Конфликтот во Сирија

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.169
Поени од реакции
25.901
И овој е неспособен, го држат нафтените бизниси и американските волци околу него... Саудијците се како надуван балон, не вредат 5 пари.... А дали ќе се снајде или не, тоа зависи колку ќе се вложат за него Американците. Ако не е тој добар, сигурно ќе му се најде згодна замена...
Да, ама со таа разлика што стариот сеуште има домашен авторитет како член од седумката на Судаири.
https://en.wikipedia.org/wiki/Sudairi_Seven
Работата се комплицира по неговата смрт. Пред син му да ја направи хајката престолонаследник беше овој
https://en.wikipedia.org/wiki/Muhammad_bin_Nayef
А па татко на изиграниот престолонаследник беше овој
https://en.wikipedia.org/wiki/Nayef_bin_Abdul-Aziz_Al_Saud

што и самиот беше дел од седумката на Судаири. Кај Саудијците уште се негува традиционалноста и возраста како и воспоставените врски и пипци. Ти текнува како Готи не сакаше да го скине Пол Кастелано дур не умре Нил Делакроче?
Плус колку и да беше неспособен стариот, не правеше нагли и глупи потези. Овој направи и такви и такви за многу кратко време како заменик султан. Можам да замислам како крал што се нема да му текне. Американците ме изненадуваат со пасивноста во последно време. Да се надеваме дека ќе им потрае :D

Ердоан е ученик на Гулбедин Хекматијар, основач на Хезби Ислами движењето и еден од основачите на исламистичката интернационала во денешна смисла на зборот. Така да, јас не гаам илузии за Ердо и неговата способност да игра со орките.... Меѓутоа Ердоган се покажа како доста прагматичен играч и верувам дека исламизмот не го смета ништо повеќе од обичен инструмент, како што на пример го сметале Селџуците, Османите и Мамелуците... Мене за него и неговото размислување многу ми зборат 16 војници на гардата во неговата палата и мене не ми личи Ердо на забеган по религијата, туку на сериозно опасен пан-турцист (не пан-османлист има огромна разлика).

Така да, кај него е доста поопасно тоа што се крчка у позадина, одколку тоа што се гледа ачик.
Да и токму таа прагматичност, адаптибилност и снаодливост му носат успех. Добро знае да процени ситуација и да се постави соодветно. Ќе употреби и пантурцизам и панисламизам ако треба ќе ги употреби и брковите ако се обраќа на овие https://en.wikipedia.org/wiki/American_Mustache_Institute. На Македонците ќе им вика-За нас вие сте Македонија, ние први ве признавме, ве поддржуваме во спорот со Грците, на орките во Македонија ќе им вика дека минарињата се нашите касарни и ќе спознорира разноразни НГО-а со позадински вахабистички мотивни заради кои нашите орки го сакаат како Тито http://religija.mk/redzepi-do-erdogan-muslimanite-vo-makedonija-se-na-vasha-strana/. Во Азербејџан е Турчин, во Палестина и Египет асли сунит (не фејкер како Сиси), кај Ујгурите во Кина и двете, дома и во Сирија е против Курдите, во Ирак е ујдисан со Барзани. Можеме да не го сакаме, ама за себе и за своите е успешен политичар.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.529
Поени од реакции
18.445
Ја познава ли некој ситуацијата во Ирак после изборите? За Муктада ал-Садр, шиитски клерик, читам спротивставени податоци, некаде дека е силно проирански, а на друго место дека е антиирански ориентиран. Што би значела новата ситуација, за Влада ќе почекаме, во однос на ионака комплицираната ситуација на БИ?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

[DOUBLEPOST=1526423802][/DOUBLEPOST]Турција во знак на протест против случувањата со Палестина што ги испровоцира инаугурацијата на амбасадата на САД во Ерусалим ги повлече своите амбасадори од Израел. Пред 70 години во 1948 се случува она шо е познато во арапскиот свет како Накба (Nakba) етничкото чистење на Палестина.Чудна коинциденција ако воопшто може така да се нарече аналогно на моменталните случувања на местото на злосторот.

За време на британскиот мандат во Палестина се овозможува населување на земјата а воедно и енормно купување/отуѓување на земјиштето од страна на доселеници при формирањето на денешен Израел. Тогаш она шо почна со етничко чистење и крвопролеавање во Палестина трае и денес, може да се каже со благо смален интензитет.

Една паралела, токму истата година во тогашна Егејска Македонија а денешна Северна Грција, извршен е геноцид врз тамошното словенско население, етничко чистење на земјата, за денес токму после 70 години да се доврши со она шо остана од македонштината.

Продажба/оттуѓување на земјиште, геноцид, етничко чистење за редефинирање не само на етничкиот состав туку и на самата територија, шаблон на делување шо може да се смета слободно за своерачен потпис.
Потполно истото применето неодамна во Косово и Западна Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2017
Мислења
236
Поени од реакции
246
И секогаш енглези ѕиркаат зад тие геноциди.Еве сега енглескињава доаѓа и овде да ни каже дека од утре не нема.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257

[DOUBLEPOST=1526423802][/DOUBLEPOST]Турција во знак на протест против случувањата со Палестина што ги испровоцира инаугурацијата на амбасадата на САД во Ерусалим ги повлече своите амбасадори од Израел. Пред 70 години во 1948 се случува она шо е познато во арапскиот свет како Накба (Nakba) етничкото чистење на Палестина.Чудна коинциденција ако воопшто може така да се нарече аналогно на моменталните случувања на местото на злосторот.

За време на британскиот мандат во Палестина се овозможува населување на земјата а воедно и енормно купување/отуѓување на земјиштето од страна на доселеници при формирањето на денешен Израел. Тогаш она шо почна со етничко чистење и крвопролеавање во Палестина трае и денес, може да се каже со благо смален интензитет.

Една паралела, токму истата година во тогашна Егејска Македонија а денешна Северна Грција, извршен е геноцид врз тамошното словенско население, етничко чистење на земјата, за денес токму после 70 години да се доврши со она шо остана од македонштината.

Продажба/оттуѓување на земјиште, геноцид, етничко чистење за редефинирање не само на етничкиот состав туку и на самата територија, шаблон на делување шо може да се смета слободно за своерачен потпис.
Потполно истото применето неодамна во Косово и Западна Македонија.
Палестина има речиси иста или слична судбина како и Македонија. Судбината на Палестинците е слична на онаа на Македонците. Војните и воените конфликти си го чинат своето.
Уште потешко е кога судбината ти ја кројат „големите“, кога некој се договара како да те подели како народ, да те откорни од родното огниште, затоа што, ете, некој имал поголемо право од твоето, та твоето не било твое туку на друг... Како да нема подеднакво место под сонцето за сите народи на оваа планета. Дел од Македонија и дел од македонскиот народ се стекна со држава под привремено име, дел од државите не признаваат под уставното име, други ни го оспоруваат името, трети ни ја оспоруваат македонштината, не оспоруваат како Македонци, ни го оспоруваат јазикот.
Во Палестина, со години трае борба за опстојба, борба за палестинска држава, за признавање на Палестинците како народ. Палестинците, прогонети по светот велат дека најголем непријател на Палестина е израелската политика а не самите Евреи. Непријатели им се и дел од големите сили, шнајдерите на судбината на малите народи. Со години не им признаваа право да имаат своја држава та мораа да се борат со години, со децении. Да се борат нивните родни огништа да бидат нивни. Во последно време и внатрешните судири им станаа потешка болка од онаа вековната: во појасот Газа се води крвава војна меѓу спротивставените палестински движења Хамас и Фатах.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.120
Поени од реакции
12.702

Споредбата ти држи вода колку што има траги од ланскиот снег низ Македонија.

За почеток, никој на нас Македонците не ни понудил после Втората Светска Војна формирање на независна македонска држава, за разлика од Палестинците на кои во втората половина на 1940-те години им беше понудено формирање на независна палестинска држава, но истовремено и формирање на независна израелска држава, така што Ерусалим би бил под меѓународна управа.

Ерусалимскиот муфтија Мохамед Амин ал Хусеини, кој и самиот бил во добри односи со Адолф Хитлер и Нацистичка Германија, своевремено планирал Холокауст на Евреите на блискиот исток откако нацистите ќе победат во Втората Светска Војна, дури и почнал со подготвување на списоци со имиња на Евреите кои живееле во Ерусалим и на територијата на британскиот палестински мандат. За негова несреќа, а за среќа на човештвото, Хитлер и нацистите се поразени во Втората Светска Војна, па Холокаустот на блискиот исток никогаш не станува реалност, а ал Хусеини одбива да го прифати планот на Организацијата на Обединетите Нации, кој опфаќа формирање на независна палестинска држава паралелно со формирањето на независна израелска држава.

Останатото е веќе позната историја, Палестинците до денешен ден се колнат во денот кога ќе ги истераат Евреите во морето, а Израел секогаш возвраќа со воена агресија, од сосема оправдани причини - не можеш да преговараш за мирна коегзистенција со луѓе кои се колнат во твоето истребување.

За споредба, на Македонците во Егејска Македонија никогаш не им била понудена ниту автономија, ниту политички и граѓански слободи и права во Гејлада, туку бомбардирање со напалм.

Палестинците од друга страна, дури и откако го одбиле планот на Организацијата на Обединетите Нации за формирање на независна палестинска држава паралелно со формирањето на независна израелска држава, сепак не биле предмет на масовни бомбардирања и на егзодус, за разлика од Македонците во Егејска Македонија. Воените дејствија кои подоцна следувале не се резултат ниту на планот на ООН, ниту на формирањето на Израел, туку се` резултат на политиките кои ги воделе - а и` до денешен ден ги водат, ако не директно, тогаш индиректно - државите членки на Арапската Лига. Војната од 1948 и 1949 година не ја започна Израел, но мораше да ја заврши Израел за да може да продолжи да постои.

Секако дека тоа воопшто не ги оправдува воените дејствија на Израел на територијата на Сирија, но споредбата на Македонците и Палестинците не држи ни малку вода, повеќе држи вода споредбата на Македонците и Курдите - разликата е во тоа што Македонците беа опфатени од Втората Светска Војна и за своја среќа се` бореа на победничката страна, додека Курдите до денешен ден се` третирани и искористувани како топовско месо, а и ние Македонците не сме многу далеку од нив со оглед на фактот дека живееме во анти-македонска држава која е управувана од западот и неговите рамковнистички вазали во Фиромистан.
 
Независна Држава Македонија

Независна Држава Македонија е неостварен политички проект заснован врз идејната замисла на пост-револуционерно ВМРО за создавање на Независна Македонија. Обидот за реализација бил извршен од Ванчо Михајлов кој пред крајот на Втората светска војна, со поддршка од Германците, дошол во Скопје на 5 септември 1944, со задача да формира квислиншка македонска држава, но не нашол поддршка и се откажал.
 
Циодупелижец, значи сасвим ок и оправдано е тоа што го прави Израел? После немој да кукаш за плавите жолтици и рамковните, зашто ние сме среќни во споредба со тоа што го живеат просечните невини Палестинци.
 
Да де, исто како и Независна Држава Хрватска, која беше формирана во 1941 година и видовме како заврши - како и секоја друга држава формирана од страна на Нацистичка Германија за да опстојува единствено како нацистичка марионетска држава, си заврши во пепелта на историјата.

Циодупелижец, значи сасвим ок и оправдано е тоа што го прави Израел? После немој да кукаш за плавите жолтици и рамковните, зашто ние сме среќни во споредба со тоа што го живеат просечните невини Палестинци.
Просечните невини Палестинци ?

Мислиш на оние кои до денешен ден се колнат во уништувањето на Израел и фрлањето на Евреите во морето, тие се просечните невини Палестинци ?

Јас го поддржувам правото на Израел да постои и го поддржувам правото на Израел да се брани себеси од сите свои непријатели - и домашни и надворешни.

Не ги поддржувам, ниту планирам да ги поддржувам воените дејствија на Израел врз територијата на Сирија или врз било која друга туѓа територија од каде што Израел не бил нападнат или испровоциран за да реагира со воена агресија, и никогаш нема да поддржам такви дејствија од страна на Израел.

А ако Израел стои позади плавите жолтици и рамковнистите, повели објави ги во соодветна тема доказите со кои располагаш за да го поткрепеш таквото тврдење од твоја страна.

Мене колку што ме служи помнењето, САД во 2001 година во Македонија го испрати Џејмс Пердју, а ЕУ го испрати Франсоа Леотар во Македонија во 2001 година за да ни помогнат да договориме и да потпишеме примирје со рамковнистичките злосторници, не помнам Израел да учествувал на било каков начин во тој злосторнички процес.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Нешто ко у Арачиново
Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани
Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека
автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија,
подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

Уште да напишеа кој ги обезбедил автобусите, но претпоставувам веќе го знаете тоа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.495
Поени од реакции
18.518

Русите ја спроведуваат таа стратегија и е многу паметно нешто тоа што го прават.

Впрочем поголем дел од битките така завршија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426

Sun Tzu... Секогаш остави му на непријателот простор да се повлече, така го избегнуваш фанатизмот...
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.325
Поени од реакции
1.871
Јамрук е ослободен, дали е уреду да правиш договор со терористи е друга работа, но сите во светот го прават.
Сите внатрешни енклави во Сирија се ослободени по овој начин, не преку класична војна победа, уништување на противникот или безусловна капитулација.
Основна цел на тоа е да ослободиш територија со помалку жртви, а во перспектива психолошки да дејствува и на останатите умерени и неумерени терористи да постапат по истиот начин. Конкретно во град Дума и камп Јаммрук сириската армија има дадено највеќе жртви на површина ослободена територија, градска месност е со високоградба згради плус 4-5 години копање тунели. Ако сакаш да ги победиш по класичен начин, артилерија и авијација нема да помогне многу, треба само пешадија да ослободува зграда по зграда, но при таква подземна инфраструктура ќе треба да дадеш екстра повеќе жртви, за 1000 ИСИС 2-3 илјади твој.
Никаква споредба со Арачиново не може да има, кај нас беше договор од страна на непријателот САД и ОНА со основна цел да се евакуираат американските инструктори, и беше целосно во нивна корист, Арачиново е ниско градба и немаа време да ги ископаат тунелите, со класична артилерија и пешадија, за не повеќе од недела дена ќе беше ослободено, со малку жртви од наша страна. Но дојдоа газдите на ОНА, САД, НАТО, ЕУ и му кажаа на Трајковски, ќе ве бомбардираме како Србија и Косово, и попот немаше муда да не прифати.
Така да договорот за Јамрук е по иницијатива и во корист на сириската држава, башка не ги преместија во ИДЛИБ а во пустината кај Деер е Зор, каде имаат само 5-6 села и во перспектива ќе бидат многу лесна цел, евентуално да има и план на САД да направат пробив до курдската територија и таму да учествуват во новиот американско-курдски-ИСИС халифат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.495
Поени од реакции
18.518
Sun Tzu... Секогаш остави му на непријателот простор да се повлече, така го избегнуваш фанатизмот...
Не само тоа туку и намалуваш жртви во своите редови и намалуваш уништување на инфраструктура која и така е сириска и сиријциве ќе треба да ја обновуваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom