Конфликтот во Сирија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.541
Поени од реакции
33.684
@JETKUNDO Курдите се народ со понесреќна судбина дури и од нашата, македонската.

Ги има не само во Турција, туку и во Сирија, Ирак, Иран, Ерменија, Азербејџан... и воопшто насекаде низ регионот. Голем народ се, ама без држава - а ги има барем триесет и кусур милиони. Се борат за своја држава, а медиумски најекспонирани се турските Курди па затоа за нив најмногу слушаш.

Прочитај, посебно делот за генетиката и историјата:
https://en.wikipedia.org/wiki/History_of_the_Kurds
https://en.wikipedia.org/wiki/Kurds
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Може ли некој да ми објасни што се Курдите ? со кого се,против кого се ? како што знам се муслимани,но гледам жестоко се напаѓаат со Турците...знам дека се неколку милиона во Турција и дека бараат нивна држава во Турција или поголема автономност...?
Наjголемиот кошмар за Турциja e автономност на курдите во Сириja и Ирак.
Во Ирак веке получиха автономност, во Сириja - Башар ал Асад им даде автономност като започнаха боевете.
Курдите се биjaт генерално против Турциja и ИД.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Може ли некој да ми објасни што се Курдите ? со кого се,против кого се ? како што знам се муслимани,но гледам жестоко се напаѓаат со Турците...
Курдите прво жестоко ги напагаа христијаните, како геноцидни сојузници на турците в Осм. империја. А кога масакрираха стотици илјади ерменци, асиријци и др., вкл. балкански христијани, веке не ги сакаа турците, а си сакат својот "етнически", ethnically cleansed Курдистан.

Види ги напр. мемоарите на прилепчанинот Георги Ачков, - од Битолја во 1903 г. заминали 323 заточеници во Диарбекир, од Кичевско, Прилепско, Битолско и т.н., а во 1904 г. се вратили 202. - 121 загинале, главно убити по жесток начин од курдите:

*******************
Овде (во гр. Халеп/Алепо) се задржавме два дена во централниот затвор и на третиот ден ни упатија за гр. Урфа, како кордонот ни од војници беше не Арапи, а Курди кои држат рекорд пред сите крволоци.

Уште не излегле од градот, тие извадија јатагани, земаха од нас 5 лица надолу во една јама, блиска до патот, и ги посекоха нај безмилосно. Патувањето трае 6 деноноќија, за кое време бидоха посечени од курдски јатагани 21 заточеници.

... Кога се отвори вратата на говедарника, ние откривме дека се наоѓаме веќе во гр. Урфа, каде почина од нанесеното му тепање 20 годишниот Миле Наумчев од с. Вранче, Прилепско. Градот Урфа се наоѓа среде Курдистан - историско место каде биле исклани 1500 Ерменци во манастирот "Св. Наум "до градот за време на ерменското востание.

... На патот (за Береджик) умреха: 4 луѓе преуморни и 7 лица посечени од Курдите. Еден од посечените на име Наумче Грозданов од с. Вранче, Прилепско, заклан од кон вратот и недоклан, пуштен во една рекичка, се опоравува и вечерта се врати во групата, со завој. Тој живееше 1 1/2 месец и почина.

Во гр. Береджик се задржавме 2 дена и на третиот ден ни упатија за Мишмиш-Хан, кој е на 200 клм. од градот. Урбаната курдска сган ни испрати со стапови и камења, а кога излегнавме од градот, конвоираштите ни Курди - војници го продолжија своето кр'волочно беснило. Двајца од тие војници го врзаа за рацете затвореникот свештеник Бјулбјул Чутуров, наметнаха му друго јаже околу вратот и го врзаа за опашката на еден арапски коњ. јавачот на коњот Курд одјава коњот со горбачот си, свештеникот мораше да го следи, но како потрча 200-300 чекори, му се разнесе мозокот на овој несрекен маченик и се испружи мртав на земјата и така долго беше влечен од коњот. Не стигнува тоа, Курдите му ја отсекоа брадата заедно со кожата и ја врзаа за опашот на коњот.

По 5-дневно патување стигнавме во Мишмиш-Хан, и изгубивме уште 9 лица: една редица од 5 лица, која си дозволила да се отстрани од групата, за да отиде по потреба, беше застрелана, а 4 лица по единечно бидоа прободени со бајонет. Во Мишмиш-Хан се задржавме 1 ден и на другиот ден бевме упатени за гратчето Суверик, на 100 клм. од анот. Патувавме 2 деноноќија, за кое време беа претепани со камења од локалното население, поттикнати од конвоираштите ни војници, 3 лица. На ова население му пренесувале, дека ние сме заробеници - москов гјаур фатени во заробеништво од големиот цар на царевите - Султанот.
*******************
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
50 американски шпиони тврдат дека
извештаите за ИСИС биле лажирани

Група од 50 американски разузнавачи вработени во централната команда на американската војска
во официјално писмо се пожалиле дека нивните шефови ги лажирале податоците
во извештајот за Исламска држава, дознава Дејли бист.

Имено, воените разузнавачи тврдат дека нивните претпоставени го измениле извештајот за да изгледа дека Исламска држава е послаба отколку што навистина е. Извештајот бил лажиран за да сугерира дека САД победуваат во војната против ИСИС и Ал нусра, огранокот на Ал каеда во Сирија, иако разузнавачите ги негираат тие тврдења.

Овие обвиненија за Дејли бист ги потврдиле 11 разузнавачи што работеле на извештајот и кои инсистирале да останат анонимни. Тие тврдат дека станува збор за системско лажирање на податоците кое траело подолго време, а сѐ со цел навидум да се намали опасноста од радикалните исламисти во Сирија и Ирак.

Според нив, извештаите се лажираат за да бидат во склад со официјалната политика на администрацијата на Барак Обама, која ги уверува американската и светската јавност дека има видлив напредок во борбата против ИСИС и Ал каеда, што според разузнавачите не е ни одблиску точно.


Координаторот на САД за борба против ИД не исклучува конфронтација со Русија во Сирија
11 септември 2015 г. Взгљад

Генералот во пензија Џон Ален, назначен за координатор за соработка на САД со други земји во борбата против „Исламската држава“, смета дека на територијата на Сирија може да се случи конфронтација меѓу руските војници и коалицијата што ја предводи Вашингтон.

Притоа генералот призна дека почетната етапа на подготовката на борците на сириската опозиција што ја реализира Пентагон, кои, според замислата на Вашингтон, треба да го сочинуваат костурот на вооружените формации за борба со одредите на ИД, „се покажа неуспешна“. САД имаа намера да обучат 12 илјади борци на сириската опозиција и за тоа да потрошат 500 милиони долари. Меѓутоа, според информациите на „Си-Ен-Ен“, американската обука ја поминале само 54 лица. Најголемиот дел од нив по обуката или биле заробени, или избегале од реоните на борбените дејствија.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.431
Поени од реакции
87.095
Русија влезе во Сирија, и одма почнаа Американциве да квичат... маме им ебам терористичко
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Курдите прво жестоко ги напагаа христијаните, како геноцидни сојузници на турците в Осм. империја. А кога масакрираха стотици илјади ерменци, асиријци и др., вкл. балкански христијани, веке не ги сакаа турците, а си сакат својот "етнически", ethnically cleansed Курдистан.

Види ги напр. мемоарите на прилепчанинот Георги Ачков, - од Битолја во 1903 г. заминали 323 заточеници во Диарбекир, од Кичевско, Прилепско, Битолско и т.н., а во 1904 г. се вратили 202. - 121 загинале, главно убити по жесток начин од курдите:

*******************
Овде (во гр. Халеп/Алепо) се задржавме два дена во централниот затвор и на третиот ден ни упатија за гр. Урфа, како кордонот ни од војници беше не Арапи, а Курди кои држат рекорд пред сите крволоци.

Уште не излегле од градот, тие извадија јатагани, земаха од нас 5 лица надолу во една јама, блиска до патот, и ги посекоха нај безмилосно. Патувањето трае 6 деноноќија, за кое време бидоха посечени од курдски јатагани 21 заточеници.

... Кога се отвори вратата на говедарника, ние откривме дека се наоѓаме веќе во гр. Урфа, каде почина од нанесеното му тепање 20 годишниот Миле Наумчев од с. Вранче, Прилепско. Градот Урфа се наоѓа среде Курдистан - историско место каде биле исклани 1500 Ерменци во манастирот "Св. Наум "до градот за време на ерменското востание.

... На патот (за Береджик) умреха: 4 луѓе преуморни и 7 лица посечени од Курдите. Еден од посечените на име Наумче Грозданов од с. Вранче, Прилепско, заклан од кон вратот и недоклан, пуштен во една рекичка, се опоравува и вечерта се врати во групата, со завој. Тој живееше 1 1/2 месец и почина.

Во гр. Береджик се задржавме 2 дена и на третиот ден ни упатија за Мишмиш-Хан, кој е на 200 клм. од градот. Урбаната курдска сган ни испрати со стапови и камења, а кога излегнавме од градот, конвоираштите ни Курди - војници го продолжија своето кр'волочно беснило. Двајца од тие војници го врзаа за рацете затвореникот свештеник Бјулбјул Чутуров, наметнаха му друго јаже околу вратот и го врзаа за опашката на еден арапски коњ. јавачот на коњот Курд одјава коњот со горбачот си, свештеникот мораше да го следи, но како потрча 200-300 чекори, му се разнесе мозокот на овој несрекен маченик и се испружи мртав на земјата и така долго беше влечен од коњот. Не стигнува тоа, Курдите му ја отсекоа брадата заедно со кожата и ја врзаа за опашот на коњот.

По 5-дневно патување стигнавме во Мишмиш-Хан, и изгубивме уште 9 лица: една редица од 5 лица, која си дозволила да се отстрани од групата, за да отиде по потреба, беше застрелана, а 4 лица по единечно бидоа прободени со бајонет. Во Мишмиш-Хан се задржавме 1 ден и на другиот ден бевме упатени за гратчето Суверик, на 100 клм. од анот. Патувавме 2 деноноќија, за кое време беа претепани со камења од локалното население, поттикнати од конвоираштите ни војници, 3 лица. На ова население му пренесувале, дека ние сме заробеници - москов гјаур фатени во заробеништво од големиот цар на царевите - Султанот.
*******************
Имам доста пријатели Ерменци, на кои Турците им се заколнати непријатели од големиот геноцид на Ерменците во 1915, но напоменуваат дека Курдите биле главните егзекутори (иако се сроден народ) и дека на многу места кај што во денешно време живеат Курди во Турција, тоа биле стари Ерменски населби. Ерменците и покрај тој геноцид, денеска имаат држава, Курдите сеуште не.
Karma is a bitch.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.424
Поени од реакции
17.745
Чинам дека германскиот министер за надворешни работи, Штајнмаер даде таква изјава и повика на заедничко решавање на сирискиот проблем.

Фали уште да ги прозива САД, Австралија, заливските монархии, од пред некој ден и Франција, да се воздржат од дејствување на своја глава во Сирија и би бил чесен и искрен во изјавите.

Сепак, на повидок е приближување на ставовите на Германија и Русија во однос на Сирија, а тоа е добро без сомневање. Ако ништо повеќе, тоа е признание дека Сирија е проблем кој ја тангира и Европа и таа има право и е должна да се приклучи во процесот. Но не може да се игнорира еден многу важен момент во антагонистичкиот пристап на САД во однос на Русија по прашањето на учеството на Башар ал Асад во евентуалната идна власт.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.541
Поени од реакции
33.684
Не се секирајте. Саудијска Арабија можеби не прими ниту еден сириски бегалец (од цивилната воја која тие ја подбуцнаа и финансираа), но тие сепак многу се грижат за бегалците и несебично ќе им изградат барем 200 џамии во неверничката Европа:

http://www.frontpagemag.com/point/260080/saudi-arabia-offers-build-200-mosques-syrians-daniel-greenfield#.VfDjKJD8JpA.facebook
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Чудно оружје, првпат гледам. Според натписот снимано во Сирија и е ново Руско оружје. Дали некој знае да каже што е ова?

Почиња на 12 секунда.
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
kakva vrska ima ova so temava?
Се однесуваше на постот на jamajka, згрешив што не го цитирав. Некој го употребил делот каде се пука од миниганот, го едитирал (затемнето и во лош квалитет за да не се распознаваат tracer-ите толку лесно, делуваат како ласерски сноп) и го поставил на Youtube демек се работи за некое ново супер оружје употребено од руските трупи во Сирија, што нема никаква врска. Секој што чул звук на миниган и го видел ефектот од tracer-ите ноќно време ќе знае дека не станува збор за никакво таинствено оружје, и башка местото каде што се пука се наоѓа на илјадници километри од Сирија.
inb4 ме етикетирате, не планирам да се вовлекувам во бесмислени дискусии за тоа на кој му е поголем, поентата ми беше да не наседнувате на вакви глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom