Концептот на Бога во Христијанството

  • Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување
O

Omer el Faruk

Гостин
КОНЦЕПТОТ НА БОГА ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО


Христијанството е семитска религија, која што има околу 2 милијарди следбеници. Христијаните го припишуваат основањето на својата вера на Исус (а.с.). Исус/Иса,а.с., во исламот е длабоко почитувана личност. Исламот е единствената вера после христијанството која што го пропишала почитувањето на Исус,а.с..​


Пред да го разгледаме концептот на Бога во христијанството, да погледнеме каков е статусот на Исус во исламот:​

1. Исламот е единствената вера после христијанството која што почитувањето на Исус го става на степен на обврска. Никој не може да биде муслиман додека не поверува во Исусовото пратеништво.​

2. Ние муслиманите веруваме дека тој бил еден од најголемите Аллахови пратеници.​


3. Ние веруваме дека тој е роден натприродно, без интервенција на биолошки татко. Во овој факт, дури, ниту многумина од современите христијани не веруваат.


4. Ние веруваме дека мртвите ги враќал во живот со Божја дозвола.


5. Ние веруваме дека им го враќал видот на слепите од раѓање, како и дека ги лечел губавите – со Божја дозвола.


Некој ќе се запраша: Пошто и муслиманите и христијаните веруваат и длабоко го почитуваат Исуса, каде е тогаш нивната точка на разминување?


Главната разлика помеѓу муслиманите и христијаните се крие во инсистирањето на христијаните на Исусовата божествена природа.


Со внимателно проучување на Библијата, неможете да најдете дека Исус на себеси си припишувал Божански особини. Во целата Библија не можете да најдете ниту една недвосмислена Исусова изјава во која што вели “ Јас сум Бог” или “Мене обожавајте ме”.
Напротив, Библијата е полна со изјави кои што му се припишуваат на Исус, а кои што сведочат нешто сосема спротивно. Размислете за следниве реченици кои што му се припишани на Исус,а.с.:



...зашто Таткото е поголем од Мене.” (Јован,14:28)

Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите...” (Јован, 10:29)

но, ако Јас ги изгонувам демоните преку Духот Божји, тогаш царството Божјо дошло врз вас. (Матеј, 12:28)

Но ако Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст, значи дека Божјото Царство дошло при вас. ( Лука, 11:20)


Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.(Јован, 5:30)




ИСУСОВАТА МИСИЈА – УПОТПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ




Исус,а.с., никогаш на себеси не си припишувал божествена природа, туку јасно изјавил која е неговата мисија. Исус бил испратен од Бога, да го употполни поранешниот, еврејскиот закон. Тоа јасно се гледа од ставот кој што му се припишува нему во Евангелието по Матеј:


Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;
Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, нема да влезете во царството небесно.” (Матеј,5:17-20)





ИСУС – БОЖЈИ ПРАТЕНИК


Библијата ја споменува Исусовата пратеничка мисија во следните стихови:


... а Словото што го слушате, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.” (Јован,14:24)


А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. “ ( Јован, 17:3).


Исус ја оттргнал и најмалата помисла за неговата божествена природа. Размислете за следниот стих од Библијата:


И еден началник го праша, велејќи: „Учителе добар, што треба да направам за да наследам вечен живот?”
А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог.
Ги знаеш заповедите: „Не прељубодејствувај! Не убивај! Не кради! Не сведочи лажно! Почитувај ги татка си и мајка си!” (Лука, 18: 18-20)




Овој и уште многу други библиски стихови ја поништуваат христијанската догма за Исусовата божественост. За добивање награди, Исус ги учел да ги извршуваат обврските.






ИСУС ОД НАЗАРЕТ – ЧОВЕК ПОТВРДЕН ОД БОГА


Следниот библиски стих го потврдува исламското убедување дека Исус, а.с., бил Божји пратеник :

Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исуса Назареецот со сили, чуда и знаци, што Бог ги направи преку Него меѓу вас, како што знаете самите. “ ( Дела на светите апостоли, 2: 22).



ПРВАТА ЗАПОВЕД Е: ВЕРУВАЊЕ ДЕКА БОГ Е ЕДЕН



Библијата воопшто не му дава потпор на христијанското верување во Тројството. Еден од писарите го прашал Исуса која е првата и основната заповед. Исус му одговорил цитирајќи ги Мојсеевите зборови :


Shama Israelu Adonai Ila Hayno Adna Ikhat!


Ова е цитирано на еврејски , а во превод значи:



“...Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ.” ( Марко,12:29).
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Ova denes sto e ustvari nema bas vrska so izvornoto hristijanstvo, posto toa nastanalo vo Palestina a ne na zapad.
Koga ke vidite na sto se svelo hristijanstvoto ke sfatite deka nema mnogu srodnost so izvornoto hristijanstvo.
Tuka ima dodavanja i siroki tolkuvanja koi nemaat osnova vo Biblijata, samo da postsetam, sliki, kipovi, svestenstvo, mitarstva, trojstvo nema osnova vo Biblijata.
koga denes bi dosol Isus da gi vidi onie koi se narekuvaat negovi sledbenici siguren sum deka ne bi odobril mnogu nesta koi oni samite si gi dodale otposle.
Ustvari sto se slucilo zapravo, mislam deka procitav nekade: evreite tolku go zamrazile Isus sto ne go ni priznavaat za Bozji pratenik
a risjanite tolku go zasakale sto napravile Bog od nego (taka go smetaat sin na samiot sebe, trojstvo).
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Прво за цитатите кои си ги дал дека Исус е само божји пратеник.како се работи за двојна природа..човечка и божја...стиховите ти се сосема погрешно протолкувани...еве ти пар цитати дека меѓу Исус и Господ стои равенство....

ИСУС
]Јован 8:24, "Зашто ако не поверувате дека ЈАС СУМ, ќе умрете во своите гревови." Јован 8:58, "Вистина, вистина ви велам: уште пред да биде Авраам ЈАС СУМ"

ГОСПОД

Излез 3:14, "ЈАС СУМ КОЈ СУМ, му рече Бог на Мојсеј. Потоа продолжи: Кажи им вака на Израелците: ЈАС СУМ ме испрати пре вас.
ИСУС
Јован 8:12,"Исус пак прозбори натаму, велејќи: Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи нема да оди во темнина.. "

ГОСПОД
Исаија 60:19 ,"Сонцето веќе не ќе ти биде светлина дење, туку Господ ќе биде твоја вечна светлина... "
ИСУС
Јован 10:11, "Јас Сум Добриот Пастир. Добриот Пастир го дава животот за овците."
ГОСПОД
Псалм 23:1, "Господ е мојот Пастир. Ништо не ќе ми недостига."
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Маркус, дали сакаш да кажеш дека Исус истовремено бил и човек и Бог и Божји Пратеник?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Маркус, дали сакаш да кажеш дека Исус истовремено бил и човек и Бог и Божји Пратеник?
Исус е отелотворување на Бог во тело....
Јован 1:14
И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава,
А, Павле ќе каже..
"Христос е видлива слика на невидливиот Бог"
Пошто се роди од жена..Марија има двојна природа...и човек и Бог..
Исаија 9:6,7
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата.
А ова за пратеник...Исус ќе каже...
Јован10:30
Јас и Татко Ми едно сме.”
Немој да ја омаловажуваш вредноста на Исус каков пратеник..
Откровение 22:13
Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Јован10:30Немој да ја омаловажуваш вредноста на Исус каков пратеник..
Откровение 22:13
Овде не ми си доволно јасен. Болдираното зборче е токму како што е напишано,или мислеше на зборот како ?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Овде не ми си доволно јасен. Болдираното зборче е токму како што е напишано,или мислеше на зборот како ?
Не...токму така...пратеникот е во служба на Бога..
Библијата е јасна меѓу Бог и Исус стои равенство....
Со тоа што го сметаш за пратеник..го намалуваш неговото значење...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Христос е во исто време и Бог и човек!
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Не...токму така...пратеникот е во служба на Бога..
Библијата е јасна меѓу Бог и Исус стои равенство....
Со тоа што го сметаш за пратеник..го намалуваш неговото значење...
Јас не го намалувам значењето, туку Библијата.

... а Словото што го слушате, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.” (Јован,14:24)



А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил.( Јован, 17:3).



Но ете, темата е начната па повелете со вашата презентација на вашиот концепт на поимање на Бога.


Христос е во исто време и Бог и човек!
А дали е Отецот таков?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Јас не го намалувам значењето, туку Библијата. Но ете, темата е начната па повелете со вашата презентација на вашиот концепт на поимање на Бога.
Библијата..го намалува значењето на Исус..Библијата вели вака...
Дела4:12
Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”
што се однесува до поимањето на Бог...
Мислам дека ќе успеам да ти одговорам со пар цитати...
Јован 4:24
"Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат мораат да го прават тоа сходно со вистината која им ја открива Божјиот Дух."
(Јован 4:24)
Ев. Јован 1:18
"Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син, Кој е Бог, и Кој произлегува од Таткото."
5. Мојсеј 7:9
"И така, знај дека Господ, твојот Бог, е верен Бог, Кој го пази од илјада поколенија Својот завет и има милост спрема оние што Го сакаат и ги извршуваат Неговите заповеди."
Псалм 100:5
"Господ е добар, Неговата љубов е вечна, а верноста Негова трае од поколение до поколение!"
2. Мојсеј 22:27
"И кога ќе повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи Сум милостив." (2. Мојсеј 22:27)
Мислам дека ме разбра...ако случајно не...ги болдирав потребните делови..
 
R

RAYTHEON23

Гостин
фрчеле цитати фрчеле како рафали:pos2:

КОНЦЕПТОТ НА БОГА ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО




ПРВАТА ЗАПОВЕД Е: ВЕРУВАЊЕ ДЕКА БОГ Е ЕДЕН



Библијата воопшто не му дава потпор на христијанското верување во Тројството. Еден од писарите го прашал Исуса која е првата и основната заповед. Исус му одговорил цитирајќи ги Мојсеевите зборови :


Shama Israelu Adonai Ila Hayno Adna Ikhat!


Ова е цитирано на еврејски , а во превод значи:



“...Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ.” ( Марко,12:29).
значи евреите се светиот народ!!!!!

така а мека и медина треба да бидат еврејски:toe:
 
A

ateist

Гостин
Со тоа што го сметаш за пратеник..го намалуваш неговото значење...
ПРАВОСЛАВИЕТО КАТОЛИЦИЗМОТ ПРОТЕСТАНТИЗМОТ СО КУПИШТА ПАРОЛИ И БОМБАСТИЧНИ НАЗИВИ ЗЛОНАМЕРНО ЈА ИСКРИВУВААТ ВИСТИНАТА ОД ТОА ШТО НАПИСМЕНО СТОИ ЗАПИШАНО



Јован: 5:30 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.
6:38 зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил.
6:39 А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сè што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден.


КАДЕ Е ТУКА ЕДНАКВОСТА ?
АКО СО НЕКОГО СУМ ЕДНАКОВ ВО СЕ И АКО НА ТОЈ ДРУГИОТ МУ ЧАКНЕ НА ПАМЕТ ДЕКАТРЕБА НЕКОЈ ДА ОДИ НА ЗЕМЈАТА ДА ГО ПЛУКААТ КАМШИКУВААТ , УБИВААТ И МИ НАРЕДИ ЈАС ДА ОДАМ ..НЕЛИ ПА АКО СМЕ ЕДНАКВИ ЗАРЕМ НЕМАДА МУ РЕЧАМ ДА НЕ СЕ ЗАНЕСУВА ТУКУ ШТОМ МУ ПАДНАЛА ТАКВА ИДЕА НА ПАМЕТ НЕКА ИДЕ ТОЈ ДА СИ ЈА РЕАЛИЗИРА

измислуваат луѓето :toe:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Овде е еднаквоста...
Отк. 22:13, "Јас Сум Алфа и Омега, и ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот."
Ќе го прашаш на крајот оти така ја реализирал идеата...и како тоа му паднало на памет..
 
A

ateist

Гостин
А дали е Отецот таков?
Евреите:
13:20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус,

БОГ НА МИРОТ ГО ОЖИВЕАЛ ИСУС ОТИ ОВОЈ САМ СЕБЕ НЕМОЖЕЛ ОТИ УМРЕЛ НЕЛИ !
ШТО САМО ПО СЕБЕ КАЖУВА ДЕКА НЕ БИЛ БЕСМРТЕН И НЕМАЛ ТАКВА МОЌ ДА СЕ ОЖИВЕЕ САМИОТ СЕБЕ .

НО !

ЈА ВОСКРЕСНАЛ ЛИЧНОСТА ИСУС ХРИСТОС А БИОЛОШКИОТ ЧОВЕК ПРОРОКОТ ЕМАНУИЛ КОЈ ЈА ОФОРМИЛ - ОТЕЛОТВОРИЛ БЕСМРТНАТА ЛИЧНОСТ ИСУС ХРИСТОС .....Е НЕГО ГО ПАПАЛЕ ЦРВКИКИТЕ :toe:

Овде е еднаквоста...

Ќе го прашаш на крајот оти така ја реализирал идеата...и како тоа му паднало на памет..
тоа што си го цитирал е извадено из рукава
објасни го цитатот !
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
тоа што си го цитирал е извадено из рукава
објасни го цитатот !
Тоа што сум го цитирал..е дел од Откоровението...каде Исус вели дека ќе им суди на народите..негов ќе биде судскиот престол...мислиш ли сеуште дека е нееднаков..оти вели ...
Мене ќе Ми се поклони секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.”
Галиба(по струмички) ќе да е Бог...оти Негово е Царството
 

Kajgana Shop

На врв Bottom