O
Omer el Faruk
Гостин
КОНЦЕПТОТ НА БОГА ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО
Христијанството е семитска религија, која што има околу 2 милијарди следбеници. Христијаните го припишуваат основањето на својата вера на Исус (а.с.). Исус/Иса,а.с., во исламот е длабоко почитувана личност. Исламот е единствената вера после христијанството која што го пропишала почитувањето на Исус,а.с..
Пред да го разгледаме концептот на Бога во христијанството, да погледнеме каков е статусот на Исус во исламот:
1. Исламот е единствената вера после христијанството која што почитувањето на Исус го става на степен на обврска. Никој не може да биде муслиман додека не поверува во Исусовото пратеништво.
2. Ние муслиманите веруваме дека тој бил еден од најголемите Аллахови пратеници.
3. Ние веруваме дека тој е роден натприродно, без интервенција на биолошки татко. Во овој факт, дури, ниту многумина од современите христијани не веруваат.
4. Ние веруваме дека мртвите ги враќал во живот со Божја дозвола.
5. Ние веруваме дека им го враќал видот на слепите од раѓање, како и дека ги лечел губавите – со Божја дозвола.
Некој ќе се запраша: Пошто и муслиманите и христијаните веруваат и длабоко го почитуваат Исуса, каде е тогаш нивната точка на разминување?
Главната разлика помеѓу муслиманите и христијаните се крие во инсистирањето на христијаните на Исусовата божествена природа.
Со внимателно проучување на Библијата, неможете да најдете дека Исус на себеси си припишувал Божански особини. Во целата Библија не можете да најдете ниту една недвосмислена Исусова изјава во која што вели “ Јас сум Бог” или “Мене обожавајте ме”.
Напротив, Библијата е полна со изјави кои што му се припишуваат на Исус, а кои што сведочат нешто сосема спротивно. Размислете за следниве реченици кои што му се припишани на Исус,а.с.:
“...зашто Таткото е поголем од Мене.” (Јован,14:28)
“Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите...” (Јован, 10:29)
“но, ако Јас ги изгонувам демоните преку Духот Божји, тогаш царството Божјо дошло врз вас. (Матеј, 12:28)
“Но ако Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст, значи дека Божјото Царство дошло при вас. ( Лука, 11:20)
“Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.(Јован, 5:30)
ИСУСОВАТА МИСИЈА – УПОТПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ
Исус,а.с., никогаш на себеси не си припишувал божествена природа, туку јасно изјавил која е неговата мисија. Исус бил испратен од Бога, да го употполни поранешниот, еврејскиот закон. Тоа јасно се гледа од ставот кој што му се припишува нему во Евангелието по Матеј:
”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè. И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;
Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, нема да влезете во царството небесно.” (Матеј,5:17-20)
ИСУС – БОЖЈИ ПРАТЕНИК
Библијата ја споменува Исусовата пратеничка мисија во следните стихови:
“ ... а Словото што го слушате, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.” (Јован,14:24)
“А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. “ ( Јован, 17:3).
Исус ја оттргнал и најмалата помисла за неговата божествена природа. Размислете за следниот стих од Библијата:
“И еден началник го праша, велејќи: „Учителе добар, што треба да направам за да наследам вечен живот?”
А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. Ги знаеш заповедите: „Не прељубодејствувај! Не убивај! Не кради! Не сведочи лажно! Почитувај ги татка си и мајка си!” (Лука, 18: 18-20)
Овој и уште многу други библиски стихови ја поништуваат христијанската догма за Исусовата божественост. За добивање награди, Исус ги учел да ги извршуваат обврските.
ИСУС ОД НАЗАРЕТ – ЧОВЕК ПОТВРДЕН ОД БОГА
Следниот библиски стих го потврдува исламското убедување дека Исус, а.с., бил Божји пратеник :
“Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исуса Назареецот со сили, чуда и знаци, што Бог ги направи преку Него меѓу вас, како што знаете самите. “ ( Дела на светите апостоли, 2: 22).
ПРВАТА ЗАПОВЕД Е: ВЕРУВАЊЕ ДЕКА БОГ Е ЕДЕН
Библијата воопшто не му дава потпор на христијанското верување во Тројството. Еден од писарите го прашал Исуса која е првата и основната заповед. Исус му одговорил цитирајќи ги Мојсеевите зборови :
Shama Israelu Adonai Ila Hayno Adna Ikhat!
Ова е цитирано на еврејски , а во превод значи:
“...Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ.” ( Марко,12:29).