Конкурс за изработка на лого на МРТ

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Значи логото не е едниствениот фактор од кој зависи успешноста на фирмата, но логото придонесува во создавањето на добра репутација на фирмата.
Исто како и во фудбалот на пример, ако интер не игра добро џабе се вика интер но откако ке победи знакот на интер ке го препознаваат милиони, и тој треба да има убава и содржајна симболика. За тоа да се создаде тоа "убаво лого" треба да се пази на типографија, форма, боја, текстура и тн. Значи тоа е еден сложен процес. Не е така едноставно, отвори илустратор, шљакни некој круг со црна позадина, во него пиши МТВ со бели букви и ете ти лого....Нема да има никаква вредност логото. Тоа е поентата да има уметничка и симболична вредност, со едно сликиче треба да се опише целата компанија. За една компанија да биде успешна треба да биде сметана за сериозна од другите, и за конкурентна. Логото и амбалажата играат значајна улога во создавањето на општото мислење на купувачите, во овој случај гледачите на МТВ, за таа фирма, т.е за МТВ.
Глеј само на пример Firefox-от колку оригинално лого имаат. И загледај каква симболика има логото. Chrome исто така, после FedEx, со скриената стрелка помеѓу последните две букви (Ex) и тн. Тие сигурно не се изработени во две минути. Цели дизајнерски компании стојат позади овие логоа, и тие биле добро платени за логото. Запрашај се зошто? Зошто Apple, Nike, и мн други, па еве и логото на Супермен ке го земам за пример, се скапо платени, и се ангажирани познати дизајнери за да изработат лого, кога можеле е вака некое дете од што знам од Непал да им го изработи за 2$?

ОВА Е ШТО? И КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗРАБОТИ? НО ПРЕТСТАВУВА КВАЛИТЕТ! АКО ОВОЈ ИСТИОТ СИМБОЛ ГО СТАВИШ НА
eMachines

ќе добиеш што?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
тој ми беше и мене фаворит и сега ми е жал што не го пратив ама ај ќе видиме , можеби ќе изберат подобар :)
Мене малку 7то ме потсеува на РТС логото само тоа што има сина позадина:

но секоја чест сте се потрудиле, и не се тужакате на форумов како некои други..
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Мене малку 7то ме потсеува на РТС логото само тоа што има сина позадина:

но секоја чест сте се потрудиле, и не се тужакате на форумов како некои други..
Инспирација ни беше логото на БНТ (Бугарска Национална Телевизија) и РТС пошо имаат сличен концепт тие две логоа, македонското ќе беше еден вид микс на тие два. Еве го на БНТ кое ептен ми се свиѓа и жалам што они го употребиле :D :
 
Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
тој ми беше и мене фаворит и сега ми е жал што не го пратив ама ај ќе видиме , можеби ќе изберат подобар :)
Дај Боже да изберат подобро лого, да не ја иступат како по обичај и да стават некое малку поотепано од сегашното... :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574

ОВА Е ШТО? И КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗРАБОТИ? НО ПРЕТСТАВУВА КВАЛИТЕТ! АКО ОВОЈ ИСТИОТ СИМБОЛ ГО СТАВИШ НА
eMachines

ќе добиеш што?
Е да, вака кога го гледаш е едноставно, но оди смисли го. Ок Apple се вика компанијата па според тоа и логото би требало да има таква симболика. Но за креирање на ова лого прво треба да се разгледа историјата на apple. најпрво логото на apple се состоело од Исак Њутн како седи под дрвото, и нели над главата му паднало јаболко, па според тоа и фирмата се вика apple.

Е сега после тоа лого, доаѓа втората генерација она што ти кажав, освежување на старото лого. Втората генерација е логото во форма на јаболка со хоризонтални линии бои во форма на виножито. Тие бои имале за цел да создадат симболика на зближување на народот кон apple производите.

A одгризаниот дел бил ставен да се даде до знаење дека станува збор за јаболко, не за домат, бидејки имаат слична форма. Тоа е она што ти кажав за оригиналноста и препознатливоста.
И третата генерација на Apple лого е новото хромирано лого кое сега го имаат, а иницијаторот за неговата промена од она со виножитото во ова денес е Steve Jobs.

Steve Jobs кога дошол назад во apple во 1997ма ја затекнал фирмата во голема финансиска криза. И тој покрај другите мерки кои ги превземал за подобрување на фирмата како директор одлучил да ја промени бојата на логото бидејки сметал дека не била компактно логото со времето на производите. и затоа ангажирал дизајнер кој ке го модернизира логото.Решението било да ми се даде хромиран изглед на логото за да може подобро да се уклопува во производите бидејки старото не било повеќе соодветно за новите производи.
Замисли старото лого со виножитото да останело на MacBook на пример, вака би изгледало тоа:

Значи цела психологија стои позади ова лого. Не е така едноставно, зашљакај и ајде вози.
Логото по правило треба да е едноставно, но многу работи треба да се истражат пред да се даде конечниот изглед. И за тоа се губи време, се вложува интелект и се тоа треба да се наплати на крај. Затоа не може во 2-3 минути да се направи квалитетно лого.
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 00:40 ---
Инспирација ни беше логото на БНТ (Бугарска Национална Телевизија) и РТС пошо имаат сличен концепт тие две логоа, македонското ќе беше еден вид микс на тие два. Еве го на БНТ кое ептен ми се свиѓа и жалам што они го употребиле :D :
Е ова синово веќе ми се допаѓа, со светот во позадина и означено со world и хоризонтот кон вселената, кое дава чувство дека оваа слика е направена со поглед од сателит насочен кон земјата.
Интересно, има приказна, има некаква содржина, и тоа се бара.
Убаво изгледаат логоава, но сте требале пооригинални да бидете.
Еве јас ви ја ппишав мојата идеја, која немав време да ја остварам поради спремањто на дипломската.
Јас сакав да направам лого кое со една прекршена црна линија ке се отслика контурата на зградата мтв и внатре во контурата ке биде вметнато големо црно М, а надвор десно доле, со мали букви ке пишува тв исто со црна боја. Над контурата на зградата во позадина да има жолто сонце ос краците кое изгрева и се гледа до пола позади зградата.
Симболиката е следна:
Контурата од зградата на мтв на сите ни е позната бидејки таа зграда е највисоката зграда во скопје и е најпознатата зграда во мк. Ретко кој не ја знае да ја види на слика.
После големото М внатре во контурата јасно ке означи дека таа е национална телевизија, т.е Македонска, а тв нормално дека станува збор за телевизија.
Жолтото сонце во својот изгрев ке означува нов почеток, нови вложувања, нов напредок на телевизијата и исто така ке потсетува на нашето знаме, значи повторно потсетува дека тоа е нешто македонско.
Таа зграда сакам да ја брендирам преку логото, бидејки се истакнува над другите и е уникатна во скопје.
Кога ке најдам слободно време ке ја направам. па ке ја видите. но сега немам мотив да ја направам пошто конкурсот заврши.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
@darmon

Дали си запознаен која е симболиката на моменталното лого на МТВ? Или твое сопствено видување за истата. :)
И дали некој е запознаен со историјатот како е избрано ова лого во деведесеттите, како и логото со окото во почетокот на новиот милениум? Тоа се работи што не ги знаеме, а би било интересно да се знаат.
 
Тоа е лошото што тие работи ни мајка Јана не ги знае.....хахаха.
Јас можам да пишам што јас мислам за логото ама дали тоа е тоа, само дизајнерот си знае.
Според мене мислам дека трите триаголници( црвен, зелен и син) ги означуваат пикселите на телевизорот во боја. бидејки нели телевизорите ја даваат бојата во комбинација на овие три бои. Е сега тие косите линии над буквите мтв би требало да означуваат некаква динамика, нешто што се движи, можеби тоа е квалитетната слика која ја предава телевизијата до тв приемниците. И црните букви мтв нели се кратенките.
Толку... нема некоја којнзае колку содржајна симболика, што и не ме зачудува, бидејки во времето во кое се создало логото на мтв, не се размислувало толку за естетика и психологија на привлекување на гледачи. Се знаело во македонија кои биле телевизиите. Мтв1 Мтв2 и Мтв собраниска (мислам дека). Така да луѓето сакале нејќеле, морале таа тв да ја гледаат, и према тоа мтв не вложувала во дизајнот на логото. Но сега на све треба да се мисли ако сака да се опстане и да се биде на врвот, пошто сега има еден збор кој во поранешниот систем не бил толку важен, а тоа е КОНКУРЕНЦИЈА.
Јас мислам дека конкурсов е многу нејасен, никакви потреби не се дефинирани освен оние за димензиите на логото и форматите. Никаква рамка не е дадена, никаков материјал кон кој треба да се води дизајнерот. Што знам, сакам да верувам дека навистина најдобриот дизајн ке победи и дека се ке биде регуларно, но овие почетнички грешки во формирање на конкурсот ми влеваат сомнеж.
Мојата идеја за логото (онаа што ја опишав во претходниот пост) е она што јас го сметам за важно и привлечно, но дали ке се согласат со моето мислење основачите на конкурсот, не знам, од причина што тие не ми опишале во конкурсот кон што да се насочам. Јас тоа што тие ништо не ми кажале за нивните потреби или планови на фирмата, го интерпретирам на тој начин што сметам дека ми е дадена потполна слобода во креативноста на дизајнот на ова лого.
 
Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
А знае ли некој кога треба да го објават победникот на изборот за ново лого од конкурсот? Кога треба да се презентира?
 
"Тоа е лошото што тие работи ни мајка Јана не ги знае.....хахаха.
Јас можам да пишам што јас мислам за логото ама дали тоа е тоа, само дизајнерот си знае."
Е тука во потполност се согласувам со тебе а ова не е случај само за МТВ туку за повеќето логоа. Што не води до следниов заклучок: секој може да филозофира и да си замислува, да си поврзува, да си теоретизира колку душа му сака али дали логото го претставува тоа што он мисли дека репрезентира или што он замислил да симболизира и како тоа другите луѓе го гледаат тоа е веќе сосема друга работа.
Прашањето е како ти преку 3 букви на просечен човек гледач во конкретниот случај ќе му го доловиш сето тоа што е во твојата глава и што за тебе претставува македонската телевизија?
Одговорот е јасен: на никој не му е гајле за твоето лого ниту за тоа што ти мислиш дека треба да симболизира ниту пак некој се замара со тоа. Единствено нешто битно е какво чувство предизвикува тоа лого (симбол). Да речеме некој добил тровање од храна од Мекдоналдс и сега кога ќе го види нивното лого него му се гади. Или позитивен пример некој купил Dell лаптоп и го користел долго време без никакви проблеми па е многу задоволен од таа фирма. Кога на овој потрошувач ти ќе му понудиш неколку различни брендови на лаптоп веројатно тој ќе избере Dell.
Значи на никој не му е гајле за логоата (освен на оние кои ги прават а тие што ги прават секогаш си ја величат својата работа ко да којзнае што направиле и ко да целиот тој производ е неговото лого што нема врска со реалноста) туку само за нештата кои тие ги симболизираат!
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.642
Варијации на тема :) Не дека ќе учествувам, онака само ми даде идеја конкурсов за да го отворам фотошоп. Ако некој има желба да учествува слободно нека копира, ќе фрли 50 % од наградата :D
Varijanti.png
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
"Тоа е лошото што тие работи ни мајка Јана не ги знае.....хахаха.
Јас можам да пишам што јас мислам за логото ама дали тоа е тоа, само дизајнерот си знае."
Е тука во потполност се согласувам со тебе а ова не е случај само за МТВ туку за повеќето логоа. Што не води до следниов заклучок: секој може да филозофира и да си замислува, да си поврзува, да си теоретизира колку душа му сака али дали логото го претставува тоа што он мисли дека репрезентира или што он замислил да симболизира и како тоа другите луѓе го гледаат тоа е веќе сосема друга работа.
Прашањето е како ти преку 3 букви на просечен човек гледач во конкретниот случај ќе му го доловиш сето тоа што е во твојата глава и што за тебе претставува македонската телевизија?
Одговорот е јасен: на никој не му е гајле за твоето лого ниту за тоа што ти мислиш дека треба да симболизира ниту пак некој се замара со тоа. Единствено нешто битно е какво чувство предизвикува тоа лого (симбол). Да речеме некој добил тровање од храна од Мекдоналдс и сега кога ќе го види нивното лого него му се гади. Или позитивен пример некој купил Dell лаптоп и го користел долго време без никакви проблеми па е многу задоволен од таа фирма. Кога на овој потрошувач ти ќе му понудиш неколку различни брендови на лаптоп веројатно тој ќе избере Dell.
Значи на никој не му е гајле за логоата (освен на оние кои ги прават а тие што ги прават секогаш си ја величат својата работа ко да којзнае што направиле и ко да целиот тој производ е неговото лого што нема врска со реалноста) туку само за нештата кои тие ги симболизираат!
Јас тебе многу добро те разбирам, ти цело време си насочен кон квалитетот на производот, во случајов мтв е катастрофа производ, кога би го гледал како производ. Но бидејки тие планираат и мислам дека почнаа да го подобруваат својот производ, тие сакаат да вложат во секое поле кое ке им го подобри производот вклучувајки го и логото како симбол кој ке ја претставува фирмата мтв. Никој не вика дека логото игра значајна улога за гледаноста. Гледаноста се формира од квалитетот на програмата, но бидејки вработениот персонал сака да ја зголеми гледаноста, исто така сака и да го подобри и главниот симбол на фирмата.
Логото е и нашето знаме на пример, значи тоа не претставува нас, и треба да биде професионално изработено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom