Контакт од некој колекционер на стар накит и пари ?

Член од
28 февруари 2007
Мислења
65
Поени од реакции
11
Ако некој има искуство со продавање на некои стари предмети ( накит и пари ) ве молам информирајте ме. Поздрав
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Јас собирам разни монети од цел свет, актуелни и стари (имам некои уникатни кои денес веќе неможат да се најдат), така да ако тоа се рачуна за стари пари може јас спаѓам во групава али незнам колку може да ти помогнам и што точно ти треба...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Имав порано пријател антиквар и од што се вртев во неговата продавница можам да кажам дека во подобрите случаи ги откупуваше предметите за околу третина од цената за којашто тој после ги продаше. Ама разбирливо е имајќи предвид дека секогаш постои ризик после предметот да не може да го продаде и да му стои во продавница со години. Не е дека сешто би купил, знам многумина враќаше. Ретки се луѓето во ова време кои би фрлале пари по стари предмети.

Ако насетеше дека оној што му ги нуди е очаен или пак дека нема појма што држи во рацете ги земаше и за многу многу помалку. Памтам еднаш купи колекција од марки со класер за не повеќе од 30 евра, а внатре имаше блок марка која сама по себе каталошки вредеше околу 150 евра.

Имаше некои предмети како војнички шлемови (и одредени оружја), за кои нудеше околу две третини (можеби и повеќе) од цената за која после тој ги продаваше, ама за нив знаеше дека туристите ги бараат и дека веднаш ќе ги продаде.

Подобра цена би се извадила доколку директно се продава на некој колекцинер, ама тоа е речиси MI, а и многу има замарање со проценка, со огласи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom