Вадиш од контекст, не знам дали тоа го правиш свесно, меѓутоа никаде не напишав дека САД и Русија се ЕДИНСТВЕНИ центри на моќ, напротив, напишав во истиот тој конткест ТРАДИЦИОНАЛНИ, што ако читаш внимателно, тоа никако не води до констатција која е противречна со претходно изнесеното, слегов и скалило пониско на регионални центри на моќ, што води кон тоа дека светот е мултиполарен.
Ако веќе одиме со семантика и ја загадуваме безпотребно темата, се што не е уни може да се смета мултиполарно.
Не е извадено од контекст, велиш дека САД и Русија се центри на моќ околу кои гравитираат другите, за потоа да речиш дека постојат регионални центри на моќ.
Првото е контрадикторно со второто. Единствен исклучок би бил Израел за некое време.
Јас се согласувам со второто, со таа разлика што моќта на регионалните сили е недоволна за да речиме дека постои мултиполарност. Главниот збор го имаат и ќе продолжат да го имаат САД и Русија, а помалите ќе продолжат да се борат за зголемување на нивната моќ.
Патем речено, набавката на С400 како систем кој освен ставање во оперативна употреба и рутинско одржување, не нуди повеќе, не може да се баш стратешка предност, повеќе од тактичка но не баш стратешка, ако во пакет со тоа има делумно ако не целосно трансфер на технологија е веќе нешто посериозно.
Како тоа S-400 не може да биде стратешки посед?
Еве да речиме Русите да сместат неколку батерии на S-400 во Србија. Целата воена стратегија на НАТО за неговото јужно крило во Европа ќе се смени комплетно. Русите со таков потег би имале комплетен увид во движењата на НАТО на Балканот, што НАТО ќе мора комплетно да смени како функционира на Балканот и да стави во употреба офанзивни оружја за да ја неутрализира заканата.
Патем, S-400 може да се користи во офанзивни цели имајќи предвид дометот на системот. Едноставно, со домет од 200-400 километри може буквално да ги соборува непријателските авиони уште над аеродромите од каде полетуваат.
Битно Франција ги правела за Русите, дали тоа значи влијание на Франција врз Русија ... дали тоа значи Русија се дибеци во технологија и во производство
Е сега има догов... ова мистрали Русија или не?
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
И да, Русија го правеше тоа од позиција на моќ.
Финансискиот и воен центар е САД, сите други топ 10 земји да се здружат немаат носачи ни нуклеарки како САД, 90% од нивните интереси мора да одговараат на интересите на САД, а ако не е така, лесно им се случуваат немири револуции и директни интервенции.
Русија без задолжување одма ќе крахираат, ММФ ти кажав милијарди потроши за да ја зачува руската економија и пак не успеа. Да биле непријатели како што викаш ти, ќе триеа раце и ќе ја расчеречеа.
А дека се фудбалска топка, видовме, гледаме а и ќе гледаме и понатака. Не знам чии авиони и хелихоптери беа уништени
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
, Сирија цела да не е ... во тој регион допрва почнуваат воените игри
Финансискиот центар е лесна мета. 2-3 бомби и се распаѓа како кула од карти.
Воената моќ е сосем друго. Патем, воената моќ на САД е слична со воената моќ на Русија од аспект на меѓусебно соперништво. Не постои воено помоќна страна, дури и ако ги исклучиме нуклеарните оружја.
Регионалните војни се комплетно друга работа.
Ирак и Либија имаа противвоздушни одбранбени системи, ама ниту еден не се активираше кога САД бомбардираа ...
Империите се раѓаат, достигнуваат зенит и после умираат. Така било, така е и така ќе биде поради : passions of man never change.
Да си ми здрав и среќен до 2032 па побарај ме за Кина да частиш, никогаш не вели никогаш
Ни Ирак, ни Либија имаа солидни ПВО системи. Ирак имаше некоја верзија на S-200 во 1990, ги направи партал Американските авиони се додека не беше уништена со помош на инфилтрирани трупи врз Ирак. Оттогаш наваму ниедна земја што била нападната немала солидна ПВО. S-X00 системите особено поновите се многу способни одбрани, не за џабе САД ги молеа Русите да не им продаваат S-300 на Иран. До ден денес не знам дали Иран го доби.
Кина е како Јапонија во 70тите. Голем подем, огромен човечки потенцијал, втора економија, но никогаш не стана фактор. А Кинезите уште купуваат оружје. Далеку се од она што се Русија и САД денес.