замеруваш, кој частел, зашто не частеле и тн. Од тие прични изумира. Луѓето поучени од некој ситуации избегнуваат да бидат должни некому. А нели своите финансии секој најдобри си ги знае, до кај му е чергата и тн.

Ја пример не сакам да ме частат без повод баш од вакви муабети. Океј сеа се дешавало, да не бидам цепидлака. Некој ако нема ситно, или ете некоја пијачка па да не се тегнеме за пари. За родендени, слави такви работи тоа е друг муабет. Или нешто добро ти се десило па да пуштиш некоја пијачка. Ама нејкам некој да го очекува тоа од мене.
ОК, има такви ликови што напињаат, можеби и затоа умира, но често такви ликови се гребатори, никад денар не дале на частење, или тие што се памти па врати, ама тука се криви екипите што дозволуваат тој муабет да пројде.
Но за мене сме се разбрале, ја никогаш на никој му немам кажано ај да частиш, чисто го споделувам тука на форумот како мое мислење (сепак повеќе ме интересира дебатата отколку некој да ми решава проблеми), но ги слушам муабетите на луѓе што се пецкала на тоа поле, луѓе на кои не им е толку да ги частат колку да видат што изговор ќе се смисли и вадам изводи така.
А за тоа чергата, не се согласувам, зашто премногу влеговме во демократија у стилу „ја си знам дома како ми е“. ОК, но ако е така, понудат ли частење, одбиј, помисли си утре ќе имаш ти повод и ќе избегаваш, а јас зборам за тоа, моите 20+ частења во рамки на година-2 си се мој проблем, но веќе коа си прифатил таков аршин на частенки, а ти се десил некој убав настан, залеј го, особено наша екипа не е ненајадена и ненапиена па да биде нашле па зашле, ќе те банкротираат, туку ќе се напраи гезме ќе се честита ќе се дигне здравица и ќе биде весело, а не „Купив кола“ и толку.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
387
Поени од реакции
893
Да частам и да ме частат со причина, онака нит сакам да ме частат нит би частел некого.
Во ресторан сме правеле сметка максимум околу 1500 денари и ја делиме сметката на три или четири души, зависи колку сме и после тоа чао пријатно. Чист рачун, дуга љубав. :love:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.189
Поени од реакции
18.284
Да частам и да ме частат со причина, онака нит сакам да ме частат нит би частел некого.
Во ресторан сме правеле сметка максимум околу 1500 денари и ја делиме сметката на три или четири души, зависи колку сме и после тоа чао пријатно. Чист рачун, дуга љубав. :love:
Од дома ли си носите ракија бре, 1500 денари максимум плаќале :pos:

Он топик, обожавам да частам блиски луѓе, без особена причина. Без разлика дали сме плански излезени или пак ќе се сретнеме случајно на шанк некаде.

Исто прифаќам частење од блиски луѓе, без разлика поради што е. Не сакам да кршам атер никому. Од тие причини не сум имал никогаш проблеми, а и никогаш не ми текнало да бројам или правам пресметки, кој колку и кому.

Кога станува збор за заедничко плаќање, 99% го применуваме принципот на еднаква поделба, бидејќи најчесто цехот по лице е горе-долу сличен. Ако некој самиот знае дека испил повеќе или пиел поскапо, што може да направи разлика 400-500 денари, тогаш сам си дава повеќе пари.

Така да, погрешен е пристапот на оние кои частат, паметат, па чекаат назад. Тоа е спонтана работа и треба само да се знае со кои луѓе може, а со кои не може да се прави.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.484
Поени од реакции
18.109
Хаха ОК реална ситуација:
Како се справувате со сметката кога сте седнати четворица на маса и иде келнер ви носи "биланс штетата" и сега сите ја земате па броите ја испив толку, Ахам Ја имав и Јадење и испаѓате едниот 230ден. другиот 400 округло третиот 250 и четвриот 180ден.
И сега келнерот тапоти вместо. И Вие ваѓате новчаниците и тројца од четворица викаат - ТИ Имаш ситно!?!? Чек вака да се префатиме.... Не чекај ти плати за сите па ќе се раздужиме ко ќе излеземе да купам кутија цигари...
:)
Дали сте такви пичкици кретенчини или еден АЛФА МАЖЈАК во друштвото скока ја граба сметката и вика Дај бе колку е тоа? 1060... Заокружи 1100!!!
Со тие што седам во кафана, ќе седнеме, нарачуваме јадеме пиеме, некој ќе каже дека тоа е од него, после втор ќе викне уште една две три тури пијачки и мезиња пржољи, трет истото. И така. Сепак ништо не е на кантар. Затоа и не се седнува со секој во кафана, ради такви простачки работи, како мерење на сметката, што е мое, што е твое. По такви работи гледаш кој е човек а кој е клошар во душа. Некогаш и само еден си ја плаќа сметката, тој што викнал, ако седењето е кратко на 2 3 пијачки.

Иначе, во друштво имаме едно другарче, стотче го викаме. Кај и да одиме, кога и да одиме, има само 100 денари во џеб. Наводно. Ќе се понуди да остави 100 денари, не му зимаме, али затоа го ребраме, пошто е циган. Сме ги праеле и клупите порано, и он обично секогаш доаѓа покасно, од причина што секогаш сака да се гага, па ќе го "наместиме" да купи 2 големи пива, и доаѓа, едното го остава а другото директ од шише си пие, само за него. Типичен селски тип. Едно другарче го влече, по мои критериуми не би седел на маса со него никогаш.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.717
Поени од реакции
19.018
Имав на времето еден "другар" битолски кабадаја изиграваше, седиме во кафана и као демек ќе ја части келнерката, таа па една офарда не пиела обично вино само сортно :)
Си порача батето едно шише special selection Temjanika, попратно и бифтече , дојде Госпожата на маса, наздравија еднаш за адет и толку, трагата не и се виде цела вечер :D
На крајот иди сметката си вади фраерот пари колку за него, битно се напрај џек пред симпатијата ја "почасти". :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom