Исто и за ова си се фатил како слеп за стап, иако некој и нас овде би можел да ни каже (и ни кажува) дека некогаш одамна не сме имале голема национална самосвест - и сето тоа само затоа што интересите на големите сили им се поклопиле први пред нас да направат држави. Така и ти за Палестинците. Можеш да не ги сакаш, не ги сакам ни јас впрочем. Ама не сум нечесен да им одземам право на самоопределување пред се, а после не сум нечесен и да ги игнорирам сите генетски, лингвистички, и историјски податоци дека тој
народ навистина е во групата на Семитите ама не се Арапи. Без разлика што можеш да покажеш анекдотален пример дека некој од Палестина се нарекувал Арап. Исто како што некој во Македонија се нарекувал и се нарекува Бугар - а не е Бугар. Како што во Македонија некои се нарекуваат Албанци - иако се Македонци само затоа што ја делат религијата а ние останатите Македонци немаме три чисти да ги поставиме работите како што треба меѓу нас самите.
Во Македонија Македонците биле потчинети и кај што дошла Егзархијата почнале да се нарекуваат Бугари. На тоа голем дел од нашите предци се противеле ама добар дел и се препуштиле на тоа и станале Бугари. Е сега разлика е што Арапите од Палестина биле повластена нација во Отоманската Империја, биле дел од отоманската администрација, имале Бегови, Везири, Генерали, офицери и така натаму, Имале феудални имоти исто како што имале Качачките бегови, Курдските Бегови и Турските бегови, во голем дел од постоењето на Турската империја (ако не и во цело време) пишувале на свој мајчин јазик и се образовале на свој Мајчин јазик. Имале писатели кои слободно се изразувале, имале поети кои слободно се изразувале и така натаму.
Ајде најди барем еден анегдотален пример на некој писател, поет, каде што Арапите од Палестина се самонарекуваат Палестинци. Или еве најди пример од Турски попис каде што има графа Палестинец. Или еве најди под Британски мандат некој спис каде што тие самите се осеќаат како Палестинци или еве најди спис од Амин Ал Хусеини дека тој самиот се осеќал како Палестинец. Кај што рекол, ние палестинците, јас палестинецот и така натаму. Единствено Палестина можеш да ја чуеш во првата влада во егзил на Амин Ал Хусеини влада на цела Палестина.
Нема натписи Палестина на Палестинците, како што има Македонија на Македонците, ама има Палестина на Арапите.
Палестина и од самите водачи на тој народ се користи само во контекст на топонимија и толку. Самиот збор Палестинец не е нативен, туку има грчки (а можеби и македонски) корен, кој ја означувал територијата. Зошто и како некој народ би се нарекувал со назив кој потекнува од друг јазик. Како сега Германците да почнат да се самонарекуваат Немци.